цена на вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 10:51:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цена на вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОПМ: Сметките за струја се високи, а наплатата на вода е паушална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/#respond Wed, 30 Aug 2023 10:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=872474

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода. -Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова. Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши. -Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи. Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“. Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/feed/ 0
ЈП Водовод и канализација: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizatsija-tsenata-za-voda-vo-skopje-nema-da-se-zgolemi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizatsija-tsenata-za-voda-vo-skopje-nema-da-se-zgolemi/#respond Fri, 24 Feb 2023 15:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=804685

ЈП Водовод и канализација Скопје демантира деа ќе има зголемување на цената на водата во Скопје. „Имено во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година. Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација - Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје. Уште еднаш да потенцираме дека ЈП Водовод и канализација - Скопје не побарало зголемување на цената на водата во Скопје, ниту е тоа во план на претпријатието во тековната година“ - се наведува во демантот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizatsija-tsenata-za-voda-vo-skopje-nema-da-se-zgolemi/feed/ 0
ЈП „Водовод и канализација“ со информација за цената на вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-so-informacija-za-cenata-na-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-so-informacija-za-cenata-na-voda/#respond Thu, 25 Jan 2018 11:38:28 +0000 http://kurir.mk/?p=14915

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека почнувајќи од 01.01.2018 година тарифата на водните услуги се формира на предлог на Регулаторна комисија на РМ. -Од трите доставени предлози за корекција на цената на водните услуги (најниска, средна и највисока) од страна на Регулаторна комисија на РМ, ЈП Водовод и канализација – Скопје до Управниот одбор на претпријатието предложи да се прифати предлогот за корекција водните услуги од најниско ниво, со кој цената која се однесува на водата за пиење и трошокот за отпадните води од досегашните 29.39 денари за м3 се намалува на 28.67 ден за м3, информираат од претпријатието. Исто така ЈП Водовод и канализација – Скопје го превзема во своја надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на реките Лепенц и Треска, чие одржување на годишно ниво чини околу 100.000.000,00 денари. -За оваа ставка ЈП Водовод и канализација – Скопје до УО на Претпријатието исто така предложи да го прифати најнискиот предлог од Регулаторна комисија на РМ кој изнесува 2.04 ден. за м3. На седницата одржана на 10.01.2018, Управниот одбор ги прифати предлозите за корекција на водните услуги од страна ЈП Водовод и канализација – Скопје и овие предлози ќе бидат доставени до Советот на Град Скопје за понатамошно разгледувње и одлучување, информираат од Водовод. -Сакаме да истакнеме дека и покрај наследената превработеност на претпријатието со неквалификуван кадар и големата задолженост направена од претходното раководство, жителите на градот Скопје ќе плаќаат најниска цена за вода за пиење на територијата на Република Македонија, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-so-informacija-za-cenata-na-voda/feed/ 0