цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 18:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 РКЕ објави: Еве колку ќе поскапи парното греење од утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=894903

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени за топлинската енергија кои ќе важат од утре, 1 ноември. За најголемиот систем во Скопје (ЕСМ снабдување) цената на топлинската енергија се зголемува за 4,51 процент. Ова значи дека на сметка од 1.000 денари зголемувањето ќе биде 45 денари или како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конкретно за просечна сметка од 1.800 денари, поскапувањето ќе биде 80 денари. -Оваа одлука не ја носевме додека не добивме цврсто уверување дека ќе започне поставување на цевковод на мостот Беласица, посочи Бислимоски. Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/feed/ 0
ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ОД УТРЕ СО НОВА ЦЕНА: Денеска ќе се знае колку ќе поскапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/#respond Tue, 31 Oct 2023 06:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=894690

Новата цена на топлинската енергија во Скопје, а која ќе се применува од утре ќе биде објавена денеска. Според најавите од претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво. -Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави вчера Бислимовски во телевизиско гостување. Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Вообичаено РКЕ носи две одлуки за парното годишно, првата на почетокот на август, а втората во декември. Годинава, како што кажа Бислимоски, ќе донесат само една одлука за цената која ќе важи во текот целата година. Во Скопје има околу 60 000 корисници на топлинска енергија. Во реоните каде што има парно греење трафостаниците не се димензионирани за греење со електрична енергија поради што Бислимоски очекува да продолжи субвенционирањето на цената на греењето од страна на Владата. Со одлуката за новата цена треба да се вратат и шесте милиони евра што во јануари 2022 година ги даде Владата за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-greene-od-utre-so-nova-tsena-deneska-ke-se-znae-kolku-ke-poskapi/feed/ 0
По нападот на Хамас, нагол скок на цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/#respond Mon, 09 Oct 2023 20:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887176

Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел. Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а нејзиниот понатамошен раст ќе зависи од тоа дали ситуацијата ќе ескалира. Израел и палестинските територии не се производители на нафта, но Блискиот Исток сочинува речиси една третина од глобалното снабдување. Доколку очекуваната израелска контраофанзива на Појасот Газа доведе до дипломатска криза, земјите со мнозинско муслиманско население во областа би можеле да побараат повлекување на израелската армија. Пазарите внимателно следат како ќе се развива ситуацијата бидејќи големите производители на нафта како Саудиска Арабија би можеле да го намалат производството на сурова нафта со цел да извршат економски притисок врз земјите кои го поддржуваат Израел и да ја прекинат опсадата на Газа. Во зависност од тоа како земјите производители на нафта ќе реагираат на најавената опсада на Газа, може да настане нова нафтена криза. Уште пред ненадејниот напад на Хамас, многу аналитичари предвидуваа дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да порасне до 100 долари за барел, што би ги искомплицирало напорите на САД и ЕУ во борбата против инфлацијата. Намалувањето на производството од Русија и Саудиска Арабија ја турна цената над 97 долари за барел кон крајот на септември, но минатата недела цените паднаа за 11 отсто поради загриженоста во однос на забавување на економиите во Кина, САД и ЕУ. Новата ескалација на палестинско-израелскиот конфликт може да ги поткопа напорите на Израел од една страна и на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив (Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати) од друга страна за нормализирање на дипломатските односи, пишува Индекс. Посредник во тие преговори се САД, а во замена за нормализација на односите со Израел, Саудиска Арабија побара поддршка во развојот на цивилна нуклеарна програма, намалување на ограничувањата за продажба на американско оружје и обезбедување безбедносни гаранции. Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел и воспоставија дипломатски односи. Беше потпишан т.н „Абрахамски договор“, со посредство на САД. Обидите за уништување на Израел се историска константа од основањето на таа држава во 1948 година. Всушност, тоа е голем и повеќедецениски арапско-израелски конфликт, кој трае повеќе од 75 години со прекини. Во него, нафтата често се користеше како оружје, со цел да се одвратат САД и земјите од Европа да му помогнат на Израел под закана од намалување на производството на нафта и последователно зголемување на цената на таа енергија. Директната причина за глобалната нафтена криза која започна во 1973 година беше војната меѓу Израел и арапските држави предводени од Египет и Сирија, наречена војна Јом Кипур по еврејскиот празник, кога Египет и Сирија ненадејно го нападнаа Израел. Неколку дена по почетокот на војната, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Кувајт и Катар најавија намалување на производството на сурова нафта, а извозот во САД беше целосно забранет. Производството се намалуваше од месец во месец, до декември 1973 година, на само една четвртина во однос на нивото од септември. Ова доведе до драстично зголемување на цената на нафтата и светска економска криза. До крајот на ембаргото во март 1974 година, цената на суровата нафта се зголеми за четири пати, од 3 на речиси 12 долари за барел. Економиите на САД и земјите од Западна Европа беа многу погодени, но кризата не беше изолирана само на нив, туку се прошири на поголемиот дел од светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-napadot-na-hamas-nagol-skok-na-tsenata-na-naftata/feed/ 0
„Денови на медот“ во Скопје до недела, 600 денари за тегла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=882785

Мед, полен, матичен млеч, прополис, мешавина на мед со лековити растенија и природна козметика од мед, се само дел од палетата производи што ги нуди годинашната манифестација „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата почна денеска и ќе трае до недела, 1 октомври, а се одржува на улица „Македонија“ во Скопје. Тегла мед чини 600 денари, а цената, како што велат производителите, е унифицирана на сите штандови. -Сакаме да укажеме колкава е важноста на медот и другите пчелни производи во секојдневниот живот и исхраната. За жал, кај нас медот се повеќе се користи како лек, отколку како храна. Според некои статистички податоци, трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, за разлика од другите земји каде потрошувачката е десет пати поголема. Неминовно е да го смениме ваквиот однос и да го прифатиме медот како значен продукт во исхраната, беше речено на отворањето. Според производителите, навистина можеме да се пофалиме и да се гордееме со нашиот квалитетен мед за кој во светот добиваме високи признанија. -Ние сме меѓу ретките земји чии природни услови се одлични за произвиодство на мед. Затоа, сакаме да ја промовираме државата како регион од каде може да се набави природен мед според највисоките стандарди за храна, истакнаа од здружението „Матица“ кое ги организира „Деновите на македонскиот мед 2023“. Настанот, како и секоја година, овозможува директна комуникација меѓу пчеларите и купувачите, како и одлична шанса за младите потенцијални пчелари да се запознаат со начинот на одгледување пчели и со производството на мед. „Деновите на македонскиот мед 2023“ се поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/feed/ 0
Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/#respond Wed, 06 Sep 2023 12:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=875208

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи. -Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов. Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото. Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarafimov-tsenata-na-svinskoto-meso-se-zgolemi-za-40-denari/feed/ 0
Одлука за цената на парното греење пред почетокот на грејната сезона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odluka-za-tsenata-na-parnoto-greene-pred-pochetokot-na-grejnata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odluka-za-tsenata-na-parnoto-greene-pred-pochetokot-na-grejnata-sezona/#respond Thu, 27 Jul 2023 10:30:04 +0000 https://kurir.mk/?p=860639

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија. -Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично варира и предвидливост би била попрецизна кога одлуката би се донела пред грејната сезона, велат од РКЕ за МИА. Нагласуваат дека е неопходно субвенциите да продолжат за да нема ценовен шок за потрошувачите. -Енергетскиот сектор по Ковид кризата и по енергетската криза треба да влезе во фаза на стабилизација. Неизвесноста се уште е присутна, но се следи состојбата, порачуваат од РКЕ. Вообичаено РКЕ одлуката за цената на парното греење во Скопје ја носи до 1 август во тековната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odluka-za-tsenata-na-parnoto-greene-pred-pochetokot-na-grejnata-sezona/feed/ 0
Пелетите стануваат изгор скапи – граѓаните се растрчаа да купат по стара цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/#respond Mon, 17 Jul 2023 11:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=857379

Најавата за зголемување на ДДВ-то од 5 на 18 отсто почна да им предизвикува главоболки на граѓаните кои се греат на пелети преку зимата, бидејќи новата цена на овој вид огрев, според пресметките, ќе биде повисока за најмалку 100 евра во однос на ланската и прекланската грејна сезона. Ако едно просечно македонско семејство годишно троши 3 тони пелети за греење, кои би чинеле вкупно околу 60.000 денари, отсега истото тоа семејство за истата количина огрев ќе треба да издвои околу 66.000 денари. Причината е во скокот на данокот, а ставот на министерот за финансии Фатмир Бесими е дека мора да се натераат граѓаните да почнат да инвестираат во обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат животната средина. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/feed/ 0
Трипуновски со апел до власта: Да се договори откупна цена за грозјето, да не се оставаат лозарите да чекаат до берба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-so-apel-do-vlasta-da-se-dogovori-otkupna-tsena-za-grozjeto-da-ne-se-ostavaat-lozarite-da-chekaat-do-berba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-so-apel-do-vlasta-da-se-dogovori-otkupna-tsena-za-grozjeto-da-ne-se-ostavaat-lozarite-da-chekaat-do-berba/#respond Thu, 06 Jul 2023 20:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=853817

Цветан Трипуновски од ВМРО-ПМНЕ денеска беше во општина Неготино на средба со лозарите од тиквешкиот регион. -Темата на оваа посета е да поразговараме со лозарите за актуелната состојба, за производството на винско грозје од реколта 2023 година и да видиме со какви проблеми се соочуваат лозарите со оглед дека годинава беше проблематична и од климатски аспект. Од оваа средба сакам да упатам еден апел до МЗШВ и Владата да уште утре седне на заедничка маса со лозарите и винарските визби и да се разговара за откупната цена на винското грозје од оваа реколта затоа што искуствено гледаме дека знаат да го преспијат периодот и кога ќе дојде времето за берба и откуп тогаш да се растрчаат, но тогаш е веќе доцна, рече тој. Трипуновски упати апел до МЗШВ да обезбеди дополнителни средства и да направи промени на постоечките програми за да може да им помогне на оние лозари кои што претрпеа штети заради временските непогоди и заради тоа нема да го предадат својот род да можат да добијат финансиски надоместок од државата за да можат да го покријат вложеното во оваа реколта. -Ние ќе продолжиме со овие средби и во наредниов период бидејќи ние секогаш сме биле, сме и ќе бидеме на страната на сите земјоделци во Република Македонија, посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-so-apel-do-vlasta-da-se-dogovori-otkupna-tsena-za-grozjeto-da-ne-se-ostavaat-lozarite-da-chekaat-do-berba/feed/ 0
Oдредена цената на струјата за наредните шест месеци, дневна евтина од 1 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odredena-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi-dnevna-evtina-od-1-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odredena-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi-dnevna-evtina-od-1-dekemvri/#respond Wed, 28 Jun 2023 05:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=850305

Сметката за струја што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка од 1 јули ќе биде пониска за 4,26 отсто, а доколку ДДВ-то за електричната енергија се врати на 18 отсто ќе биде повисока за 2,5 отсто. Евтината дневна тарифа за домаќинствата ќе стартува од 1 декември годинава и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот. Ова е епилогот од вчерашната главна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на која беше донесена одлуката од 1 јули годинава за 7,04 проценти да се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок да биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок да има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената да биде повисока за 2,42 проценти. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Според него, од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките. - Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски. Нагласи дека цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти. За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ. -Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вториот блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски. Најави дека од 1 декември се враќа и евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот. Тоа, како што рече, е максимумот што можело да се направи и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата. -Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Дневната цена на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски. Претседателот на РКЕ очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стартуваат со услугата уште на 1 декември. Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/odredena-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi-dnevna-evtina-od-1-dekemvri/feed/ 0
ЌЕ КУПИ ДВА СТАНА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦ РАБОТА – исплива вртоглавата цена за еден настап на Ана Николиќ, пејачката заработува „солена цифра“ за една ноќ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-kupi-dva-stana-za-samo-tri-mesets-rabota-ispliva-vrtoglavata-tsena-za-eden-nastap-na-ana-nikolik-pejachkata-zarabotuva-solena-tsifra-za-edna-nok-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-kupi-dva-stana-za-samo-tri-mesets-rabota-ispliva-vrtoglavata-tsena-za-eden-nastap-na-ana-nikolik-pejachkata-zarabotuva-solena-tsifra-za-edna-nok-foto/#respond Wed, 21 Jun 2023 19:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=848292

Ана Николиќ минатата година ги одбиваше настапите, па работеше само кога таа сакаше, но сега ситуацијата е поинаква. Имено, со оглед дека и требаат пари за секојдневните луксузи, потоа ќерката Тара, па и многу други работи, Николиќ сфатила дека мора да се врати на работа многу порано.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Сега исплива колку Ана добива за настап за време на летната турнеја, а цифрата воопшто не е мала.
 
За јуни, јули и август таа има договорено 35 настапи, а цената за еден е 15.000 евра, па така на крајот на сезоната таа ќе биде побогата за 250.000 евра.
 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-kupi-dva-stana-za-samo-tri-mesets-rabota-ispliva-vrtoglavata-tsena-za-eden-nastap-na-ana-nikolik-pejachkata-zarabotuva-solena-tsifra-za-edna-nok-foto/feed/ 0