центар за бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Aug 2020 08:05:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png центар за бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во карантин прифатниот центар за бегалци и мигранти во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-vo-grcija/#respond Fri, 14 Aug 2020 08:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=390552

Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос од вчера е во целосен карантин, откако се регистрирани два случаи на Ковид-19 кај 35-годишен мигрант смесен во кампот и кај вработена во центарот, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, претставници на Националната организација за јавно здравје ги проверуваат контактите на потврдените сучаи. Заразениот 35-годишен човек е од Јемен и е хоспитализиран со благи симптоми. Согласно издадената заедничка министерска одлука на министрите за цивилна заштита и за миграција и азил, а во соработка со Националната организација за јавно здравје, прифатниот центар ќе биде во карантин до 25 авгут 2020 година. Тоа значи дека целосно е забранет влез и излез од бегалскиот камп, а привремено се прекинуваат и сите планирани активности на Невладините организаци во центарот, додека пак веќе е засилено присуството на полицијата за почитување намерките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-vo-grcija/feed/ 0
Пожари и изгорени шатори пред прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozari-i-izgoreni-shatori-pred-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-na-grchkiot-ostrov-samos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozari-i-izgoreni-shatori-pred-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-na-grchkiot-ostrov-samos/#respond Mon, 27 Apr 2020 08:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=337868

Целосно изгореа дел од шаторите во околината на прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос во пожарите што од непознати причини избувнаа синоќа и во текот на ноќта, објавија локалните медиуми. Во првиот пожар, според невладината организација „Доктори без граници“, изгореле шатори и околу 100 лица останале на улица, а кусо подоцна избиле уште најмалку два пожари исто така во околината на прифатниот центар, јави дописничката на МИА од Атина. Од „Доктори без граници“, преку социјалните мрежи соопштија дека им помагаат на бегалците и мигрантите и одново, во текот на ноќта биле поставени шатори. Информативниот портал „Самос24“ кусо пред полноќ објави дека се евакуирани дел од бегалците и мигрантит, а според локалните медиуми од островите, дел од барателите на азил ноќта ја поминале на импровизиран фудбалски терен. Во прифатниот центар, освен Противпожарната служба, која интервенирала во гаснењето на пожарот, големо било присуството и на полицијата. Причините за пожарите засега не се познати, ниту пак дали има повредени бегалци и мигранти. Во прифатниот центар за регистрација на бегалци и мигранти на Самос, со капацитет да прими 648 лица, сместени се над 6800 баратели на азил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozari-i-izgoreni-shatori-pred-prifatniot-centar-za-begalci-i-migranti-na-grchkiot-ostrov-samos/feed/ 0