центар за социјална работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 16:37:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png центар за социјална работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработените од скопскиот Центар за социјална работа се жалат дека останале без декемвриската плата – директорот им отишол на аџилак https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotenite-od-skopskiot-tsentar-za-sotsijalna-rabota-se-zhalat-deka-ostanale-bez-dekemvriskata-plata-direktorot-im-otishol-na-adhilak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotenite-od-skopskiot-tsentar-za-sotsijalna-rabota-se-zhalat-deka-ostanale-bez-dekemvriskata-plata-direktorot-im-otishol-na-adhilak/#respond Fri, 13 Jan 2023 16:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=787020

Преку 230 вработени во Центарот за социјална работа на град Скопје нема да добијат плата. Вршителот на должноста директорот заминал на аџилак во Мека, Саудиска Арабија. Налогот за исплата на плати на вработените не го потпишал, а негова замена нема. Извори од Центарот утрово реагираа дека во најдолгиот месец во годината, дел од семејствата кои имаат само едно вработено лице нема да ја однесат платата дома, а престојните празници ќе ги поминат дури и со празни трпези. Вработените велат дека и бројот на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик пораснал, дека расте и бројот на незадоволни граѓани од услугите кои ги добиваат од оваа институција. Исто така, вработените не добивале стимулации во работната средина, така што разочараноста и апатијата била присутна кај сите нив. Инаку, Центарот за социјална работа на град Скопје е со најголем број на вработени во цела држава и тоа со шест подрачни единици. Најголем дел од семејствата имаат деца. Кризата ги погоди сите, платите се замрзнати, а цените во потрошувачката кошничка вртоглаво растат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vrabotenite-od-skopskiot-tsentar-za-sotsijalna-rabota-se-zhalat-deka-ostanale-bez-dekemvriskata-plata-direktorot-im-otishol-na-adhilak/feed/ 0
Голготата не запира: Центарот за социјална работа покрена пријава против Северина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golgotata-ne-zapira-centarot-za-socijalna-rabota-pokrena-prijava-protiv-severina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golgotata-ne-zapira-centarot-za-socijalna-rabota-pokrena-prijava-protiv-severina/#respond Tue, 21 Jan 2020 08:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=292515

Северина веќе долги години води судски спор со поранешниот партнер Милан Поповиќ за старателство над синот, а имаше и проблеми со Центарот за социјална работа. Додека Северина со сопругот Игор Којиќ одмора во Франција, во Загреб против неа не покренуваат тужби. Против 47-годишната сплитска пејачка наводно е покрената казнена пријава и тоа од Центарот за социјална работа. Ова е првпат Центарот, со кој Северина има проблеми подолго време, да покрене пријава против неа. -Во конкретниот случај Центарот не може да изнесува детали за текот на постапката и семејната ситуација со оглед на тоа дека при изнесувањето на податоци во јавноста се кршат законските прописи, порачале за 24сата од Центарот. Адвокатите на Северина истакнале дека немаат сознанија за таква пријава, ниту пак за причините за евентуалното нејзино покренување. Северина веќе 7 години води судски спор со поранешниот партнер Милан Поповиќ со кого има син.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/golgotata-ne-zapira-centarot-za-socijalna-rabota-pokrena-prijava-protiv-severina/feed/ 0