центар за социјални работи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиSat, 06 May 2023 07:34:38 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngцентар за социјални работи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Курир дознава: Ученик од ОУ во Скопје вперил пластичен пиштол кон соученици, средношколки се заканувале преку социјална мрежа
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/#respondSat, 06 May 2023 07:34:38 +0000https://kurir.mk/?p=831176По случувањата изминативе три дена во Србија каде 13 годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето, а следниот ден 21 годишно момче изврши масакр убивајќи 8 и ранувајќи 14 лица, Македонија ги бележи првите инциденти.
Курир дознава дека ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал.
Инцидентот се случил околу пладне, во училиштето кое се наоѓа на територија на Чаир. Потврда за овој настан добивме од Министерството за внатрешни работи.
-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за Курир.
Дознаваме и за уште еден инцидент кој се случил вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Извори за Курир велат дека список со имиња бил забележан во една од паралелките, по што се јавила вознемиреност кај учениците. Во одговорот кој го добивме од МВР, е наведено дека четири средношколки објавиле содржина со закана на социјална мрежа.
-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Во двата случаи вклучен е и Центарот за социјални работи.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека почна консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
Министерот Јетон Шаќири имаше средба со академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел како што рече да дискутираат што е тоа што можат да го интегрираат во нашиот образовен систем, за да превенираат несакани настани како во соседна Србија.
Отворени и активни се електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.
Од МОН најавија дека процесот на креирање мерки ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат сите засегнати министерства, а ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.]]>По случувањата изминативе три дена во Србија каде 13 годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето, а следниот ден 21 годишно момче изврши масакр убивајќи 8 и ранувајќи 14 лица, Македонија ги бележи првите инциденти.
Курир дознава дека ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал.
Инцидентот се случил околу пладне, во училиштето кое се наоѓа на територија на Чаир. Потврда за овој настан добивме од Министерството за внатрешни работи.
-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за Курир.
Дознаваме и за уште еден инцидент кој се случил вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Извори за Курир велат дека список со имиња бил забележан во една од паралелките, по што се јавила вознемиреност кај учениците. Во одговорот кој го добивме од МВР, е наведено дека четири средношколки објавиле содржина со закана на социјална мрежа.
-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Во двата случаи вклучен е и Центарот за социјални работи.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека почна консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
Министерот Јетон Шаќири имаше средба со академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел како што рече да дискутираат што е тоа што можат да го интегрираат во нашиот образовен систем, за да превенираат несакани настани како во соседна Србија.
Отворени и активни се електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.
Од МОН најавија дека процесот на креирање мерки ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат сите засегнати министерства, а ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/feed/0ГОЛГОТАТА ПРОДОЛЖУВА: Синот тепан од својата мајка утре мора да преспие кај неа, еве го решението со кое државата ја става во ризик безбедноста на детето
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golgotata-prodolzuva-sinot-tepan-od-svojata-majka-utre-mora-da-prespie-kaj-nea-eve-go-reshenieto-so-koe-drzavata-ja-stava-vo-rizik-bezbednosta-na-deteto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golgotata-prodolzuva-sinot-tepan-od-svojata-majka-utre-mora-da-prespie-kaj-nea-eve-go-reshenieto-so-koe-drzavata-ja-stava-vo-rizik-bezbednosta-na-deteto/#respondTue, 06 Dec 2022 15:17:07 +0000https://kurir.mk/?p=771814Продолжува голготата на семејството од Скопје, за кое КУРИР пишуваше минатата недела.
Во Македонија често се зборува кога мајката е жртва на семејно насилство, но кога таа го врши насилството изгледа во државава нема ни правда ни правдина.
Да потсетиме, пишувавме за вознемирувачки случај на семејно насилство во Македонија. Мајка која неколку пати го тепала своето дете и против која има пријави во полиција, од Центарот за социјални работи добива дозвола секоја втора недела, по четири дена, да го зема детето на чување со преспивање.
Жртва на насилство од нејзина страна е и нејзиниот сопруг со кого е во бракоразводна постапка.
Член на нивното семејство ја контактираше редакцијата на КУРИР , за да нè запознае со овој скандалозен случај, во кој институциите носат одлука која може да уништи еден детски живот.
Скопјанката која повеќе пати го напаѓала својот мал син и неговиот татко, според сведоштвото на член на семејството, била поранешен пациент на психијатрија. Таму била сместена во 2016-та година.
-Таа има низа пороци. Употребува дрога, пие алкохол и се коцка. Сега е во врска со човек за кој сме сигурни дека е дилер на дрога. Детето го возат во автомобил додека пушат марихуана и детето тоа го дише. Што сака да направи од детето? Нејзиниот син се плашеше кога ќе ја види, а сега треба да спие таму, каде таа живее со нејзините баба и дедо, кои се прабаба и прадедо на детето, рече нашиот соговорник, пренесе КУРИР минатата недела.
Голготата трае долго, но сега се чини дека толку се доближи како реалност, што семејството е вознемирено, во шок и во страв.
Денот е УТРЕ. Според одлука на Центарот за социјални работи, утре мајката треба да го земе детето и тоа да преспие кај неа. Ќе рече некој „Па, добро, мајка е“. Но малото дете од таа жена чувствува страв бидејќи било жртва на семејно насилство од нејзина страна.
И не е само утре или следниот викенд. Скандалозното решение бара од таткото за викенди, празници, роденден, распуст... да го носи детето кај мајката која е пријавена дека го има тепано.
КУРИР дојде до официјалниот документ-решение кое го пренесуваме во продолжение. Идентитетите на мајката, таткото и детето се познати во нашата редакција, но заради нивна заштита, засега, нема да ги објавиме.
Член на семејството денес повторно ја контактираше редакцијата на КУРИР. Со вознемирен глас, во паника од тоа што следува. Надлежните останале глуви на бројни пораки, повици за помош, докази и објави кои таткото со месеци ги праќа до сите надлежни за овој случај.
-Утре треба да го земе мајката, да преспие таму. Баравме видувањата да бидат во присуство на социјален работник или во Центарот за социјала. Не ни беше дозволено тоа. Таа жена го малтретираше и тепаше детето, за што имаме и докази, а се водат и постапки по пријави во полиција. Од социјално ни рекоа дека не важат за нив пријавите во полиција и дека видувањата мора да продолжат, ни кажа членот на семејството.
За насилството кое таа го правела врз нејзиното дете, сведочи и полицискиот билтен.
„На 08.11.2022 во 21:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата сопруга И.П., со која е во бракоразводна постапка, физички го нападнала нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираа од МВР минатиот месец.
https://kurir.mk/makedonija/vesti/voznemiruvachki-sluchaj-na-semejno-nasilstvo-vo-makedonija-majka-si-go-tepala-sinot-a-so-noz-go-napadnala-soprugot-drzavata-dozvolila-deteto-da-prespiva-kaj-nea-molk-od-instituciite/
Како што веќе објавивме, таткото во месец мај го напушта семејниот дом, откако по неколку насилства врз него, според семејството, сопругата ги преминува сите граници и го напаѓа со нож. Со него го зема и детето и заедно заминуваат во домот на неговите родители. Во тој момент детето има само една ипол година.
Три години биле во брачна заедница. По раѓање на детето, насилство трпат таткото и синот.
Сега, како што информираат од семејството, има две кривични пријави за семејно насилство од нејзина страна. Поради тоа, прво е донесена одлука, додека трае бракоразводниот процес, детето да остане со таткото. Но, без никакво дополнително објаснување, социјално донесува ново мислење, мајката да го гледа детето и тоа да преспива во домот на неговите прабаба и прадедо.
Рочиште за бракоразводната постапка е закажано за овој месец. Судот тогаш ќе одлучува и за старателство врз детето. Адвокатот на таткото веќе барал да се направи тест преку психијатар, но и наркотест на мајката. Решенијата, пријавите за насилство, молбите, жалбите и доказите, надлежните не ги земале предвид.
Откако таткото со синот во месец мај го напуштил заедничкиот дом, мајката на детето цели три месеци не побарала средба со него. Ниту се јавила да праша како е нејзиното дете, ниту побарала да го види, раскажува член на семејството.
КУРИР ги поседува сите барања и документи испратени до Центарот за социјални работи, до судот, до Министерството за труд и социјална политика, лично од таткото и преку адвокат.
Бидејќи станува збор за многу материјали, во продолжение пренесуваме само дел од последниот крик за помош на овој татко.
КУРИР уште минатата недела бараше одговори во Центарот за социјални работи. Не одговорија на нашите прашања, ниту на голем број телефонски повици.
Дури откако го објавивме текстот, бевме контактирани од нивна страна и ни беше посочено прашањата да ги пратиме на е-маил адреса која тие ни ја дадоа. Таа е-маил адреса беше НЕПОСТОЕЧКА!
]]>Продолжува голготата на семејството од Скопје, за кое КУРИР пишуваше минатата недела.

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golgotata-prodolzuva-sinot-tepan-od-svojata-majka-utre-mora-da-prespie-kaj-nea-eve-go-reshenieto-so-koe-drzavata-ja-stava-vo-rizik-bezbednosta-na-deteto/feed/0Не можела да му издаде документ: Маж нападнал вработена во Центар за социјални работи
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-mozela-da-mu-izdade-dokument-maz-napadnal-vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-mozela-da-mu-izdade-dokument-maz-napadnal-vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti/#respondFri, 22 Mar 2019 14:49:22 +0000https://kurir.mk/?p=177612Вчераутро околу 09 часот во СВР Скопје, М.В. (51) од Скопје, вработена во Центар за социјални работи, кој се наоѓа во склоп на домот „25-ти Мај“, пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот во просториите на центарот, физички била нападната од лицето А.М. поради тоа што не можела да му издаде документ кој го барал.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.]]>Вчераутро околу 09 часот во СВР Скопје, М.В. (51) од Скопје, вработена во Центар за социјални работи, кој се наоѓа во склоп на домот „25-ти Мај“, пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот во просториите на центарот, физички била нападната од лицето А.М. поради тоа што не можела да му издаде документ кој го барал.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-mozela-da-mu-izdade-dokument-maz-napadnal-vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti/feed/0