центар за зависници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jul 2019 12:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png центар за зависници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерството за здравство не отстапува- центри за зависници во повеќе населби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-otstapuva-centri-za-zavisnici-vo-povekje-naselbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-otstapuva-centri-za-zavisnici-vo-povekje-naselbi/#respond Tue, 23 Jul 2019 12:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=221641

Филипче не отстапува. Центри за зависници ќе има и во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, во Ченто, и во болницата во Бардовци. Ваквиот план министерот го правда со образложение „метадонот пациентите ќе го земаат пред лекари“. Па, терапијата ќе мора да ја испијат во центарот, за разлика од она што се случува во моментов, зависниците метадонот го земаат од шалтер и сами се боцкаат низ улиците. -Тоа создава една хаотична ситуација во која тие не може да добијат соодветен медицински третман и отвора можности за злоупотреба на препаратите кои таму ги добиваат. Постои Центар за третман на зависници во ГОБ „8 Септември“ и таму не сме слушнале за никаков проблем и таму има училишта, градинки. Ќе работиме со локалното население, за да им укажеме дека сликата која сега ја имаат не е вистинската и таа која ќе биде ако се случи дисперзијата, изјави министерот Филипче. Неизвесно е колку е остварлив планот на здравствените власти за добра организација во однос на дисперзијата, со оглед на тоа дека во моментов во скопските центри има само 6 психијатри, а неопходен е медицински персонал од најмалку 20 лекари и сестри. Филипче најави и центри во Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров, но понатаму. Засега треба да стават сефови за чување на метадонот во Ченто и во Аеродром, каде веќе има простории, а ќе треба да се ангажира и соодветен персонал. Планот е дисперзијата да се спроведе од септември. Најновата одлука на министерот Филипче уследи по протестите на граѓаните на неколку скопски општини, оти не сакаат на секое ќоше околу своите домови да наоѓаат игли и шприцеви. Најпрвин жителите на Кисела Вода бараа дисколација на Центарот за зависности, па Филипче реши објектот да се смести во Гази Баба. Откако, граѓаните и на оваа општина се побунија, ваквата идеја пропадна. По најавата за дисперзија, незадоволството на улица го искажаа и Аеродромци, кои побараа повлекување на одлуката. ИЗВОР: АЛФА.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-otstapuva-centri-za-zavisnici-vo-povekje-naselbi/feed/ 0
Граѓаните загрижени за безбедноста на своите деца: Филипче ги префрла зависниците во повеќе општини, се подготвува нов отпор? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-zagrizeni-za-bezbednosta-na-svoite-deca-filipche-gi-prefrla-zavisnicite-vo-povekje-opshtini-se-podgotvuva-nov-otpor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-zagrizeni-za-bezbednosta-na-svoite-deca-filipche-gi-prefrla-zavisnicite-vo-povekje-opshtini-se-podgotvuva-nov-otpor/#respond Fri, 19 Jul 2019 09:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=220038

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од Министерството за здравство. По повеќегодишниот отпор од граѓаните на Кисела Вода и цврстото НЕ од оние од Гази Баба, министерството за здравство најде ново решение. Зависниците ќе ги распредели во други општини. Стравот кој го имаа родителите од Кисела Вода и Гази Баба, сега оди на терет на граѓаните од Аеродром, Ченто и Карпош. Министерот за здравство во изјава за Сител потврди дека со дисперзијата што ја прават, во Центарот за зависности во Кисела Вода ќе останат само мал број на корисници на метадон и не очекуваат проблеми со локалното население. По кој основ Филипче е сигурен дека граѓаните нема да реагираат, не е познато. И пред објава на локацијата во Гази Баба се пофали дека најде решение, но се повлече откако граѓаните му кажаа дека нема да дозволат зависници да се шетаат во тоа населено место. Министерот и сите оние околу него, кои ги носат ваквите одлуки, сигурно знаат каде се наоѓа поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром. Така да, сигурно знаат дека во истата има педијатриски оддел за новороденчиња, бебиња и деца. Во близина се наоѓаат две детски градинки, едно основно училиште и еден дом за згрижување на стари лица. Присуството на зависниците од дрога во овој дел на градот е нешто кое, оправдано, ги вознемири жителите. Кога бил во „Јане Сандански“ да преговара, Филипче сигурно убаво ги видел и условите во кои функционира поликлиниката. Но, додека најавуваше носење на зависници таму, не најави реконструкција, обнова, вложување во опрема и кадар. Граѓаните на Ченто исто така најавуваат спротивставување на оваа одлука. Нема да дозволат меѓу нивните деца во поликлиниката, да доаѓаат и зависниците. Ниту оние од Кисела Вода нема да останат мирни иако веќе две децении стравуваат за својата, но најмногу за безбедноста на своите деца. Дел од зависниците остануваат да примаат терапија таму. ГОБ „8-ми Септември“ изминатиов период се соочуваше со низа проблеми кои беа и повеќе од сериозно. Недостаток на кадар, затворање на оддели... Во такви услови, изгледа само уште зависниците недостасуваа. Психијатриската болница во Бардовци отвора многу прашања, одлично што ја спомнавте -Се спремаат пунктовите во Јане Сандански и во Ченто во владение на психијатриската болница во Бардовци која е надлежна за Центарот. Дел ќе бидат и во самата болница во Бардовци. Се спрема распределбата на кадарот од самиот Центар. Мал број нема да се осети во средината каде ќе ја земаат терапијата, изјавил Венко Филипче. Одлично е што во изјавата, министерот ја споменува психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци бидејќи токму во оваа насока треба да се движат и неговите одговори. Како што дознава КУРИР од учесници во преговарачкиот процес, првата идеја за дислокација била психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. Но, при обидот за реализација, стигнале и првите пречки. Имено, иако ова веќе било “договорена работа“, тука жестоко се противел директорот на установата Ќамиљ Ковачи. Центарот за зависници, во секоја можна смисла, припаѓа на оваа болница. Како што дознава КУРИР, првичниот план бил од Кисела Вода зависниците да се префрлат токму во Бардовци. Но, освен со отпорот од директорот, преговарачкиот тим останал шокиран од ужасните услови на оваа локација. Вработените во психијатриската болница „Скопје“ работат во мизерни услови. Пациентите се сместени во премногу стари бараки, поделени во повеќе одделенија. медицинскиот кадар секојдневно е соочен со ризик по својата безбедност затоа што и покрај профилот на пациентите, физичко обезбедување нема. Зошто со молчење помина оваа идеја? Затоа што Филипче има време со месеци да бара локација за зависниците, но нема волја да превземе чекор за пациентите ширум земјава да се лекуваат во достоинствени услови, а вработените да имаат барем нормална работна средина. Метадонска терапија во овој Центар добиваат околу 500 лица. Сликата околу Центарот е траорна со години. Игли и шприцеви на секој чекор, а често се гледаа и зависници како конзумираат дрога во околината. Вакво пресликување во своето маало, нема да дозволат ниту граѓаните на Аеродром и Ченто. Отпорот кој го пружија граѓаните од Гази Баба, според најавите на социјалните мрежи, ќе биде префрлен во Аеродром и Ченто. Дали е министерот подготвен да им ги даде потребните одговори на граѓаните и да се соочи со отпорот?  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-zagrizeni-za-bezbednosta-na-svoite-deca-filipche-gi-prefrla-zavisnicite-vo-povekje-opshtini-se-podgotvuva-nov-otpor/feed/ 0
Страотни слики: Скоро десет дена жители на Кисела Вода протестираат за дислокација на Центарот за зависници (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/straotni-sliki-skoro-deset-dena-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-za-dislokacija-na-centarot-za-zavisnici-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/straotni-sliki-skoro-deset-dena-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-za-dislokacija-na-centarot-za-zavisnici-foto/#respond Fri, 28 Jun 2019 12:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=213644

Загрижени граѓани, родители и жители со денови наназад простестираат за дислокација на Центарот за зависници од Кисела Вода. Се жалат дека секојдневно наидуваат на медицински отпад, шприцеви и игли на кои веќе неколку жители тврдат се имаат боцнато. Граѓаните на Кисела вода според нивните изјави живеат во страв дека ќе нагазнат на некоја игла и ќе се заразат со некоја заразна или неизлечива болест, се плашат и за здравјето на децата, за сликите кои ги имаат тие пред своите очи. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации. Според него засега е најдобро сегашното централизирано решение со оглед на недостигот на персонал. Граѓаните кои протестираа и денес рекоа дека во понеделник ќе ги продолжат протестите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/straotni-sliki-skoro-deset-dena-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-za-dislokacija-na-centarot-za-zavisnici-foto/feed/ 0
Жителите на Кисела Вода денеска го собираа отпадот што го газат секој ден и го истурија пред влезот на Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-deneska-go-sobiraa-otpadot-shto-go-gazat-sekoj-den-i-go-isturija-pred-vlezot-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-deneska-go-sobiraa-otpadot-shto-go-gazat-sekoj-den-i-go-isturija-pred-vlezot-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Thu, 27 Jun 2019 11:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=213310

Жителите на Кисела Вода денеска го собираа отпадот што го газат секој ден и го истурија пред влезот на Министерството за здравство. -Досега немаме постигнато договор и немаме одговор од надлежните ниту пак од Министерството за здравство. Затоа денес ние спремивме едно прашање до нив, има една невладина организација која го користи мотото за да ги одбрани зависниците „лечењето е право, а не привилегија“, а јас ќе ги прашам нив дали лечењето е право или привилегија да ја користат за да не малтретираат нас? Од тука има многу луѓе што се боцнале на игла, што иделе на инфективно да се прегледаат и година дена дали ќе бидат заразени со болести. Пред неколку денови ќерка на еден наш жител која има 10 години се боцна со игла каде што треба да чекаме сега резултати дали ќе има некој вирус или зараза, велат жителите. Тие додаваат дека ова ѓубре собрано од таму денес ќе им го истурат пред дворот на Министерството за здравство без разлика која и да биде казната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-deneska-go-sobiraa-otpadot-shto-go-gazat-sekoj-den-i-go-isturija-pred-vlezot-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0
По отпорот на граѓаните од Гази Баба и револтот на тие од Кисела Вода: Филипче бара нова населба за зависниците од дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-otporot-na-gragjanite-od-gazi-baba-i-revoltot-na-tie-od-kisela-voda-filipche-bara-nova-naselba-za-zavisnicite-od-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-otporot-na-gragjanite-od-gazi-baba-i-revoltot-na-tie-od-kisela-voda-filipche-bara-nova-naselba-za-zavisnicite-od-droga/#respond Thu, 27 Jun 2019 11:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=213323

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации. -Идентификувавме неколку објекти каде би можеле да го префрлиме Центарот. Наидовме на отпор од компаниите во Општина Гази Баба, но има уште две алтернативи што ги разгледуваме и ќе ги искомуницираме убаво со околината за да  не се соочиме повторно со таков проблем. Ве уверувам дека решение ќе најдеме, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на иницијативите за младински политики од граѓанскиот сектор во Владата. Во коментар на препораките од невладиниот сектор за отворање четири центри за третман на зависници, Филипче истакна дека засега е најдобро сегашното централизирано решение со оглед на недостигот на персонал. -Една од опциите беше дисперзија, но се соочивме со недостаток на кадар. Не можеме да обезбедиме четири центри и притоа на сите четири места да се соочиме со ваков проблем како што се соочуваме сега и притоа да немаме кадар и да обезбедиме соодветни услови. Затоа сметам дека ова се уште треба да биде централизирано, на едно соодветно место, каде што ќе се концентрира експертизата и ќе има екстра просторни услови повеќе од сегашните со дополнителни услуги. Третманот  сега е сведен на еден несоодветен начин, меѓу другото и заради тој проблем. Верувам дека во периодот што доаѓа ќе има решение, рече Филипче. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-otporot-na-gragjanite-od-gazi-baba-i-revoltot-na-tie-od-kisela-voda-filipche-bara-nova-naselba-za-zavisnicite-od-droga/feed/ 0
Расте револтот кај жителите на Кисела Вода: Протестите ќе продолжат додека не се најде решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-kaj-zitelite-na-kisela-voda-protestite-kje-prodolzat-dodeka-ne-se-najde-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-kaj-zitelite-na-kisela-voda-protestite-kje-prodolzat-dodeka-ne-se-najde-reshenie/#respond Wed, 26 Jun 2019 10:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=212938

Расте peволтот кај Жителите на Кисела вода кои веќе десетти ден по ред се на улица и се обидуваат да допрат до институциите. И денес беше блoкирана раскрсницата кај Цементара со цел да се пормени игнopaнтскиот однос на надлежните, но и на медиумите кои не најдоа за сходно да ги поддржат пpoтестите од кои се засегнати сете, но излегоа во огромен број за да ја следат рутинската акцина на полицијата во Љуботен. Во разговор со екипата на Инфомакс, жителите најавија дека нема повеќе да ги блoкираат улиците бидејќи не сакаат да ги кaзнуваат граѓаните поради нeодговорноста на надлежните институции. Пpoтестите ќе продолжат да се одржуваат секој ден пред Центарот за зaвисности и ќе траат се додека не се реши проблемот. Граѓаните исто така најавија дека ќе ги посетат и Министерството за здравство и за труд и социјална работа и ќе им ги однесат шприцовите кои ги наоѓаат секојдневно и кои претставувааат cepиозен pизик посебно за дечињата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-kaj-zitelite-na-kisela-voda-protestite-kje-prodolzat-dodeka-ne-se-najde-reshenie/feed/ 0
Трет ден жители на Кисела Вода протестираат пред Центарот за зависници – Темелковски заборави што вети пред изборите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-den-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-pred-centarot-za-zavisnici-temelkovski-zaboravi-shto-veti-pred-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-den-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-pred-centarot-za-zavisnici-temelkovski-zaboravi-shto-veti-pred-izborite/#respond Wed, 19 Jun 2019 13:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=210807

Жителите на Кисела Вода трет ден по ред одржуваат протест пред Центарот за зависници со што го изразуваат револтот кон министерот за здравство, кој вети дислоцирање на центарот. Имено, тие на влезот ги спречуваат зависниците да ја земат терапијата во Центарот.

На протестот присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела вода Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, членовите на Советот и невладините организации „Хобс“, „Доверба“ и „Шприц патрола“, а сите заедно испратија порака дека и жителите и корисниците на овој центар заслужуваат достојно внимание за решавање на ова долго време отворено прашање и преземање радикални чекори во интерес на постигнување трајно решение.

„Иако ние го немавме ветено во програмата, сметавме дека е несоодветно место за самата болница да биде тука“, вели Темелковски. Но, во програмата „Живот за сите во Кисела Вода“, со која Темелковски ги трчаше локалните озбори пред две години, сепак се споменува и болницата за зависници: „Сериозно ќе се ангажираме преку заедничка работна група со надлежните министерства да ги анализираме сите проблеми… кои произлегуваат од болницата за зависници и ќе изнајдеме креативни решенија. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет“, стои во Програмата. Жителка на Кисела Вода, присутна на протетост, чијашто внука пред неколку денови се боцнала на искористена игла, апелираше колку што е можно побрз рок Центарот да биде дислоциран. – Едно е тоа што примаат терапија, но остануваат тука по цел ден, остануваат полуголи, голи, се боцкаат на недолични места, а нашите деца се принудени да ги гледаат сите тие работи, наведе таа. Еден од лицата кои протестираа нагласи дека населението во повеќе наврати се соочило со грабежи, како и дека биле напаѓани жени и деца. – Нас не ни сметаат зависниците, нас ни смета начинот на кој тие се тука. Ни смета начинот на кој ја земаат терапијата, односно неволјите кои ги прават, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-den-ziteli-na-kisela-voda-protestiraat-pred-centarot-za-zavisnici-temelkovski-zaboravi-shto-veti-pred-izborite/feed/ 0
Жителите на Кисела Вода кои живеат во близина на Центарот за зависници утре повторно на протест- решение мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-koi-ziveat-vo-blizina-na-centarot-za-zavisnici-utre-povtorno-na-protest-reshenie-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-koi-ziveat-vo-blizina-na-centarot-za-zavisnici-utre-povtorno-na-protest-reshenie-mora-da-ima/#respond Tue, 18 Jun 2019 14:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=210444

По повод протестите на месното население кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници во Кисела Вода, а кои деновиве повторно стануваат актуелни, Ве известуваме дека утре на 19.06.2019 година во 7:00 часот ќе се организира уште еден обид јавноста да добие вистинска слика за сериозноста на проблемот со кој тие секојдневно се соочуваат. На овој настан покрај медиумите ќе бидат поканети и сите невладини организации и други институции кои секојдневно го насочуваат својот интерес кон овие теми. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со членовите на Советот на општината ќе присуствуваат на овој веќе три децении акутен проблем. Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на трајно решение кое и самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-kisela-voda-koi-ziveat-vo-blizina-na-centarot-za-zavisnici-utre-povtorno-na-protest-reshenie-mora-da-ima/feed/ 0
Тензии кај Центарот за зависници во Кисела Вода: Екипа на „Инфомакс“ нападната од зависниците (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-kaj-centarot-za-zavisnici-vo-kisela-voda-ekipa-na-infomaks-napadnata-od-zavisnicite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-kaj-centarot-za-zavisnici-vo-kisela-voda-ekipa-na-infomaks-napadnata-od-zavisnicite-video/#respond Mon, 17 Jun 2019 15:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=210044

Веќе трет ден по ред се одржуваат пpoтecти пред Центарот за зaвиcнocти во Кисела Вода. Рeвoлтиpaните граѓани, кои cтpaвуваат за својата бeзбeднocт, како што претходно најавија, вчера го блокиpaa влезот на Центарот и не им дoзвoлиja на зaвиcницитe да влезат. Ситуацијата стана тeнзичнa кога неколку зaвиcници се обидоа нacилно да ги поминат граѓаните и да влезат во Центарот, на што мораше да се вмеша и пoлициjaтa. Утрово екипата на Инфомакс, која известуваше за пpoтecтитe на граѓаните, беше нaпaднaтa од зaвиcницитe. Дел од нив фpлаа со предмети и бараа да екипата да си зaминe. Видетото погледнете го ТУКА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-kaj-centarot-za-zavisnici-vo-kisela-voda-ekipa-na-infomaks-napadnata-od-zavisnicite-video/feed/ 0
ГРАЃАНИТЕ ПОБЕДИЈА: Центарот за зависници нема да се смести во Општина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-pobedija-centarot-za-zavisnici-nema-da-se-smesti-vo-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-pobedija-centarot-za-zavisnici-nema-da-se-smesti-vo-opshtina-gazi-baba/#respond Wed, 12 Jun 2019 13:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=208446

Граѓаните победија! Центарот за зависници нема да се смести во Општина Гази Баба, информираат од граѓанската иницијатива „Наша Гази Баба“. -Жално е што Градоначалникот Борче Георгиевски не најде време да не прими како граѓани и да разговара со нас. Благодарност до сите граѓани кои протестираа и покажаа отпор кон намерата на Владата и Општината. Граѓанскиот отпор е непобедлив!, стои на Фејсбук страницата „Наша Гази Баба“. Жителите на Гази Баба два пати досега го кренаа својот глас и протестираа против оваа одлука. Тие не се согласуваа Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти.  Учесниците на протестот побараа и оставка од градоначалникот. Минатата среда се одржа вториот протест пред фабриката „Металски завод- Тито“ каде се планираше да се префрли Центарот за зависници од дрога од Кисела Вода во Гази Баба. По првиот граѓански протест и советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба застанаа „во одбрана“ на граѓаните и бараа одговори, како што рекоа, за самоволието на градоначалникот Борче Георгиевски. Сега останува отворено прашањето- Каде ќе се дислоцира Центарот за зависници?]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-pobedija-centarot-za-zavisnici-nema-da-se-smesti-vo-opshtina-gazi-baba/feed/ 0