централен комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Nov 2022 20:09:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png централен комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со две барања: Организирање на предвремени парламентарни избори и итно усвојување на нашите предлози за закрепнување на економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-so-dve-baranja-organiziranje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-itno-usvojuvanje-na-nashite-predlozi-za-zakrepnuvanje-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-so-dve-baranja-organiziranje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-itno-usvojuvanje-na-nashite-predlozi-za-zakrepnuvanje-na-ekonomijata/#respond Thu, 24 Nov 2022 20:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=766081

Денес се одржа седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Прилеп на кои се разговараше за тешката економска и политичка состојба. ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа влада ја донесе државата во девастирачка состојба каде најглавните проблеми на граѓаните се инфлацијата, растечката сиромаштија, скапата струја, ниските плати и лошиот стандард, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. -Не помалку сложена е ситуацијата и на политички план. Владата создавајќи го проблемот со Бугарија државата ја втурна во ќорсокак без надеж за напредок во евроинтеграциите. Нема интеграција, но има условувања и откажувања од идентитетот кои се туркаат на мала врата. Токму поради сето ова Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ усвои две главни барања како одговор на политичката и економската криза. Првото е организирање на предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023та година како единствен излез од економската и политичка криза, и поддршка на Централниот Комитет на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот за неприфаќање на промена на Уставот под диктат на Бугарија. Второто барање се итно усвојување на нашите предлози кои се однесуваат за закрепнување на економијата, стандардот и општественото живеење, а чии предлози се наоѓаат во собрание во форма на предложени амандмански решенија за новиот буџет. Овој пакет од над 10 мерки значи интервентна поддршка на економијата, рече Мисајловски и додаде: „Бараме: 1.Одложување на зголемување на даноците преку одложување на предвиденото прогресивно оданочување кое треба да започне од 01.01.23та година. 2.Спречување на зголемување на цената на струјата за домаќинствата и бизнисот преку одложување на предвиденото зголемување на ДДВ за струја од 05 на 10%. 3.Воведување на викенд без ДДВ до крај на кризната состојба 4.Поддршка на домашните компании преку намалување на акцизата за течни горива. 5.Парична помош на ученици од основно и средно образование од семејствата со месечни примања помали од просечна плата. 6.Субвенции за зголемување на висината на студентскиот оброк од 120 на 160 денари. 7.Реконструкција на студентските домови. 8.Набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени установи. 9.Зголемување на буџетот за набавка на инсулин. 10.Зголемена капитација на бодовите за матични лекари, стоматолози и гинеколози. Сосема е јасно дека со оваа влада Македонија тоне. Потребни се промени кои ќе обезбедат иднина. Бараме сериозен пристап и сериозен одговор од власта“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-so-dve-baranja-organiziranje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-itno-usvojuvanje-na-nashite-predlozi-za-zakrepnuvanje-na-ekonomijata/feed/ 0
Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-vecherva-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-vecherva-vo-prilep/#respond Thu, 24 Nov 2022 17:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=766042

Вечерва во 19:00 часот, во хотел „Кристал палас“- Прилеп, ќе се одржи Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По завршување на Централниот комитет, во 20:00 часот, ќе биде дадена изјава за медиуми. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-vecherva-vo-prilep/feed/ 0
Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Изјава на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски (ВО ЖИВО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-izjava-na-pretsedatelot-na-partijata-hristijan-mickoski-vo-zivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-izjava-na-pretsedatelot-na-partijata-hristijan-mickoski-vo-zivo/#respond Mon, 31 Jan 2022 16:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=625108

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата на Кино Милениум, ќе биде одржан Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Изјава за медиуми ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralen-komitet-na-vmro-dpmne-izjava-na-pretsedatelot-na-partijata-hristijan-mickoski-vo-zivo/feed/ 0
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од референдумот беа груб фалсификат, поднесуваме кривична пријава против над 200 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-rezultatite-od-referendumot-bea-grub-falsifikat-podnesuvame-krivichna-prijava-protiv-nad-200-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-rezultatite-od-referendumot-bea-grub-falsifikat-podnesuvame-krivichna-prijava-protiv-nad-200-lica/#respond Thu, 04 Oct 2018 20:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=110913

За заклучоците од Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа вечерва, информираше потпретседателот на партијата, Александар Николоски. ЦК ги разгледа и потврди заклучоците од вчерашната седница на Извршниот Комитет, а се однесуваат на трите барања на ВМРО-ДПМНЕ: Разрешување на јавниот обвинител и избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, формирање на Анкетна комисија во Собранието која ќе ги истражи сите нерегуларности во врска со референдумот и почитување на законот за Влада и за избори со цел доколку има избори да се формира Влада по Пржински модел со мандат од 100 дена. -ЦК вечерва донесе заклучок итно општинските комитети да формираат општински изборни штабови кои ќе функционираат до завршувањето на претседателските избори. ЦК детални ги анализираше нерегуларностите во одредени општини каде што над 50.000 гласови беа злоупотребени во текот на референдумскиот ден, односно имаше грубо полнење на кутии, како и сите притисоци кои се случија пред референдумскиот ден и сите континуирани притисоци кои се случуваат по референдумскиот ден. Скоро сите претседатели на општински комитети, информираа дека голем број на граѓани кои не излегле на референдумот или имаат сознанија дека излегле, ама гласале против, се разместени од своите работни места надвор од законот за јавна администрација и се бркани од работа од приватните компании. Повторно порачуваме до раководителите во институциите кои се нарекуваат јавна администрација да работат согласно закон, затоа што се документираме и соодветно ќе го процесуираме. До сопствениците на приватни фирми да си се грижат за сопствената работа и за остварување профит, а не за терање политика, истакна Николоски. Партискиот потпретседател рече дека според набљудувачите, се случи грубо и насилно фалсификување на волјата на граѓаните и тоа резултираше со незапамтен грабеж до сега. Затоа, рече Николоски, Централниот комитет ја потврди одлуката дека не го признава резултатот од референдумот и истиот го рачуна за груб фалсификат. -Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ, во текот на утрешниот ден, ќе поднесе кривична пријава до јавното обвинителство против повеќе од 200 лица. Станува збор за претседатели, заменици-претседатели, членови и заменици-членови на избирачки одбори на избирачките места во општините Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај, рече тој. Кривични пријави ќе бидат поднесени и против службени лица од МВР кој, како што обвини, несовесно ја обавувале службената должност за која се овластени, пред, на денот на референдумот и по него. -Повикуваме на обединување на македонските граѓани, кон уривање на погрешните политики на заев, Димитров, Шекеринска и останатите кои ја водат Македонија назад. Потребно е широко народно обединување, со цел заштита на Македонија и издигнување на државата, порача Николоски. Николовски по седницата на Централниот комитет, порача дека ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт и за избори, туку за зачувување на името на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-rezultatite-od-referendumot-bea-grub-falsifikat-podnesuvame-krivichna-prijava-protiv-nad-200-lica/feed/ 0
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Еден кандидат за нов лидер, усвоена анализата за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-eden-kandidat-za-nov-lider-usvoena-analizata-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-eden-kandidat-za-nov-lider-usvoena-analizata-za-lokalnite-izbori/#respond Fri, 22 Dec 2017 09:29:21 +0000 http://kurir.mk/?p=645

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги потврди точките кои ќе се дискутираат на претстојниот вонреден Конгрес кој треба да се одржи денес и утре во Валандово. -Членовите на Централниот комитет беа информирани дека согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ доставил целосна документација до Правната комисија при партијта. Втората кандидатура била нецелосна, односно со неа не е доставена листа на најмалку 30 потписи од делегати кои ја поддржуваат кандидатурата. Централниот комитет ја разгледа и усвои анализата за одржаните локални избори на која што изминатиов работеше поширок тим. Истата анализа со одредени сугестии и дополнувања ќе биде доставена на идното раководство на партијата како би се корегирале пропустите во иднина, информираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Централниот комитет дискутираше и околу актуелната политичка состојба и катастрофалните политики на актуелната власт. -Во недостаток на проекти кои би биле од полза на граѓаните и се поочигледниот економски колапс со кој се соочува државата, власта својата неспособност и деструкција ја покрива со политички прогон и одмазда. Централниот комитет ги осуди конструираните случаи за наводен тероризам, неоснованите притвори и нехуманите услови во кои власта ги држи сите оние кои не се плашеа гласно да се спротистават на антидржавните политики на хунтата, наведуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ck-na-vmro-dpmne-eden-kandidat-za-nov-lider-usvoena-analizata-za-lokalnite-izbori/feed/ 0