централен одбор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 16:46:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png централен одбор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-utre-zakazha-sednitsi-na-tsentralniot-i-izvrshniot-odbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-utre-zakazha-sednitsi-na-tsentralniot-i-izvrshniot-odbor/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=797996

Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ утре ќе одржат седници, потврдија за МИА од партијата. Се очекува претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за евентуално приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши денеска одржа средба. Од Алтернатива не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција. Од АА претходно за МИА информираа дека е постигнат договор за нивен влез во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација. Од СДСМ, пак, посочија дека разговорите околу новото парламентарно мнозинство се во тек и не е ништо конечно, но штом има нешто во интерес на јавноста ќе информираат официјално. Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што ќе ги добие Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменици-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ. Освен со Алтернатива, пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, како што информираа партиски извори, Ковачевски ќе одржи средба и со останатите коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на АА во Владата. Според најавите, по средбата со актуелните коалициски партнери премиерот Ковачевски треба да има средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, со цел конечно да се прецизираат ресорите со кои ќе раководи партијата како нов владин партнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-utre-zakazha-sednitsi-na-tsentralniot-i-izvrshniot-odbor/feed/ 0
Оставката на Заев утре пред Централниот одбор на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-zaev-utre-pred-centralniot-odbor-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-zaev-utre-pred-centralniot-odbor-na-sdsm/#respond Thu, 25 Nov 2021 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=599668

СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев. Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата. Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер. Исто така, дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места. Во меѓувреме, се работеше и на зајакнување на парламентарото мнозинство, откако не успеа обидот за изгласување недоверба на Владата на Заев. Така, утревечер заседава и Алтернатива чие централно претседателство треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев да биде дел од Владата во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-zaev-utre-pred-centralniot-odbor-na-sdsm/feed/ 0
Утре ќе заседаваат највисоките органи на СДСМ – ќе дојде ли оставката на Заев на дневен ред? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-zasedavaat-najvisokite-organi-na-sdsm-kje-dojde-li-ostavkata-na-zaev-na-dneven-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-zasedavaat-najvisokite-organi-na-sdsm-kje-dojde-li-ostavkata-na-zaev-na-dneven-red/#respond Mon, 08 Nov 2021 20:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=592854

Утре ќе заседаваат највисоките партиски органи на Социјалдемократскиот сојуз, објави Фокус, а од партијата најавуваат дека во 18 часот е закажана седница на Извршниот одбор, додека пак во 20 часот ќе заседава Централниот одбор. Сепак, од партијата не се открива дали ќе биде разгледана оставката на Зоран Заев од лидерската позиција, додека пак на прашањето околу тоа што ќе биде на дневен ред на Централниот одбор, од СДСМ кусо одговориле дека тоа ќе биде „актуелната политичка ситуација“. Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да поднесе оставка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-zasedavaat-najvisokite-organi-na-sdsm-kje-dojde-li-ostavkata-na-zaev-na-dneven-red/feed/ 0