Централизирани лаборатории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jun 2018 20:47:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Централизирани лаборатории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николов: Пациентите нема да имаат бенефит од централизираните лаборатории, ако не се организира овој процес ќе се фрла крвта на пациентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-pacientite-nema-da-imaat-benefit-od-centraliziranite-laboratorii-ako-ne-se-organizira-ovoj-proces-kje-se-frla-krvta-na-pacientite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-pacientite-nema-da-imaat-benefit-od-centraliziranite-laboratorii-ako-ne-se-organizira-ovoj-proces-kje-se-frla-krvta-na-pacientite/#respond Fri, 08 Jun 2018 20:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=63814

Во гостувањето на “24 Анализа“ членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, др. Игор Николов зборуваше за централизираните лаборатории дека со таквата одлука пациентите нема да добијат подобри здравствени услуги и дека овој проект според него треба да се направи да биде прво како пилот проект за да се види какви ќе бидат ефектите и дали ќе се заштеди.  - Со ова пациентите нема да добијат подобра здравствена услуга. Што ќе правиме со градовите како што се Прилеп, Гостивар каде што на пример ќе ги праќаат примероците во другите градови. Треба да биде пилот проект, да се направи анализа дали тоа ние ќе заштедиме со оваа мерка. Ако не се организира овој процес како што треба ќе се фрла крвта на пациентите и после треба да му се објасни на пациентот зошто е тоа така направено, рече Николов.  Во врска со немањето министер повеќе од 4 месеци според Николов според тоа се гледа сериозноста на премиерот за здравствениот систем. Тој исто така искажа сомнеж дека овој тендер е неделив за разлика од претходниот што сугерира дека однапред се знае кој ќе го добие. Во врска со давањето на ПЕТ центарот и Брзата помош на приватен оператор, Николов рече дека ако тоа се случи се граничи со трагедија. Тој посочи дека не постои во ниедна земја во Европа каде брзата помош е приватна. Во емисијата гостуваше и Арбен Таравари, поранешен министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар.  - Огранизацијата на самите лаборатории ќе биде тешка ама и со праќањето  на крвта до самите лаборатории ќе биде тешко. За основни крвни испитувања вие треба да го направите тоа централизирано. “Како ќе се справи државата со секојдневниот транспорт не знам. Знаејќи ги условите на тие централизирани лаборатории тоа ќе биде сериозен проблем. Само во Скопје и Тетово тие лаборатории едвај успеваат да менаџираат и со тие луѓе. Македонија не може да развива здравствен систем без стратегија. Тоа е невозможно. Каде е министерот сега да излезе да каже еве ја стратегијата за здравство. Законот за паралелен увоз ја го спремив и го пуштив во Собранието. Не знам зошто заглави, рече Таравари Таравари вели дека мора најголемата работа да се направи во јавното здравство. Според него ако има незадоволни доктори и незадоволен медицински персонал тогаш ќе има незадоволни пациенти.Тој додава дека не вреди да се заштеди пари ако се губи квалитетот на резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-pacientite-nema-da-imaat-benefit-od-centraliziranite-laboratorii-ako-ne-se-organizira-ovoj-proces-kje-se-frla-krvta-na-pacientite/feed/ 0
Блажески: Централизираните лаборатории може да не’ чинат животи, последиците ќе се огромни – сите сме потенцијални пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blazeski-centraliziranite-laboratorii-moze-da-ne-chinat-zivoti-posledicite-kje-se-ogromni-site-sme-potencijalni-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blazeski-centraliziranite-laboratorii-moze-da-ne-chinat-zivoti-posledicite-kje-se-ogromni-site-sme-potencijalni-pacienti/#respond Thu, 07 Jun 2018 20:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=63432

Реформите во здравството мора да бидат аргументирани, алармираат упатените. Доколку реформите не бидат издржани, последиците може да бидат. -Каде е стручната јавност? Сите сме потенцијални пациенти. Зошто од сервилност и страв одбирате да умрете кога ќе посакаат другите?-пишува на својот Фејсбук профил, Дејан Блажески, доктор на науки од областа на менаџмент во здравството. Ова е неговиот статус: Централизираните лаборатории може да не чинат животи, не само уназадување. Ах, уста ти зборувала, шапка ти слушала! Комбинирањето на пресметката на трошоците и мерката за ефикасна интервенција како и нивното користење за одредувањето на приоритетите во функционирањето, претставува најнов придонес на менаџментот во здравството. Некои здравствени економисти тврдат дека е можно да се создаде здравствен систем кој би ја следел исплатливоста, при што би можело да се постигне многу поголема должина на животот или поголема еднаквост, но многу помалку би одговарало на тоа што луѓето го сакаат и што го очекуваат. Исто така отежнато е донесувањето одлуки за приоритетите, затоа што критериумите на оние кои даваат и оние кои ги користат здравствените услуги, не се секогаш компатибилни. Меѓу другото, познато сметководствено правило е дека стоките и услугите не смее да се поистоветуваат. Сето ова упатува на тоа дека здравствени институции се изложени на бројни фактори кои се многу поразлични од обично дејствување на компаниите кои работат во други сфери. Оттаму, произлегува препораката дека клучна е потребата за одговорно однесување на здравствените установи. За крај, основата на медицината е дијагностиката. Со добра дијагностика се намалуваат вкупните трошоци, а се зголемува процентот на превентива и преживување. Реформите мора да бидат аргуметирани. Последиците ќе се огромни! Каде е стручната јавност? Сите сме потенцијални пациенти. Зошто од сервилност и страв одбирате да умрете кога ќе посакаат другите? Ах, уста ти зборувала, шапка ти слушала! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blazeski-centraliziranite-laboratorii-moze-da-ne-chinat-zivoti-posledicite-kje-se-ogromni-site-sme-potencijalni-pacienti/feed/ 0