централна америка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 14:24:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png централна америка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова растение треба да го имате дома: Ги брка лошите луѓе, а ги чува добрите односи во семејството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-rastenie-treba-da-go-imate-doma-gi-brka-loshite-luge-a-gi-chuva-dobrite-odnosi-vo-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-rastenie-treba-da-go-imate-doma-gi-brka-loshite-luge-a-gi-chuva-dobrite-odnosi-vo-semejstvoto/#respond Wed, 08 Mar 2023 14:24:54 +0000 https://kurir.mk/?p=809499

Ова многу декоративно и типично тропско растение потекнува од топлите предели на Централна Америка. Антуриумот е едно од најпопуларните тропски цвеќиња и може да трае долго време во вазна - околу шест недели, па дури и повеќе, во зависност од сезоната и сортата. Домородните Хавајци верувале дека антуриумот е магично растение кое штити од зли духови. Додека според древната кинеска филозофија припаѓа на важни фенг шуи цвеќиња. Имено, ова учење посочува дека антуриумот ги отстранува негативните мисли и ги насочува кон вистинскиот тек. Односно, позитивно влијае на психата и го враќа доброто расположение. Поради способноста да собира негативна енергија, антуриумот развива љубов и ги зачувува добрите односи во семејството, а особено се препорачува за парови чиј брак паднал во монотонија, бидејќи може да им помогне да ги освежат чувствата и да ја направат врската повторно возбудлива. Привлекува богатство, но има услов. За да функционира, во домот мора да живеат добри, чесни и пристојни луѓе, во спротивно не само што нема да донесе пари, туку и самата билка ќе пресуши и ќе пропадне. Атрактивните восочни цветови во форма на срце во светло-црвена боја внесуваат допир на егзотика во секој простор, па не е изненадување што ова зимзелено растение е омилен декоративен детал за многумина. Антуриумот припаѓа на повеќегодишни цветни растенија, така што може да цвета со месеци. Цветовите се состојат од месести цевчести соцвети, спирален облик на бела, зелена, жолта или розова боја и големи месести бректи. Брактите се обоени лисја кои можат да бидат огнено црвени, розови, портокалови, зелени или бели, кружни или во облик на срце. Понекогаш тие се многу тешки, па нивните стебла треба да бидат поддржани за да изгледаат поубаво. Може да достигне висина до 75 см со темнозелени, тврди, кожести и сјајни листови долги околу 30 см. На ова растение му треба многу сончева светлина, но не и директна сончева светлина. Потребна е и многу влага, т.е. редовно наводнување - секој трет ден во текот на летото, а еднаш неделно во зима е доволно. Исто така, многу е важно периодично да се посипуваат листовите со зовриена или стоечка вода. Во оваа прилика внимавајте да не ги намокрите цветовите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-rastenie-treba-da-go-imate-doma-gi-brka-loshite-luge-a-gi-chuva-dobrite-odnosi-vo-semejstvoto/feed/ 0
ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: По една година истрага, уапсени 45 осомничени шверцери на луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralna-amerika-po-edna-godina-istraga-uapseni-45-osomnicheni-shverceri-na-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralna-amerika-po-edna-godina-istraga-uapseni-45-osomnicheni-shverceri-na-lugje/#respond Wed, 22 Sep 2021 09:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=566790

Истражителите во заедничка акција во Панама и Костарика уапсија 45 осомничени шверцери на луѓе, јави ДПА. -Уапсените биле дел од мрежа што ги носи мигрантите кон САД од јужна Панама, преку Костарика за Никарагва, изјави на прес конференција панамскиот обвинител за организиран криминал, Емелдо Маркез. - Истрагата траеше една година и доведе до апсење на 24 осомничени во Костарика и 21 во Панама, рече тој. Осомничените шверцери, наводно, контактирале со мигрантите во прифатните центри во џунглата Дариен и им нуделе да ги земат со себе. Џунглата на границата меѓу Панама и Колумбија е многу опасна поради тешко пристапниот терен и поради бандите кои се активни во тој регион, пренесува ДПА. Според Сојузот на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРК), само од јануари до август годинава, повеќе од 70.000 мигранти ја минале областа кон север, приближно колку во претходните пет години, а најмногу доаѓаат од Хаити или Куба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralna-amerika-po-edna-godina-istraga-uapseni-45-osomnicheni-shverceri-na-lugje/feed/ 0
На Централна Америка по пандемијата со Ковид-19 и се заканува денга треска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-centralna-amerika-po-pandemijata-so-kovid-19-i-se-zakanuva-denga-treska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-centralna-amerika-po-pandemijata-so-kovid-19-i-se-zakanuva-denga-treska/#respond Fri, 24 Apr 2020 12:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=336681

Здравствените системи во земјите од Централна Америка, кои веќе се борат против пандемијата со новиот коронавирус, сега се соочуваат и со закана од епидемија на денга треска поради почеток на сезоната на дождови. Повеќе од 23.000 луѓе се заразиле со денга треската од почетокот на годината во Централна Америка. Минатата година 255 луѓе починале од 192.000 инфицирани со болеста што ја пренесува тигрестиот комарец. Денга треската брзо се шири за време на сезоната на дождови. Во Хондурас од почетокот на годината хоспитализирани се 10.975 луѓе заболени од денга треска, а деветмина починале од последици на вирусот, што предизвикува мачнина, пукање на кожата, слабост, боли во мускулите и главоболка. Во шестте држави од Централна Америка регистирани се над 6.000 заболени лица од Ковид-19, а 200 починале. Само Владата на Никарагва донесе драстични мерки за сузбивање на епидемијата, затворајќи ги границите и воведувајќи изолација на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-centralna-amerika-po-pandemijata-so-kovid-19-i-se-zakanuva-denga-treska/feed/ 0