централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 16:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саудиска Арабија преговара со Турција за депозит во долари во турската централна банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-pregovara-so-turcija-za-depozit-vo-dolari-vo-turskata-centralna-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-pregovara-so-turcija-za-depozit-vo-dolari-vo-turskata-centralna-banka/#respond Tue, 22 Nov 2022 16:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=764929

Саудиска Арабија преговара со Турција за депозит од 5 милијарди долари во турската централна банка, изјави портпаролот на саудиското Министерство за финансии, сигнализирајќи поддршка за напорите на Анкара да ја стабилизира лирата. „Ние сме во завршна фаза од преговорите за исплата на депозит од пет милијарди долари во централната банка на Турција“, изјави портпаролот. Турската централна банка одби да ги коментира разговорите. Неименуван информиран турски функционер рече дека разговорите за размена на валута или договор за депозит со Саудиска Арабија се во завршна фаза. Турската економија е под голем притисок поради падот на вредноста на лирата и инфлацијата што надмина 85 отсто. Договорот за замена или депозит ќе ги зголеми девизните резерви на Турција, што централната банка ги користи за стабилизирање на девизниот курс на домашната валута. Инструментот за размена ќе вклучува исплата на Саудиска Арабија од пет милијарди долари на Турција, која за возврат би платила противвредност во лири на Ријад. Во договорениот рок Турција би и ги вратила доларите на Саудиска Арабија и би ги добила назад лирите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-pregovara-so-turcija-za-depozit-vo-dolari-vo-turskata-centralna-banka/feed/ 0
Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-5-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-5-procenti/#respond Wed, 02 Nov 2022 17:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=754736

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава. Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика. – Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто. Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава. Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-5-procenti/feed/ 0
Централната банка на САД повторно ги покачи каматните стапки за 0.75 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralnata-banka-na-sad-povtorno-gi-pokachi-kamatnite-stapki-za-0-75-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralnata-banka-na-sad-povtorno-gi-pokachi-kamatnite-stapki-za-0-75-otsto/#respond Thu, 22 Sep 2022 05:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=735948

Федералните резерви (Фед), како што уште се нарекува централната банка на САД, ги покачи каматните стапки за 0.75 отсто со намера да се запре галопирачката инфлација. Ова е трет пат годинава со исто такво големо покачување по оние во јуни и јули. Во овој период, Фед ги зголемува трошоците за зајмување во САД со најбрзо темпо во изминатите децении. Сепак, чекорот засега не придонесе толку за намалување на цените. Инфлацијата во август беше 8.3 отсто, за малку пониско од јули. Во САД цените на бензинот навистина се намалија од рекордните во јуни, додека половните возила и, на пример, авионските билети можеби поевтинија до некаде, но другите трошоци како за кирија, прехранбени продукти и струја, продолжија да растат. Уште повеќе, високите цени се проширија и кај стоки и услуги кои не се директно поврзани со пандемијата или војната во Украина, укажувајќи дека инфлацијата добила на замав и не може да биде зауздана набргу. -Инфлацијата е сè уште во црвено и нема да се намали толку брзо од очекуваното. Фед управува со пораката ’комплицирана љубов‘, укажувајќи дека каматните стапки ќе бидат повисоки и подолго од очекуваното, изјави Грег Мекбрајд, главен финансиски аналитичар во Bankrate.com. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/centralnata-banka-na-sad-povtorno-gi-pokachi-kamatnite-stapki-za-0-75-otsto/feed/ 0
Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-25-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-25-procenti/#respond Thu, 07 Jul 2022 09:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=701553

Силната ценовна криза услови Централна банка на Албанија повторно да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 1,25 проценти, што е втора интервенција годинава, за да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика. Гувернерот на централната банка, Гент Сејко изјави дека последиците од војната во Украина веќе се материјализирале со зголемување на инфлацијата, забавувајќи ги стапките на раст на албанската економија. – Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од нивото од 1,0 отсто на ниво од 1,25 проценти; да се зголеми еднодневната каматна стапка на кредитот за 0,35 процентни поени, од 1,9 отсто на 2,25 проценти; како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите за 0,15 процентни поени, од 0,1 на 0,25 отсто, изјави Сејко. Тој најави дека инфлацијата ќе достигне врв во третиот квартал од годинава. – Очекуваме инфлацијата да достигне максималното ниво во третиот квартал годинава. Ја чекаме ажурираната бројка за месец јуни, останува да видиме. Изненадувачки се бројките во овој период што економиите се соочуваат со последователни кризи, истакна Сејко. Според него инфлацијата, што во мај изнесуваше 6,7 проценти, се очекува да се врати на целта на банката во првата половина на 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralna-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-25-procenti/feed/ 0
Централната банка на Босна и Херцеговина очекува висока стапка на инфлација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralnata-banka-na-bosna-i-hercegovina-ochekuva-visoka-stapka-na-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralnata-banka-na-bosna-i-hercegovina-ochekuva-visoka-stapka-na-inflacija/#respond Wed, 23 Mar 2022 14:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=652060

Централната банка на Босна и Херцеговина денеска предупреди дека земјата годинава ја очекува голем раст на инфлацијата, поради неповолните економски влијанија и постојаниот раст на цените, предизвикани од руската инвазија на Украина. - Инфлацијата за првата половина од годинава ја проценуваме на 9.2 отсто, се наведува во соопштението на банката. Инфлацијата за првата половина од 2022 година, во декември е проценета на 4.5 отсто. Силниот раст на инфлацијата се темели на очекуваното зголемување на цените на нафтата, гасот и на храната на меѓународните пазари за испорака за првите шест месеци годинава. Забавување на инфлацијата се очекува во втората половина од годината, првенствено поради базниот ефект од 2021 година и претпоставката дека нема да има натамошен интензивен раст на цените на храната и на енергијата. Се предупредува дека сите прогнози се несигурни. Постои закана и од зголемување на цената на електричната енергија, Босна и Херцеговина ја има доволно за свои потреби, но, трошоците за производство, веројатно, ќе мора да се усогласат со тие на светскиот пазар. Влијание ќе има и на очекуваниот раст на БДП, што претходно за 2022 година е проценет на ниво од 3.9 отсто, а сега е извесно дека ќе биде значително помал, но, од банката не наведуваат колку ќе изнесува тоа намалување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/centralnata-banka-na-bosna-i-hercegovina-ochekuva-visoka-stapka-na-inflacija/feed/ 0
Стапија на сила европските санкции за руската Централна банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-na-sila-evropskite-sankcii-za-ruskata-centralna-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-na-sila-evropskite-sankcii-za-ruskata-centralna-banka/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=637997

Санкциите на Европската унија против руската Централна банка утринава стапија на сила откако беа објавени во официјалниот Службен весник на ЕУ а Швајцарија исто така соопшти дека „е многу веројатно“ дека наскоро ќе ги замрзне руските средства во своите банки. -Санкциите вклучуваат забрана за трансакции со руска финансиска институција, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Хина. Ќе се замрзнат и сите средства на банката во ЕУ за да се блокира финансирањето на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Мерката се смета за значајна како и планираното исклучување на руските финансиски институции од банкарската мрежа SWIFT.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-na-sila-evropskite-sankcii-za-ruskata-centralna-banka/feed/ 0
Прва жена извршен директор во историјата на Централната банка на Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-izvrshen-direktor-vo-istorijata-na-centralnata-banka-na-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-izvrshen-direktor-vo-istorijata-na-centralnata-banka-na-japonija/#respond Tue, 12 May 2020 12:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=344984

Јапонската централна банка за извршен директор првпат во 138 години назначи жена. Токико Шимицу, 55-годишна банкарка, стана првата жена во долгата историја на банката која зазема една од шесте позиции на извршен директор. Таа е назначена на позицијата извршен директор како дел од големата реорганизација во централната банка, со што стана дел од тимот од шестмина раководители одговорни за управувањето со секојдневното работење на централната банка. Шимицу работи во Банката на Јапонија од 1987 година. Банката е основана во октомври 1882 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-izvrshen-direktor-vo-istorijata-na-centralnata-banka-na-japonija/feed/ 0
Сејко: Најсилен удар економијата ќе претрпи во вториот квартал од годинава, закрепнување во 2021 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/#respond Tue, 12 May 2020 12:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=344975

Централната банка на Албанија предвидува дека во второто тримесечие од годинава ќе има силен удар врз економијата, поради пандемијата со Ковид-19 и масовната изолација, јави дописничката на МИА од Тирана. Гостувајќи во телевизиска емисија, гувернерот Гент Сејко додаде дека и во второто и третото тримесечие од годинава ќе има, но помал пад на економијата, а нејзино закрепнување се очекува во 2021 година. – Албанската економија, како и во целиот свет, беше погодена од Ковид-19. Не само што побарувачката, туку и производството е погодено. Предвидуваме најсилниот удар врз албанската економија да биде во вториот квартал. Тој удар во третиот и четвртиот квартал на 2020 година ќе имаме економски пад не толку силен како во вториот квартал, но закрепнувањето ќе дојде во 2021 година, секако во случај да немаме враќање на коронавирусот и повторување на мерките за изолација, рече Сејко. Тој очекува во летниот период да има, како што вели, релаксирано менаџирање и повторно отворање на економската активност. Туризмот, посочува, е еден од главните сегменти во Албанија и очекува од јуни да има постепено отворање. Пред корона кризата јавниот долг на земјата бил 65 отсто од бруто домашниот производ и гувернерот предвидува негово зголемување, бидејќи Владата е принудена да се задолжи. – Албанската Влада зема кредит од ММФ за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата. Ова автоматски доведе до зголемување на јавниот долг кој пред пандемијата изнесуваше 65 отсто од БДП. Нивото на долг дефинитивно ќе се зголеми, но важно е да го поминеме ова време на криза без банкрот и разбивање и да можеме да ја одржиме финансиската и монетарната стабилност на земјата, изјави Сејко. Според него, во оваа криза принудени се да преминат од фискална консолидација во еден вид фискално олеснување. Тој е оптимист дека нивото на долг повторно ќе се намали, доколку има добро фискално управување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/feed/ 0
Заев му ветил на Ахмети дека следниот гувернер на Централната банка ќе биде Албанец! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-mu-vetil-na-ahmeti-deka-sledniot-guverner-na-centralnata-banka-kje-bide-albanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-mu-vetil-na-ahmeti-deka-sledniot-guverner-na-centralnata-banka-kje-bide-albanec/#respond Fri, 01 Mar 2019 09:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=169756

Премиерот Зоран Заев и  неговиот коалициски партнер Али Ахмети се согласија дека во замена за поддршка на заеднички кандидат на ДУИ, од редовите на СДСМ или блиску до неа, најголемата албанска партија да ги преземе позицијата гувернер на Централната банка, изјавија владини извори за "Журнал.мк". Извори од владејачката коалиција, кои побарале да останат анонимни, рекоа дека Заев и Ахмети веќе се договорени кој ќе биде заедничкиот кандидат за изборите на 21-ви април, а името на истиот ќе го објават денеска, како што најави шефот на ДУИ. -А за возврат, Заев ветил дека ќе ги задоволи долгогодишните барањата и цели на ДУИ за Албанец да биде на чело на Централната банка на земјата, изјави за Журнал истиот извор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-mu-vetil-na-ahmeti-deka-sledniot-guverner-na-centralnata-banka-kje-bide-albanec/feed/ 0
Заменик- гувернерот на Турската централна банка ќе поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zamenik-guvernerot-na-turskata-centralna-banka-kje-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zamenik-guvernerot-na-turskata-centralna-banka-kje-podnese-ostavka/#respond Thu, 30 Aug 2018 13:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=94291

Заменик-гувернерот на турската централна банка, Еркан Килимџи, ќе поднесе оставка, информираат извори запознаени со случајот. Килимџи, кој е и член на комисијата за монетарна политика, ќе стане член на Управниот одбор на турската банка за развој, велат изворите. Турската Централна банка е изложена на притисок од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој настојува да не се зголемуваат каматите и покрај тоа што турската лира загуби над 40 проценти од својата вредност во однос на доларот оваа година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zamenik-guvernerot-na-turskata-centralna-banka-kje-podnese-ostavka/feed/ 0