цензура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 07 May 2023 14:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цензура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Институциите координирано ќе одлучуваат дали да се забрани ТикТок во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutsiite-koordinirano-ke-odluchuvaat-dali-da-se-zabrani-tiktok-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutsiite-koordinirano-ke-odluchuvaat-dali-da-se-zabrani-tiktok-vo-makedonija/#respond Sun, 07 May 2023 14:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=831523

Министерот за  информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. -Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу. Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал. -Оттаму, Министерството за информатичко општетсво и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу. Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини. -Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комуникација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutsiite-koordinirano-ke-odluchuvaat-dali-da-se-zabrani-tiktok-vo-makedonija/feed/ 0
ЗНМ: Односот на владините службеници е ЦЕНЗУРА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-odnosot-na-vladinite-sluzhbenitsi-e-tsenzura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-odnosot-na-vladinite-sluzhbenitsi-e-tsenzura/#respond Sat, 04 Feb 2023 11:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=796083

Расправање и недоличен однос на административни службеници од владиниот протокол кон новинарски екипи, нелогични правила кои ограничуваат влез на новинари и физички ги дели новинарите од снимателите од местото на настанот, игнорантски однос на новинарски прашања, селективно издавање акредитации на медиумите се дел од пропустите и грешките кои институциите ги прават за време на денешното одбележување на официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св. Спас“ во Скопје, велат од ЗНМ. -Настанот се уште трае што остава можност на организаторите да се коригираат овие грешки и да се излезе во пресрет на новинарите и снимателите кои се таму, бидејќи што тоа им е професионална обврска во насока на известување за потребите на граѓаните и задоволување на јавниот интерес. Санкција од Владата за постапките на службеничката е само првиот чекор што треба да води кон сериозна промена на односот кон новинарите и медиумските работници. Укажуваме дека административни службеници немаат овластувања да комуницираат со новинари на терен, па дури и дрско да им наредуваат каде тие треба да се позиционираат и како треба да си ја вршат новинарската работата. Бараме и објаснување од кабинетот на премиерот зошто новинарите во првиот дел на одбележувањето на овој настан имаа забрана за влез во објектот на „Св. Спас“, истакнуваат од ЗНМ. Предупредуваме дека вакви арбитратни одлуки, не само што креираат лоша пракса за организирање на идни настани од страна на Владата, туку ја вознемируваат новинарската заедница и ги ограничуваат присутните новинари да имаат пристап до случувањата кои се од јавен интерес, додаваат од ЗНМ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-odnosot-na-vladinite-sluzhbenitsi-e-tsenzura/feed/ 0
„Brussels Morning“ пишува за цензурата која Владата ја прави на медиуми во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brussels-morning-pishuva-za-tsenzurata-koja-vladata-ja-pravi-na-mediumi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brussels-morning-pishuva-za-tsenzurata-koja-vladata-ja-pravi-na-mediumi-vo-makedonija/#respond Fri, 03 Feb 2023 20:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=795941

Информациите за цензурата врз македонски медиуми, стигна и до седиштето на ЕУ. Медиумите во Брисел пишуваат за селективниот пристап на Владата во Скопје врз медиумите кои не известуваат по нивната наредба. Па така, влијателниот Brussels Morning Newspaper“ објави текст насловен „На медиумите им е забрането да известуваат на денот на одбележувањето на денот на херојот во Cеверна Македонија“ . Весникот дава образложение за македонско-бугарскиот спор и ја пренесува изјавата на новинарот Игор Чавески за причините што Владата цензурира медиуми. По работните процедури за слични настани,  преку електронска пошта испративме барање до Владата за дозвола нашите новинарски екипи да бидат присутни на спомен-местото каде што почива Гоце Делчев во Скопје. Но, за жал, ни беше одбиена дозвола да се занимаваме со нашата новинарска работа без конкретна причина. Накратко, владините портпароли Мухамед Хоџа и Душко Арсовски не одговорија на нашите повици и добивме само мејл во кој во „Република“ и „Пресинг ТВ“ не информираа дека немаме дозвола да присуствуваме на почесното место во главниот град. По овој одговор, медиумите за кои работам побараа помош од две новинарски здруженија во Cеверна Македонија МАН и ЗНМ. Дополнително, истиот ден ја известивме и Европската комисија за овој инцидент“, изјави новинарот на РЕПУБЛИКА за Брисел морнинг.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brussels-morning-pishuva-za-tsenzurata-koja-vladata-ja-pravi-na-mediumi-vo-makedonija/feed/ 0
Катарците цензурираа, па му се извинија на дански новинар (Видео) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/katarcite-cenzuriraa-pa-mu-se-izvinija-na-danski-novinar-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/katarcite-cenzuriraa-pa-mu-se-izvinija-na-danski-novinar-video/#respond Wed, 16 Nov 2022 22:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=762046

Катар е соочен со многу предизвици како организатор на Светско фудбалско првенство, а како се ближи почетокот на турнирот се појавуваат и првите проблеми за домаќините. Малата, но богата азиска земја ќе биде во центарот на вниманието со секој направен потег, а тоа се покажа и во првата проблематична ситуација која донесе негативен фидбек за организаторот. Дански новинар известуваше од Катар во пресрет на мундијалот, кога на местото пристигнаа неколку лица кои и забранија на екипата да снима, па дури се закануваа дека ќе ја скршат камерата. Телевизијата „ТВ2“ го објави прилогот кој заврши неславно и тој веднаш се прошири на социјалните мрежи, за новинарот Расмус Тантхолд вечерва да пренесе дека добил официјално извинување од катарските власти и организацискиот одбор на СП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/katarcite-cenzuriraa-pa-mu-se-izvinija-na-danski-novinar-video/feed/ 0
Цензорот Таче и неговото право https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cenzorot-tache-i-negovoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cenzorot-tache-i-negovoto-pravo/#respond Mon, 07 Feb 2022 10:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=627973

Во Македонија присуствуваме на еден стар феномен – она, кога ученикот ќе го надмине учителот. Да, Таче е на одличен пат да го засени Црпко, пустиот секој ден е се’ поблиску до титулата македонски најајван политичар. Ок, политикант де... Некој пред само три недели (толку е на власт) да ви зборуваше дека на политичката сцена ќе се појави лик кој со брзина на светлината ќе успее толку бргу да го симне Зоќи од дилајла - пиедесталот и престолот, ќе речевте: Нема шанси, ЗЗ е еден! Заев така лесно не се минува! Зоче е ултимејт хунтаџија, северџан прима! Арно ама, не било баш така... За само три недели неговиот црпнат престолонаследник направи дузина „чудесии“, антимакедонски и антинародни акции на кои дури и неговиот ментор може да му подзавиди. Ако некој се сомневаше во Тачевата анационална хипер активност, тој со јуриш во 5-та брзина ги демантираше Неверните Томи. Можело и полошо, похунтаџиски, позабегано, поцензорски. Нова потврда за вистината - СДССССС, и се’ е можно... Од вториот ден на власт, кумановскиот Ќуран скокаше ко мало дете околу Петков и се фаљотеше со прифатено „кратко“ име, во кое кратко беше само националното чувство кое го немаше никаде, следуваше уште посервилниот настап во Софија и аминот за Бугари во Устав, па штетничката „заедничка“ прослава на македонскиот великан Гоце Делчев, без ниту еден збор против искажаните бугарски лаги и извртување на историјата за нашиот апостол на слободата, за да четвртата недела од владеењето ја стартува со најава за севернокорејска цензура на граѓанската слободна мисла и закон со кој како навреда ќе се толку дури и „негативно мислење“?!?! Видоа на ФБ реакции, па ФБ владата се повлече за негативното, ама законот си остана цензорски „до даска“... Секое летенце, ново детенце, а кај цензорот Таче е - Секоја недела нова ујдурма и антимакедонска авантура. И сега? Сега ќе не принудат да молчиме како залиени додека Тачевци и Заевци ја уништуваат историјата, ги распродаваат нашите светци и револуционери, го черечат јадрото и темелот на македонштината, на Македонија? Очебијно, новиот цензорски закон е обид на Заевци за нов „27-април“,  антинародна закана со која ќе се обидат да ја замолчат јавноста и протестите против нивните политикантски глупоштии. Она што наместениот случај за 27 април и драконските казни за македонските патриоти беа за смената на името, сега за промена на историјата ќе биде Законот за навреда, „помошно средство“  со кое Тачевци ќе ја тераат новата епизода во растурањето на државата и насилното затворање на македонското прашање. А новите Кацарски и Вилми биле во позиција на низок старт. Колку парадоксално и комуњарски - со цензура на народот ќе ја затскриваат цензурата на македонската историја? Толку неолиберално и сороспијски... Само, една работа превидовте. Нафта веќе никој одамна не пие. На страна што ја поскапевте до небеса, туку и вкусот е огавен, нека си ја конзумираат вашите северџани. Второ, со сила убавина не бива, а вие ја претеравте. Трето, слободна мисла со закони, санкции и репресии не се убива. Добро знаете што таков забеган и дикаторски чин раѓа. Ништо добро, за креаторите... Затоа, Заевци, најдете начин да си го смирите од критиките загрижениот и растреперен Таче, кој велат дека често под перница плаче. Нека вози мотори, нека лета со хеликоптери ли, нека тресе зелени ко менторот Црпко, нека си најде некое другарче ко Венко, канал за празнење на нервозата. Ете, дури и Пендаровски си најде оддишка. Пиша дека бил платен да трпи критика и пустиот си најде утеха во парите... Аман, најдете му хоби на Тачето, под итно, сторете се’ за да ги тргне рачињата од македонската историја и од Законите со кои Македонија ќе стане Северна, ама Кореја...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cenzorot-tache-i-negovoto-pravo/feed/ 0
Оваа земја воведе цензура врз медиумите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-vovede-cenzura-vrz-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-vovede-cenzura-vrz-mediumite/#respond Fri, 30 Jul 2021 18:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=544158

Тајландската Влада забрани споделување на вести кои „предизвикуваат страв кај јавноста“, дури и да се вистинити, јави Гардијан додавајќи дека Владата се соочува со зголемени критики за начинот на кој се справува со пандемијата. Владата на Тајланд ги заостри мерките според вонредниот указ издаден пред повеќе од една година, кој првично беше насочен кон лажни вести. Според последните ограничувања, на луѓето им е забрането да шират „информации што предизвикуваат страв кај јавноста“ или да споделуваат „искривени информации што предизвикуваат недоразбирања кои влијаат на националната стабилност“. Мерките беа осудени од медиумските групи и експерти за човекови права како обид да се запрат негативните вести и да се замолчи дебатата. Сунај Фасук, висок тајландски истражувач во азиската филијала на Хјуман рајтс воч, го опиша како „сериозен удар“ врз слободата на печатот во земјата. – Мислам дека Владата е свесна оти сега се соочува со криза на доверба поради катастрофалниот одговор на ситуацијата со Ковид-19, но наместо да се обидува да најде подобри и поефективни решенија, таа избира да ги спречи сите да зборуваат за нејзините неуспеси, рече Сунаj.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-vovede-cenzura-vrz-mediumite/feed/ 0
Грозданов вели дека и покрај цензурата граѓаните повеќе читаат опозициски медиуми (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanov-veli-deka-i-pokraj-cenzurata-gragjanite-povekje-chitaat-opoziciski-mediumi-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanov-veli-deka-i-pokraj-cenzurata-gragjanite-povekje-chitaat-opoziciski-mediumi-video/#respond Fri, 15 Jan 2021 10:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=455679

Утрово, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин медиумскиот експерт Виктор Грозданов со кој се зборуваше како да се надмине пропагандата каде се цензурирани некои медиуми. Тој вели дека публиката преферира да чита опозициски медиуми, меѓу кои го спомнува и нашиот медиум Лидер, но и ја нагласува значајноста на читателите. – Јас никогаш не сум ја потценувал публиката која ги следи медиумите, вели Грозданов. Понатаму тој зборува за некои имиња кои се блиски до власта, детално може да слушнете во видеото, но како пример ја издвојува Ивана Хаџиевска. Со новинарот Златев ја коментираат дека Ивана Хаџиевска прави „причини за да се извинуваме“. Во емисијата „Утро со Златев“ тој додава дека и рејтингот на телевизиите Телма и 24, е помал од Алфа. Тој вели дека граѓаните се наклонети повеќе кон опозициските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanov-veli-deka-i-pokraj-cenzurata-gragjanite-povekje-chitaat-opoziciski-mediumi-video/feed/ 0
Обрадор најави меѓународна борба против цензурата на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-najavi-megjunarodna-borba-protiv-cenzurata-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-najavi-megjunarodna-borba-protiv-cenzurata-na-socijalnite-mrezi/#respond Fri, 15 Jan 2021 06:30:38 +0000 https://kurir.mk/?p=455512

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор вети меѓународна борба против цензурата на социјалните мрежите, кои ги блокираа или суспендираа профилите на американскиот претседател Доиналд Трамп. – Можам да Ви кажам дека на првиот состанок на Г-20 што ќе го имаме, ќе го покренам тоа прашање. Да, социјалните медиуми не би требало да се користат за поттикнување на насилство и сето тоа, но тоа може да се користи како изговор за суспендирање на слободата на изразување, посочи Обрадор. Тој истакна дека една компанија не може да се однесува како се моќна, „како некој вид на шпанска инквизиција“. Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард истакна дека Мексико ќе покрене меѓународна кампања против цензурата на социјалните мрежи. – Откако се огласи нашиот претседател веднаш стапивме во контакт со другите лидери кои мислат исто, посочи Ебрард, додавајќи дека контактирале со претставниците на Франција, Германија, Европска Унија, Африка, Јужна Америка и од Југоисточна Азија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-najavi-megjunarodna-borba-protiv-cenzurata-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: И денес работи црвениот телефон за цензура на Заев, опозицијата и денес ја нема на Телма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-raboti-crveniot-telefon-za-cenzura-na-zaev-opozicijata-i-denes-ja-nema-na-telma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-raboti-crveniot-telefon-za-cenzura-na-zaev-opozicijata-i-denes-ja-nema-na-telma/#respond Sun, 22 Nov 2020 20:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=432938

И денес работи црвениот телефон за цензура на Заев, опозицијата и денес ја нема на Телма, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. И денес на телевизијата Телма чие сопствеништво е на компанијата Макпетрол кон која Владата одлучи да и се платат 32 милиони евра за гасоводот, немаше ниту еден прилог каде е застапена опозицијата. Наспроти ова ревносно се пренесувани владините активности и изјави на челните луѓе на владата. Ваквата неизбалансираност, поточно целосното отсуство на ставовите на опозицијата е во спротивност со новинарските стандарди за избалансирано известување. Во состојба на цензура која доаѓа по бруталното откажување на интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е принудена да ги искористи сите легитимни начини да биде застапена и да ги изрази своите ставови меѓу кој е и ова соопштение. Заев наместо да почне преговори со ЕУ, прави цензура врз опозицијата на Телма. Ги охрабруваме новинарите да не подлегнуваат и да дадат отпор на обидите на цензурирање. Ги поттикнуваме и другите медиуми кои се под жесток притисок да известуваат демократски и ги охрабруваме да останат на страната на принципите, стандардите и демократијата, да издржат бидејќи не за толку долго работите ќе се променат кон поголема демократија и слобода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-raboti-crveniot-telefon-za-cenzura-na-zaev-opozicijata-i-denes-ja-nema-na-telma/feed/ 0
Црвениот телефон на провладината Телма проработе, Мицкоски брутално цензуриран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-telefon-na-provladinata-telma-prorabote-mickoski-brutalno-cenzuriran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-telefon-na-provladinata-telma-prorabote-mickoski-brutalno-cenzuriran/#respond Wed, 18 Nov 2020 19:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=431444

Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано. Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата. Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот. Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезионрентирана. Жалам, но не повеќе Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Главен и одговорен уредник на телевизја Телма е Атанас Кировски.
Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма.... Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, November 18, 2020

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-telefon-na-provladinata-telma-prorabote-mickoski-brutalno-cenzuriran/feed/ 0