цензурирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jan 2021 11:56:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цензурирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ се пофали дека цензурира вести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-se-pofali-deka-cenzurira-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-se-pofali-deka-cenzurira-vesti/#respond Wed, 06 Jan 2021 11:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=452406

Речиси да нема ден а да не се слушне некоја нова шокантна изјава од владејачката партија. На СДСМ слаба страна им е реализација на проектите кои ги ветија, но затоа добро им оди кога станува збор за презентирање на некој нов проект, од кои граѓаните не би имале никаков бенефит и не би значел подобрување на животниот стандард кој е многу паднат откако оваа владејачка гарнитура е на власт. Најновиот проект со кои сега се фали СДСМ е дека наводно ќе се борат против лажните вести на кои тие самите се креатори, а од друга страна пак сега потврдуваат дека вршат цензура на вестите. Имено, ова го потврди и портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска која на прес конференција изјави дека таканаречениот план Акција 21 ќе има за цел да ги спречи лажните вести и покрај тоа што токму тие се креаторите на лажни вести и ширење на дезинформации. Како што изјави Кузеска ќе се изработи план и акција со кои ќе има засилени активности и консултации со медиумските работници и граѓански сектор против ширење на дезинформации. Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтензивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата, рече Кузеска. Ова би било во ред доколку власта е одлучна и првиот чекор на борбата против ширење на лажни вести би започнал токму од нив први. Но, имајќи во предвид дека во минатото власта ги цензурира медиумите кои се критични настроени кон неа, не се очекува истиот да ги покаже посакуваните очекувања и позитивни резултати, туку сосема спротивно. За потсетување на јавноста ова не е прв ваков случај власта да врши цензура на медиумите, односно само пред неколку месеци јавноста беше сведок на бројни кривични обвиненија кон новинари Љупчо Златев од Лидер, Алрксандар Митовски од Инфомакс, кои во интерес на јавноста известуваат за криминалното дејствување на власта и нејзини високи функционери, но и затворски пресуди на новинари поради објавување на вести со доказни содржини. Кога станува збор за ваквиот однос, новинарите велат дека премиерот Заев се обидува да ги цензурира и замолчи, а со тоа и да навлезе во медиумската слобода на изразување и да ги спречи во својата работа, бидејќи со ова власта практично како и до сега ќе продолжи да ги контролира и ќе навлезе во нивниот простор на информирање на граѓаните за работи кои се од јавен интерес, но и директно вршење на притисок врз новинарите. До сега ниту една новинарско здружение ја нема поздравено ваквата одлука, што укажува дека ова за нив е неприфатливо. За потсетување на јавноста, премиерот Зоран Заев покажа големо нетрпение кон одреден новинари кои го критикуваа, посочувајќи ги одредени новинари „Вие контравладините медиуми“ или изјавите од типот „Неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер нема да ја турнат владата“, алудирајќи на новинарот Бранко Героски. Вакви најави од типот на борба против лажните вести и говор на омраза СДСМ ветуваше многу претходно, но и понатаму сме сведоци на се почестите физички пресметки, закани и притисоци, но и на селективното информирање на медиумите кога станува збор за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-se-pofali-deka-cenzurira-vesti/feed/ 0