церемонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jan 2021 09:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png церемонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Пенс нема да се појави на церемонијата за збогувањето на Трамп – планирано е да присуствува на инаугурацијата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/#respond Wed, 20 Jan 2021 09:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=457384

Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, нема да се појави на церемонијата на збогувањето на Доналд Трамп во базата Ендрус, потврдено е од неговиот кабинет, пишува Си-Ен-Ен. Според календарот на неговите обврски, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден во Вашингтон, така што тој не може да биде на две места истовремено, изјави извор за Си-Ен-Ен. Трамп утрово ќе полета со хеликоптер од Белата куќа и тоа ќе биде можност Пенс да се збогува од него. На Твитер, Пенс им се заблагодари на Американците за привилегијата четири години да бидат потпретседател на Соединетите држави и сподели фотографии направени за време на неговиот мандат, но ниту една не го покажува претседателот Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/feed/ 0
ФОТО: Прошталната церемонија за Марадона ќе трае 48 часа, еве каде ќе се одржува https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-proshtalnata-ceremonija-za-maradona-kje-trae-48-chasa-eve-kade-kje-se-odrzuva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-proshtalnata-ceremonija-za-maradona-kje-trae-48-chasa-eve-kade-kje-se-odrzuva/#respond Thu, 26 Nov 2020 08:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=434572

Церемонијата на збогување со починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона ќе се одржи во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател. Настанот ќе трае 48 часа. Се очекува околу еден милион луѓе да присуствуваат на церемонијата. Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 – 1982, 1995 – 1997), Барселона (1982 – 1984) и Наполи (1984 – 1991). Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година. Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир. Ќе остане запаметен и по „Божјата рака“ од дуелот со Англија (2:1) кога постигна гол со рака во четвртфиналето на СП 1986 година. Марадона исто така го освои италијанскиот шампион двапати со Наполи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-proshtalnata-ceremonija-za-maradona-kje-trae-48-chasa-eve-kade-kje-se-odrzuva/feed/ 0
ВО ЖИВО: Запален олимпискиот оган https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/#respond Thu, 12 Mar 2020 10:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=315530

Во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах и претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, но без публика и со број на гости сведен на минимум поради коронавирусот, денеска во античка Олимпија, со помош на сончевите зраци ќе биде запален олимпискиот оган. По палењето, олимпискиот оган преку 31 грчки град, по поминати 3.500 километри, 15 археолошки локалитети, 822 наутички милји следната седмица, на 19 март, ќе пристигне на Олимпискиот стадион во Атина и ќе им биде предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио. Олимпискиот оган ќе патува на Пелопонез, оттаму преку атинското пристаниште Пиреас ќе стигне на островот Крит, па повторно назад во грчката престолнина за да замине за северна Грција и на крај, по седум дена да се врати во Атина и да преноќи на Акропол пред да им биде предаден на организаторите. Во штафетното пренесување на факелот со олимпискиот пламен низ Грција, оваа година, за прв пат имаа можност да учествуваат и обичните граѓани, а во грчкиот Олимписки комитет стигнале 2.500 пријави. Вчера, успешно заврши генералната проба на палењето на олимпискиот оган, што помина без публика поради вонредните мерки за заштита од коронавирусот. Грчкиот олимписки комитет на состанокот одржан во понеделникот, „земајќи ги предвид последните одлуки на владата за заштита на јавното здравје“ поради Ковид-19, одлучи церемонијата на палење на олимпискиот оган за Летните олимписки игри, да се одржи без публика, само со 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари. Од Грчкиот олимписки комитет упатија повик до градоначалниците на градовите низ кои ќе помине олимпискиот оган, да ги следат упатствата на Министерството за здравство на Грција и Националната организација за јавно здравје ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/feed/ 0