чад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 18:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Помеѓу 10.000 и 20.000 Суданци побегнале во Чад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-pomegu-10-000-i-20-000-sudantsi-pobegnale-vo-chad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-pomegu-10-000-i-20-000-sudantsi-pobegnale-vo-chad/#respond Thu, 20 Apr 2023 19:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=826053

Помеѓу 10.000 и 20.000 луѓе побегнале од конфликтот во Судан во соседен Чад, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) чии членови се присутни на границата на двете земји. - Повеќето од оние што бегаат се жени и деца. УНХЦР тесно соработува со владата на Чад и нејзините партнери за да ги процени нивните потреби и да подготви заеднички одговор, се вели во соопштението. Источниот дел на Чад веќе примил повеќе од 400.000 судански бегалци и „новите бегалци вршат дополнителен притисок врз јавните служби и ресурсите во земјата“, додаде УНХЦР. Најитни потреби се вода, храна, засолниште, здравствена заштита, заштита на децата и превенција од родово насилство. Судирите меѓу армијата и паравоените сили во Судан почнаа пред неколку дена, во екот на борбата за власт меѓу двајцата генерали кои управуваат со земјата од државниот удар во 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-pomegu-10-000-i-20-000-sudantsi-pobegnale-vo-chad/feed/ 0
Во Доха потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/#respond Mon, 08 Aug 2022 09:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=715518

Во Доха денеска беше потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи, пред широкиот дијалог за национално помирување што ќе се одржи на 20 август. На церемонијата на потпишување на договорот, во кој страните се согласија да учествуваат во национален инклузивен дијалог, присуствуваа претставници на повеќе од 30 бунтовнички групи. Церемонијата е организирана по неколкумесечни преговори во главниот град на Катар. Махамат Зене Шериф, министер за надворешни работи на привремената воена влада, изјави дека верува оти договорот ќе доведе до одржлив мир во Чад и дека 1.500 делегати ќе присуствуваат на националниот дијалог закажан за 20 август. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/feed/ 0
Стотина луѓе загинаа во судирите помеѓу рударите во Чад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/#respond Mon, 30 May 2022 13:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=683626

Околу сто луѓе се убиени во судирите што се случија на 23 и 24 мај помеѓу самостојните рудари на злато во северниот дел на Чад, изјави денеска министерот за одбрана Дауд Јаја Брахим. Судирите избија во рудник за злато во планинскиот округ Коури Боугоуди, во близина на границата со Либија. Брахим наведе дека сите неформални рударски операции се запрени и оти продолжува евакуацијата на луѓе од локацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/feed/ 0
Етна повторно се активира: Од кратерот излегуваат лава, чад и пепел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/#respond Mon, 05 Jul 2021 13:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=532283

Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта на од  неговата југо-источна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција и претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел. И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во централниот дел на Сицилија. Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на 3.000 метри надморска височина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/feed/ 0
ЦЕЛА НАЦИЈА ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Вчера беше прогласен за претседател на државата, денес загина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cela-nacija-vo-neveruvanje-vchera-beshe-proglasen-za-pretsedatel-na-drzavata-denes-zagina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cela-nacija-vo-neveruvanje-vchera-beshe-proglasen-za-pretsedatel-na-drzavata-denes-zagina/#respond Tue, 20 Apr 2021 13:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=499836

Претседателот на Чад, Идрис Деби (68) почина од повреди здобиени додека ги обиколуваше војниците на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата. Деби настрада само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат. Неговиот кабинет вчера објави дека се упатува кон фронтот за да се приклучи на армијата во борбата против терористите. Деби дојде на власт во 1990 година во бунт и беше еден од лидерите со најдолг претседателски стаж во Африка]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cela-nacija-vo-neveruvanje-vchera-beshe-proglasen-za-pretsedatel-na-drzavata-denes-zagina/feed/ 0
Фото: Скопје се гуши, црн чад во Визбегово, надлежните молчат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopje-se-gushi-crn-chad-vo-vizbegovo-nadleznite-molchat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopje-se-gushi-crn-chad-vo-vizbegovo-nadleznite-molchat/#respond Fri, 25 Oct 2019 16:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=256115

Во скопската општина Визбегово денеска е забалежан црн чад, жителите на оваа населба реагираат и бараат одговорност и решение за оваа страшна слика која за жал освен што ја гледаме воедно и ја дишеме. До кога нема да постои решение? Ќе реагираат ли соодветно институциите или слободно несовесни ќе предизвикуваат еколошка катастрофа, а останатите ќе ја голтаат? Прашуваат читатели на Република кои испратиле фотографиите. Извор: Република]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skopje-se-gushi-crn-chad-vo-vizbegovo-nadleznite-molchat/feed/ 0
Нов инцидент во Скопјанка: Чад излегувал од станот со пелените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-incident-vo-skopjanka-chad-izleguval-od-stanot-so-pelenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-incident-vo-skopjanka-chad-izleguval-od-stanot-so-pelenite/#respond Sun, 30 Sep 2018 09:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=108217

Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот кој пред извесно време беше причината за евакуација на цела зграда во ТЦ „Скопјанка“ откако се ширела неподнослива миризба. Екипата излегла на терен по пријава од соседи кои забележале дека од станот изгледува чад. Неофицијално, кога пристигнала противпожарната екипа морала насилно да влезе во станот, бидејќи никој не отворал. На лице место забележале дека сопственичката спие, а на шпоретот имало оставено тенџере од кое претекувало вода. Од полицијата потврдуваат дека вчера околу 21:45 часот добиле пријава за интервенција од противпожарната екипа, не e причинетa материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-incident-vo-skopjanka-chad-izleguval-od-stanot-so-pelenite/feed/ 0
Чадот од градската депонија во Дебар ги гуши жителите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadot-od-gradskata-deponija-vo-debar-gi-gushi-zitelite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadot-od-gradskata-deponija-vo-debar-gi-gushi-zitelite/#respond Thu, 06 Sep 2018 14:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=97232

Чадот од градската депонија во Дебар и понатаму ги гуши жителите бидејќи речиси постојано се протега по целата територија на градот, посебно во вечерните и утринските часови. Депонијата во која отпад, врз основа на меѓуопштинскиот договор се транспортира и од општина Маврово Ростуше, се наоѓа на излезот од градот, на патот кој води кон граничниот премин „Блато“ и бањскиот локалитет Бањиште, што создава грда слика за оние кои минуваат тука. - Загрижувачката појава на присуството на канцерогениот чад од депонијата кој се протега речиси секојдневно над градот е причина што на утрешната вонредна седница на Советот на општината, покрај информацијата за безбедносната состојба на дневен ред е и состојбата со хигиената во градот и состојбата со депонијата. Еднаш веќе расправавме како Совет за тоа, но досега нема никакви резултати, изјави Башким Машкули, претседател на Советот на општина Дебар. Според Машкули, советниците со донесената одлука од 18 јуни годинава побарале градската депонија да биде соодветно оградена, да се воспостави чуварска служба, да се прошири соработката со полицијата со цел неформалните собирачи кои секојдневно се на депонијата да се отстртанат, како и да се зајакне комуналната инпекција. Беше упатен и апел до граѓаните, додава тој, да бидат посовесни и да не создаваат диви депонии насекаде. - Како институција на време правиме собирање на сметот, но проблемот со депонијата е отворен бидејќи нашето претпријатие нема средства да врши санација на депонијата, да набави специјални возила за уредување на депонијата и средства за гаснењето на запалениот отпад во депонијата што го предизвикуваат лица кои секојдневно меѓу сметот бараат старо железо, картони или други предмети, изјави Омер Цами, раководител на единицата за јавна хигиена во комуналното претпријатие. Забелешка околу хигиената во градот имаа и претставниците на дебарските иселеници во САД на неодамнешната средба со градоначалникот Ружди Љата, кои беа расположени во тој правец да дадат свој придонес. Љата посочи дека за ЈКП „Стандрад“ во моментот најпотребен е болдужер со кој ќе се уредува депонијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadot-od-gradskata-deponija-vo-debar-gi-gushi-zitelite/feed/ 0
Меѓународни донатори ветија две милијарди долари за земјите од регионот на езерото Чад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodni-donatori-vetija-dve-milijardi-dolari-za-zemjite-od-regionot-na-ezeroto-chad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodni-donatori-vetija-dve-milijardi-dolari-za-zemjite-od-regionot-na-ezeroto-chad/#respond Tue, 04 Sep 2018 05:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=95989

Донатори од целиот свет на конференција во Берлин ветија дека ќе дадат уште две милијарди долари за земјите од регионот на езерото Чад во Африка. Ветените средства се околу три пати повеќе од договорените пари на слична средба во Осло минатата година. - Тоа е уште повеќе отколку што првично се надевавме, рече германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас. Излез на езерото Чад имат Нигерија, Камерун, Нигер и Чад. Во областа околу 2,3 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови, а други над 10 милиони се зависни од хуманитарна помош, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Нивото на водата во езерото Чад, кое се наоѓа во јужниот дел на пустината Сахара, драматично падна во последниот век поради климатски промени. Освен суша и глад, 50-те милиони луѓе кои живеат околу езерото се под постојана закана од џихадисткичките групи Боко Харам и „Исламска држава“. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodni-donatori-vetija-dve-milijardi-dolari-za-zemjite-od-regionot-na-ezeroto-chad/feed/ 0