чај од ѓумбир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 15:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чај од ѓумбир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чај од ѓумбир: Одличен против настинки, регулација на шеќерот, регенерација на црниот дроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chaj-od-gumbir-odlichen-protiv-nastinki-regulatsija-na-shekerot-regeneratsija-na-tsrniot-drob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chaj-od-gumbir-odlichen-protiv-nastinki-regulatsija-na-shekerot-regeneratsija-na-tsrniot-drob/#respond Thu, 26 Oct 2023 15:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=893469

Ѓумбирот е една од најдобрите состојки кои можеме да ги користиме во исхраната поради многуте бенефити за нашиот организам и здравје. Тој е одличен за намалување на проблемите со варењето, главоболките и мачнините, но и за губење на килограмите. Сепак, во текот на есента и зимата највеќе го препорачуваме поради тоа што го чува имунитетот и штити од грип и настинки. Воедно, помога за регулација на шеќерот во крвта, го намалува холестеролот и го регенерира црниот дроб. Потребни состојки: Корен од ѓумбир (излупен и исецкан на парчиња) 250 мл вода Мед (за подобар вкус) Начин на подготовка: Загрејте ја водата до температура на вриење, но не дозволувајте да преврие. Додадете го ѓумбирот и оставете да отстои околу 5 минути. Додадете мед по желба. Пијте го овој чај топол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chaj-od-gumbir-odlichen-protiv-nastinki-regulatsija-na-shekerot-regeneratsija-na-tsrniot-drob/feed/ 0
Црн чај и чај од ѓумбир против невообичаената надуеност во лето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tsrn-chaj-i-chaj-od-gumbir-protiv-nevoobichaenata-naduenost-vo-leto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tsrn-chaj-i-chaj-od-gumbir-protiv-nevoobichaenata-naduenost-vo-leto/#respond Thu, 29 Jun 2023 09:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=850745

Летните горештини носат изгореници, топлотни удари, прекумерно потење, но се јавува и непријатната надуеност во цревата којашто честопати предизвикува болки. Според познавачите, постојат два напитоци што се од помош околу овој проблем, а се и прилично достапни. Како една од причините за надуеност во лето, се наведуваат ладните пијалаци. Сепак, британската нутриционистка Памела Мејсон од „Ти едвајзори панел“, специјализиран за чаеви, истакнува дека има и други фактори што влијаат на надуеноста на стомакот и телото. Таа наведува дека топлината предизвикува проширување на крвните садови и капиларите, што овозможува повеќе течност во меѓуклеточните простори меѓу органите и ткивата. Освен тоа, има некои истражувања коишто покажуваат дека потоплото време може да го промени односот на бактериите во цревата, што може да доведе до проблеми со варењето. Се наведува дека решение за оваа непријатна состојба е црниот чај и чајот од ѓумбир. Со пиење топол чај, вели Мејсон, флавоноидите можат да го намалат воспалението во цревата. Овие чаеви исто така ја регулираат микробиолошката мешавина во цревата, намалувајќи ги штетните бактерии и зголемувајќи го количеството корисни бактерии. Покрај тоа, стручњакот предлага да се јаде храна богата со растителни влакна, во спој со редовна физичка активност, за телото да се ослободи од надуеноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tsrn-chaj-i-chaj-od-gumbir-protiv-nevoobichaenata-naduenost-vo-leto/feed/ 0