чарлс менсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 07:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чарлс менсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Припадничка на култот на озогласениот Менсон може да излезе од затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/#respond Fri, 27 May 2022 07:28:36 +0000 https://kurir.mk/?p=682242

Припадничката на култот на еден од најпознатите американски убијци, Чарлс Менсон, можеби ќе биде условно пуштена на слобода. Советот за условно ослободување во Калифорнија предложи 74-годишната Патриција Кренвинкел да се ослободи, а такво барање претходно беше одбиено 14 пати. Таа моментално се наоѓа во женскиот затвор, источно од Лос Анџелес. Кренвинкел и други членови на култот, тероризираа луѓе во Калифорнија. Таа напиша „Хелтер Скелтер“ на ѕид со крвта на една од нејзините жртви. Кренвинкел е во затвор поради убиства на бремената актерка Шерон Тејт, како и на четири други лица во 1969 година. Таа помогнала во убиствата на трговецот Лено ЛаБјанка и неговата сопруга Роузмери, само еден ден откако е убиена Тејт. Според обвинители, тоа било обид на Менсон да започне расна војна. Препораката за условно ослободување веројатно пред крајот на годината ќе дојде до гувернерот Гавин Њусом, кој претходно одби такви препораки за други членови на култот. Пред пет години препораката за нејзина условна слобода е одбиена и покрај тогашните аргументи, дека во периодот на убиствата, таа имала ПТСН (пост-трауматско стресно растројство) затоа што Менсон ја тепал, психички ја злоставувал и ја присилувал на секс со други мажи за пари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/feed/ 0
Куќата на серискиот убиец Чарлс Менсон ставена на продажба за 1,98 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-seriskiot-ubiec-charls-menson-stavena-na-prodazba-za-1-98-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-seriskiot-ubiec-charls-menson-stavena-na-prodazba-za-1-98-milioni-dolari/#respond Thu, 25 Jul 2019 08:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=222455

Две куќи кои од неодамна се на продажба биле место на светски познати злосторства. Лос Фелиз во Калифорнија е куќата која е ставена на продажба на 11 јули, има преубав поглед, но стана поната кога во неа 1969 година членовите на озогласениот култ на Чарлс Менсон брутално ги убија Леон и Роузмери ЛаБјанка. Околу 200 километри понатаму, во Барон, во државата Висконсин, на продажба е куќа од која е киднапирана Џејми Клос, а нејзините родители Џејмс и Денис се убиени, во 2018 година. Оваа куќа е најавена дека наскоро ќе се продава, затоа се уште нема цена, пишува „Њујорк пост“. Двата имоти не се единствените куќи во кои се случиле убиства, а сега се на проажба. Сепак случајност е што овие две куќи во кои каде се случени свирепи убиства истовремено се најдоа на продажба. Куќата на фанатиците на Менсон е со површина од 550м2, градена е во медитерански стил од деведесетите години од минатиот век, со две спални соби и две купатила, базен, италијански плочки, подзакривена тераса и опкружена од простран двор. За неа се бараа безмалку 2 милиони долари. Не се спомената причината по која овој имот е познат иако според калифорниските закони, никој не е должен тоа да го наведе, бидејќи се бара единствено доколку убиството се случило во последните три години. Продавачите суптилно би можеле да ја искористат историјата на куќата во своја корист бидејќи оваа година се одбележуваат 50 години од убиството, а премиерно беше прикажан и филмот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ токму за таа случка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-seriskiot-ubiec-charls-menson-stavena-na-prodazba-za-1-98-milioni-dolari/feed/ 0