Чарлс Трети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 09:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Чарлс Трети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-dolari-so-likot-na-charls-treti-naskoro-vo-optek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-dolari-so-likot-na-charls-treti-naskoro-vo-optek/#respond Thu, 05 Oct 2023 09:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=885489

Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите. Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица за Австралија, Ли Гордон најави дека до Божиќ околу 10 милиони златни монети - австралиски долари ќе биде во оптек. Според австралискиот помошник министер за финансии, Ендрју Ли, Владата не сакала да брза со паричните промени по смртта на кралицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-dolari-so-likot-na-charls-treti-naskoro-vo-optek/feed/ 0
Кралот Чарлс Трети одржа говор пред францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/#respond Thu, 21 Sep 2023 19:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=880317

За време на вториот ден од државната посета на Франција, кралот Чарлс Трети им се обрати на парламентарците во Сенатот. Кралот изјавил дека Украина „мора да ја добие војната против ужасната руска инвазија“. Тој потсети на единството на Велика Британија и Франција за време на Втората светска војна, велејќи дека и денеска има потреба „заедно да се спротивстават на неиспровоцираната агресија на нивниот континент“. „Заедно сме непоколебливи во нашата одлучност дека Украина ќе триумфира“, изјави кралот Чарлс пред претставниците на Сенатот. Во говорот, кралот и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора, велејќи дека „во богатата и сложена таписерија на односите меѓу Франција и Обединетото Кралство, златната нишка на неговата мајка засекогаш ќе сјае“. Според планот за вториот ден од посетата, кралот Чарлс Трети ќе се сретне со спортските групи во предградијата на Париз и ќе ја посети катедралата Нотр Дам, во која во тек се реставраторски работи. Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила се во тридневна државна посета на Франција. Ова е прва официјална посета на Чарлс како британски крал, која има за цел да го истакне пријателството меѓу Обединетото Кралство и Франција. Покрај сериозните теми, во прв план беше и свечената вечера на која присуствуваа многу познати личности. Меѓу поканетите беа британскиот актер Хју Грант, писателот Кен Фолет, пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, како и поранешната фудбалска ѕвезда на лондонски Челзи, Дидие Дрогба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-charls-treti-odrzha-govor-pred-frantsuskiot-senat/feed/ 0
Откриена тајна во фотографиите на Дијана и Чарлс: Поради комплекс на сегашниот крал, убавицата требало да ги следи ОВИЕ правила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/#respond Mon, 18 Sep 2023 07:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=878986

Кралот Чарлс Трети и неговата прва сопруга, покојната принцеза Дијана, често беа фотографирани заедно за време на нивниот 15-годишен брак, а официјалните фотографии доловуваат сè, од нивната свршувачка до раѓањето на нивните два сина, принцот Вилијам и принцот Хари. Но, сега на многу од нив се појави еден необичен детал кој ги збуни кралските фанови, а тоа е висината на кралот Чарлс. Неколку фотографии од монархот и покојната принцеза, која трагично почина во 1997 година,  покажуваат дека неговото височество е неколку сантиметри повисоко од Дијана, но во реалноста тие биле со иста висина, точно 178 сантиметри. Принцезата Дијана често носеше чевли кои беа рамни или со многу мала потпетица за да не се надвиваат над нејзиниот тогашен сопруг, па дури мораше внимателно да ги избира чевлите за венчавка за да се осигура дека не е премногу висока. Но, и покрај нивната висина, Чарлс на многу фотографии изгледа значително повисок од Дијана. Сега еден од обожавателите сподели серија токму такви фотографии на социјалните мрежи, по што многумина се огласија во коментари и зборуваа за овој необичен детаљ. „Затоа секогаш ја наведнуваше главата надолу. Носеше рамни или многу ниски потпетици“, „Неговото височество можеби стоеше на кутија“, заклучија некои од нив. Според една статија објавена на The Society Pages, ова може да има врска со општествените очекувања дека мажите треба да бидат повисоки од жените. „Тие обично беа поставени за да остават впечаток дека е значително повисок од неа или барем за да го прикријат фактот дека не е. Обидот да се направи Чарлс да изгледа повисок е општествена посветеност на идејата дека мажите се повисоки и жените се пониски. Кога нашите сопствени тела и нашите партнери не го следат ова правило, понекогаш ќе се потрудиме да ја зачуваме илузијата“, објаснила професорката на Оксидентал колеџот Лиза Вејд.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-tajna-vo-fotografiite-na-dijana-i-charls-poradi-kompleks-na-segashniot-kral-ubavitsata-trebalo-da-gi-sledi-ovie-pravila-foto/feed/ 0
Велика Британија: Кралските трошоци растат на 107,5 милиони фунти, Чарлс посегна по резервите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-kralskite-troshotsi-rastat-na-107-5-milioni-funti-charls-posegna-po-rezervite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-kralskite-troshotsi-rastat-na-107-5-milioni-funti-charls-posegna-po-rezervite/#respond Thu, 29 Jun 2023 15:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=850937

Британскиот крал Чарлс Трети бил принуден да ги искористи кралските резерви за да ги покрие исклучително високите трошоци за време на овогодинешните кралски активности, кои пораснале за повеќе од пет милиони фунти, покажуваат официјалните извештаи. Нето трошоците на Бакингемската палата се зголемија на 107,5 милиони фунти, односно за повеќе од пет милиони фунти оваа година, поради трошоците за платинестиот јубилеј, погребот на кралицата, подготовките за крунисувањето на кралот и спојувањето на двете кралски домаќинства, објавија британските медиуми. Според помошниците, монархијата се соочува со „притисок“ за време на кризата предизвикана од зголемените трошоци за живот, при што повеќе од 21 милион фунти се земени од кралските резерви поради ефектите од инфлацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-kralskite-troshotsi-rastat-na-107-5-milioni-funti-charls-posegna-po-rezervite/feed/ 0
Читачи од усни откриваат што рекол принцот Хари на крунисувањето на Чарлс: На кралското семејство нема да му се допаднат неговите зборови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/#respond Tue, 09 May 2023 20:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=832275

Откако ги анализираа снимките од крунисувањето на кралот Чарлс Трети, читачи од усни открија што им кажал принцот Хари на роднините кои седеле до него. Тој се пожалил дека му е преку глава од лошиот третман кој го добил за време на крунисувањето на неговиот татко. -Доста ми е од начинот на кој се однесуваат со мене, наводно рекол Хари додека разговарал со сопругот на неговата роднина, принцезата Евгенија, Џек Бруксбенк. Не е јасно на кого точно се жалел, иако се шпекулира дека мислел на својот брат и татко, пред се поради сите тензии околу неговата одлука да се повлече како активен член на кралското семејство и да објави високо критички мемоари и документарен филм. Сепак, постои и можност тој да зборува и за медиумите бидејќи е на суд со неколку медиумски куќи, меѓу кои и Дејли Меил и Мејл он Сандеј. Како што понатаму се наведува, сопругот на неговата братучетка го прашал дали и како може да му помогне. Хари одмавнал со главата. Инаку, Хари остана близок само со Евгенија и нејзиниот сопруг, додека неговите односи со брат му Вилијам и таткото Чарлс никогаш не биле полоши. Неговото појавување во Вестминстерската опатија следи по неколкумесечни шпекулации дали тој и Меган Маркл ќе присуствуваат на церемонијата. На крајот, Меган одлучила да остане во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија, со двете мали деца Арчи и Лилибет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/feed/ 0
Сите се во притвор: Приведени 52 лица за време на крунисувањето на Чарлс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-se-vo-pritvor-privedeni-52-litsa-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-se-vo-pritvor-privedeni-52-litsa-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls/#respond Sat, 06 May 2023 19:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=831379

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор. Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-se-vo-pritvor-privedeni-52-litsa-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls/feed/ 0
Асанж испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanzh-isprati-pismo-do-charls-treti-vo-koe-go-pokani-da-go-poseti-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanzh-isprati-pismo-do-charls-treti-vo-koe-go-pokani-da-go-poseti-vo-zatvor/#respond Fri, 05 May 2023 15:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=831035

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во лондонскиот затвор Белмарш, каде се наоѓа повеќе од четири години додека се одвива судскиот спор против обидот за негово екстрадиција во САД. Асанж е однесен во затвор откако беше изнесен од Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се криеше за да избегне екстрадиција во САД. Стравува дека со стапнувањето на американско тло ќе добие доживотна затворска казна поради активностите на „Викиликс“. „Во овој затвор отслужуваат казни 687 од вашите поданици, држејќи го британскиот рекорд за земја со најголем број затвореници во Западна Европа. Како што неодамна соопшти вашата благородна влада, вашето кралство моментално минува низ „најголемото проширување на затворите во земјата во повеќе од еден век“, бидејќи со вашите амбициозни проекти се очекува бројот на затвореници да се зголеми од 82.000 на 106.000 во следните четири години. Навистина ова е големо наследство, се вели во писмото на Асанж до Чарлс Трети. За време на посетата, стои во писмото, ќе имате можност да уживате во кулинарските моменти кои се подготвуваат за вашите поданици благодарение на великодушно доделениот буџет од две британски фунти (2,52 долари) дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanzh-isprati-pismo-do-charls-treti-vo-koe-go-pokani-da-go-poseti-vo-zatvor/feed/ 0
Ќе биде побогат од својата мајка: Еве што ќе наследи кралот Чарлс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-bide-pobogat-od-svojata-majka-eve-shto-ke-nasledi-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-bide-pobogat-od-svojata-majka-eve-shto-ke-nasledi-kralot-charls/#respond Tue, 02 May 2023 09:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=829623

Британскиот крал Чарлс Трети, кој ќе биде крунисан на 6-ти мај, има големо богатство, а на тоа богатство се сега додадени и неговите инвестиции во времето кога беше принц. По неговото крунисување, Чарлс III ќе го наследи богатството на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, проценето на 360 милиони фунти (406 милиони евра). Како што пренесуваат британските медиуми, вкупното богатство на британскиот крал ќе изнесува 600 милиони фунти (678 милиони евра). Ова наследство е основано во 14 век за да му даде финансиска независност на кралскиот наследник. Чарлс, како принц, не можел да ги поседува средствата на тој фонд, но ги добива неговите профити додека не се искачи на тронот. Како и 260 фарми, Војводството поседува 52.450 хектари земја и изнајмува 345 милиони фунти комерцијален имот. Тестаментот на кралицата не е јавен, што е специфично и за суверенот. Сепак, замокот Балморал, каде што летува кралското семејство и замокот Сандрингем се меѓу имотите што Чарлс ги наследил, за разлика од Бакингем или Виндзор, историските домови на кралското семејство, кои припаѓаат на државата. Друг историски симбол на британската монархија, накит на круната, исто така се во сопственост на нацијата и затоа се исклучени од проценката на кралското богатство, бидејќи само тие претставуваат неколку милијарди фунти. Како што пренесуваат медиумите, доколку во богатството се вклучат и државните придобивки, како и вредноста на уметничките слики, меѓу кои има и платна на големи мајстори на сликарството, богатството на Чарлс би изнесувало 1,8 милијарди фунти (две милијарди евра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ke-bide-pobogat-od-svojata-majka-eve-shto-ke-nasledi-kralot-charls/feed/ 0
ОВАА фотографија ја понижува Кејт: Меган блеска покрај кралот Чарлс – нов хаос во кралското семејство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/#respond Thu, 20 Apr 2023 08:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=825815

Кралското семејство не престанува да ја шокира јавноста со своите нови потези. На фотографијата што ќе биде објавена во публикацијата во чест на крунисувањето на Чарлс Трети и сопругата кралица (крунисувањето ќе се одржи на 6-ти мај во Вестминстерската опатија, Лондон), предност има Меган Маркл, додека Кејт Мидлтон е во сосема поинаков план, според многумина и експерт за говорот на телото на Џуди Џејмс. Имено, во неделата беше објавено дека оваа фотографија ќе биде објавена како дел од официјалната програма на Бакингемската палата. Оваа позната слика е создадена на прославата на 70-тиот роденден на кралот Чарлс во Кларенс Хаус. На таа фотографија се Чарлс Трети, сопругата, Кејт Мидлтон, принцот Вилијам со нивните три деца, Меган Маркл и принцот Хари. Општо изненадување за многумина само предизвика фотографијата на Меган и Хари поради сите конфликти кои ги имаа со кралското семејство, а голема прашина се крена со изборот на сликата. На фотографијата Меган целосно ја засени Кејт, смеејќи се и блескајќи од задоволство, додека сопругата на Вилијам беше во „втор план“. Многумина веруваат дека тоа не било случајно. Џуди Џејмс вели дека сликата испраќа силна порака дека Меган и Хари се важни столбови на семејството. „Позата на Меган сугерира топлина и желба да се биде член на семејството. Изборот на такви пози за фотографии кои го прикажуваат кралското семејство како драго, сакано и блиско семејство е толку далеку од сегашната реалност што сугерира дека Чарлс сака да го стави несогласувањето и горчина под тепих или да покажат дека Сасексите се добредојдени назад во семејството, со дополнителен навестување дека можеби нивниот живот овде сепак не бил толку лош“, изјави Џуди Џејмс за „Mirror“ и додаде дека на сликата се гледа и идиличен однос на браќата Вилијам и Хари, кој исто така е далеку од реалноста: „И, се разбира, двајцата браќа се тука во извонредно поврзана поза како некој конфликт да е нереален. Тие се насмеани, стојат рамо до рамо како близнаци и доволно блиску што нивните раце се допираат“. Јазикот на телото на членовите на кралското семејство остава впечаток дека уживале во роденденската прослава на Чарлс, кој е претставен како централна фигура на семејството и грижлив дедо, додека Камила не е ни како злобната маќеа како што многумина ја опишуваат. Пораките кои беа испратени се сосема јасни, а притоа е направен прекрасен гест за Меган Маркл, која нема да биде на крунисувањето, туку тој ден ќе го прослави четвртиот роденден на синот Арчи Харисон. Таа има и ќерка Лилибет Дијана со принцот Хари. Објавувањето на оваа фотографија дојде по веста во која Кејт Мидлтон приватната прошетка со Меган и Хари во Виндзор по смртта на кралицата ја опиша како неподносливо искуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovaa-fotografija-ja-ponizhuva-kejt-megan-bleska-pokraj-kralot-charls-nov-haos-vo-kralskoto-semejstvo/feed/ 0
Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/#respond Wed, 08 Feb 2023 21:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=798103

Британската кралска пошта денеска го објави дизајнот на новите поштенски марки на кои ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети, но ќе биде прикажан без круна или какви било други кралски обележја. Според Би-Би-Си, дизајнот на новата марка го одобрил лично кралот. - Информациите што ги добивме од палатата беа дека кралот сакал сè да изгледа едноставно. Се работи за слика на човек, без украсување, изјави генералниот директор на поштата Дејвид Голд. Дизајнот на новата марка е поминималистички од порано, а за разлика од многу претходни марки со монарси кои содржат круни, или дијадеми во случајот со кралици, на новата нема да има никакви монархистички симболи. По изглед ќе потсетува на профилот на кралицата Елизабета Втора кој го направи уметникот Арнолд Мачин во 1967 година. - Во последните години имавме ист монарх, а од 1967 година ги имаме речиси истите поштенски марки, рече Голд, додавајќи дека луѓето сега ќе се навикнат да ја гледаат новата слика на марките од прва и втора класа. Британските поштенски марки се единствени по тоа што не го покажуваат името на државата, а новите поштенски марки немаат ништо друго освен главата на кралот, цена и според најновиот дизајн, приложен баркод, пренесува британскиот јавен сервис. Кралот Чарлс со ова станува седмиот монарх што се појавува на поштенски марки. Прва беше кралицата Викторија, чија слика се појави на поштенски марки во 1840 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/feed/ 0