чартер лет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 10:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чартер лет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со чартер-лет на „ТУИ“ во Охрид пристигна првата група туристи од Холандија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-na-tui-vo-ohrid-pristigna-prvata-grupa-turisti-od-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-na-tui-vo-ohrid-pristigna-prvata-grupa-turisti-od-holandija/#respond Tue, 16 May 2023 10:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=834760

Со чартер-лет на холандскиот тур-оператор „ТУИ“ на охридскиот аеродром денеска пристигна првата група туристи од Холандија. Преку холандската филијала на „ТУИ“ оваа летна сезона на Охридската ривиера се очекува да летуваат околу 15 илјади туристи од регионот на Бенелукс, што во Охрид ќе доаѓаат со пет до шест чартер-лета седмично. На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ покрај оние од Холандија засега се најавени чартер-летови со гости од Велика Британија и тоа двапати седмично, како и неколку летови што че ги реализираат полски тур-оператори. Гости ќе доаѓаат и преку директната авионска врска што од јуни ќе се воспостави со аеродромот во Белград. Извршениот директор на „ТУИ“, Аријан Керш, во оваа прилика истакна дека Македониа од времето била и се уште е интересна дестинација за туристите од Холандија, со туристички патувања реализирани дури и во времето на Ковид-19. - Задоволни сме што сме тука повторно и што интересот на Холанѓаните е навистина голем, за што потврда е целосно исполнетиот прв лет. Се надевма ова лето да ги надминеме бројките од 2019 година која беше најдобрата што сме ја имале, така што уште еднаш, се надеваме дека ќе имаме задоволни туристи, рече Керш. Кога станува збор за македонската туристичка понуда, тој посочи дека тоа е специфична дестинација, мошне интересна сама по себе. - Она на што треба е заеднички да работиме на подобрување на квалитетот на услугите, а тоа ќе биде и тема на разговори што ќе ги имаме со менаџерите на хотелите каде се сместени нашите гости, истакна Керш. Во тој контекст и изјавата на Васко Коциров, директорот на партнерска агенција на „ТУИ“, кој посочи на слабостите во македонската туристичка понуда. Можеби немам најдобар квалитет, сместувањето ни е можеби најслабата алка. Во Македонија немој да барате хотел со пет ѕвездички, но затоа ќе добиете активности од највисок квалитет. И нашите партнери се свесни, но треба да стремиме кон тоа, да работеме заеднички за унапредување на услугите, рече Коциров. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, рече дека споредбено со 2019 година во првиот квартал оваа година се остварени 22 проценти повеќе ноќевања на туристи од Холандија. - Неколку пазари се истакнуваат, тоа се туристите од Турција, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Романија, каде имаме подобри резултати споредбено со 2019 година. Нашата цел за 2023 година е до 3,3 милиони ноќевања оваа година и повеќе од половина милијарда долари промет во туристичката индустрија, рече Јаневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-na-tui-vo-ohrid-pristigna-prvata-grupa-turisti-od-holandija/feed/ 0
Од 20 јуни чартер лет од Скопје до Кипар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/#respond Fri, 07 Apr 2023 10:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=821448

Од 20 јуни до 22 август за време на летната туристичка сезона ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Balkan Holiday Air“. - Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави денеска Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам. Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава - ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел. - Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, изјави Елизабета Кочева Јосифовска како претставник на туристичките агенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-juni-charter-let-od-skopje-do-kipar/feed/ 0
Со чартер лет од Атина доброволно во Грузија се вратија 155 грузиски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775885

Со чартер лет на Меѓународната организација за миграција (ИОМ Грција), 155 грузиски државјани од Атина доброволно се вратија во Грузија во рамките на програмата за помогнато и доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивната земја на потекло, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според надлежното Министерство, од почетокот на програмата во септември 2019 година, над 9.100 мигранти безбедно се вратиле во своите земји на потекло. Проектот е кофинансиран со 75 отсто од европските фондови и со 25 проценти од националните фондови и го спроведува Меѓународната организација за миграција во соработка со Службата за азил на Министерството за миграција и азил на Грција и грчката полиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/feed/ 0
Со чартер лет од Атина во Пакистан доброволно се вратија 86 мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-vo-pakistan-dobrovolno-se-vratija-86-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-vo-pakistan-dobrovolno-se-vratija-86-migranti/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=768325

Со чартер лет од Атина на Меѓународната организација за миграција (ИОМ Грција), 86 пакистански државјани утрово се вратија во Пакистан во рамките на програмата за помогнато и доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивната земја на потекло, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Проектот е кофинансиран со 75 отсто од европските фондови и со 25 проценти од националните фондови и го спроведува Меѓународната организација за миграција во соработка со Службата за азил на Министерството за миграција и азил на Грција и грчката полиција. Од почетокот на програмата во септември 2019 година, повеќе од 9.020 мигранти безбедно се вратиле во своите земји на потекло. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, утрово беше на атинскиот аеродром при заминувањето на 86-те мигранти и истакна дека „земјата ги засилува депортациите и доброволните и присилните“. -Нашата земја спроведува строга, но правична миграциска политика и во последните три години, повеќе нелегални мигранти ја напуштија нашата земја отколку што пристигнаа, истакна Митаракис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-vo-pakistan-dobrovolno-se-vratija-86-migranti/feed/ 0
Чартер лет од Стокхолм за Родос и покрај забраната за директни летови од Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/charter-let-od-stokholm-za-rodos-i-pokraj-zabranata-za-direktni-letovi-od-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/charter-let-od-stokholm-za-rodos-i-pokraj-zabranata-za-direktni-letovi-od-shvedska/#respond Fri, 03 Jul 2020 08:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=368011

Чартер лет од Стокхолм за грчкиот остров Родос предизвика реакции во Грција, со оглед на тоа дека до 15 јули се забранети директните летови од Шведска, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, неофицијално било најавено дека во летот, кој добил специјална дозвола за слетување, на Родос пристигнуваат новинари и претставници на туристичкиот оператор „ТУИ“, за да ја видат ситуацијата на островот, меѓутоа, телевизијата „Мега“ објави дека сепак, поголемиот број од патниците биле туристи. Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за „Мега“ објаснува дека за летот добил специјална дозвола да слетување на Родос, 30-40 отсто од патниците навистина биле новинари и туристички работници, но морало да биде исполнет за да полета. -Не постои никаков прекршок. Дозволата за летот беше дадена од грчката Влада за конкретните причини, објасни Теохарис. Вчера, како што објави МИА, во Грција имаше реакции и за таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, 80-годишниот Стенли Џонсон, кој најде начин, преку Бугарија, да слета во Атина, бидејќи до 15 јули важи забраната за директни летови од Велика Британија во Грција. -Не е забрането да дојде некој турист од Шведска или Велика Британија, тоа е прашање поврзано со европското право, не правиме дискриминации во однос на националноста. Она што привремено е забрането се директните летови. Турист од Шведска или Велика Британија може да дојде во Грција преку друга земја, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за ТВ „Мега“. Во иста насока беше и објаснувањето на портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот брифинг со новинарите, кој рече дека забраната важи за директни летови, а не за британски државјани кои преку друга земја дошле во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/charter-let-od-stokholm-za-rodos-i-pokraj-zabranata-za-direktni-letovi-od-shvedska/feed/ 0
Репатријација со чартер-лет од Барбадос до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/#respond Mon, 25 May 2020 20:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=350165

Заради настанатата криза со ковид-19, најголемите бродски компании за крстарење ги затворија своите бродови за гости уште од 12-ти март. Како резултат на новонастанатата ситуација, се појави потреба од репатријација на најголем дел од морнарите/вработените кои работеа на овие бродови. Македонија, како и сите останати балкански држави има значаен број на млади кои работат за светски најреномираните компании. Една од нив е и Американската компанија Royal Caribbean Cruise Line (која има 47 бродови) и која важи за лидер во оваа силна индустрија. Изминативе два месеци, често доаѓаа информации дека бродовите се наоѓаат во независна положба заради затворањето на пристаништата и аеродромите ширум светот. Таму каде што светот застана со почетокот на кризата, застанаа и обидите на бродските компании да ги вратат дома своите вработени кои се на принуден одмор. Во Македонија досега преку различни форми на патување преку други држави и аеродроми, успешно се вратија повеќе од 300 македонски морнари. Доаѓањето на авионот со 291 морнар во Скопје е резултат на Македонската компанија Коузон, која повеќе од 20 години е партнер на бродската индустрија и е најголема агенција за вработување на морнари во Источна Европа. Сепак, најголемата заслуга за остварување на оваа хумана прикаска е на амбасадорот Ивица Боцевски, кој подолг период е целосно внесен во репартијацијата на нашите монари. Еден од нив напиша и дека треба да му изградат споменик за напорот кој тој го вложил во случајот со македонските морнари, подавајќи им рака во најтешките моменти. „ Тој со сите расположливи дипломатски контакти ширум светот, постојано правеше притисок со упатување на голем број протесни ноти до бродските компании како и нивните главни менаџери. Еден од нив бев и јас, кој од 25-ти Март до 5-ти Мај бев заглавен на еден Бахамски приватен остров на бродската компанија Ројал Карибијан. Немоќта да се најде начин за да ме испратат дома, од страна на главните и одговорни луѓе на компанијата како и преголемото ангажирање на Господинот Боцевски придонесе до големи пофалби и честитки од страна на челните луѓе во компанијата. На истите нив не им беше јасно и никогаш нема да им биде јасно како еден амбасадор на држава е во директен контакт со мене и сите мои колеги морепловци од Македонија и лично се залага при изнаоѓањето начин да се помогне во најскоро време сите да се вратиме дома“, напиша македонскиот морнар, Господине Боцевски , вие сте херој за сите нас и како таков ке останете засекогаш, искрена благодарност од сите морепловци и другите македонски граѓани кои се вратија безбедно во нашата држава благодарение на вас и вашите секојдневни заложби за сите нас. Господ да ве благослови !!!?????? Во Скопје, утре на 26-ти мај ке слетаат морнари од Македонија, Бугарија и Србија. За странските државјани репатријацијата ќе биде извршена со автобуски превоз до граничните премини со Бугарија и Србија, а македонските морнари ќе поминат низ процес на медицинска проверка на аеродромот, по што ќе се утврди дали ќе одат во карантин или ќе бидат упатени на 14-дневна самоизолација. Сите морнари кои се враќаат од Карибите биле во просек по 60 дена на бродовите без контакт со лица од надворешниот свет. За време на престојот на бродовите, вработените ги уживале благодетите на сместување во гостинските соби и храна по сопствен избор. Ова е прв авион кој слетува во Скопје со толкав број на патници од некоја дестинација од Северно-американскиот континент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/feed/ 0
Со чартер лет од Лондон денеска се враќаат македонски државјани од Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-od-london-deneska-se-vrakjaat-makedonski-drzavjani-od-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-od-london-deneska-se-vrakjaat-makedonski-drzavjani-od-velika-britanija/#respond Mon, 06 Apr 2020 05:13:34 +0000 https://kurir.mk/?p=327838

Со авионски превоз Лондон-Скопје организиран од Владата, денеска попладне во земјaва треба да се врати нова група наши државјани кои се затекнати во Велика Британија. Бројот на граѓаните кои се пријавиле на повикот на МНР да допатуваат со чартер летот ќе биде соопштен непосредно пред полетувањето. Тие при влез во авионот ќе треба да потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на нашата земја да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Според податоците на Министерството за надворешни работи, досега во земјава се вратени вкупно 2.207 македонски државјани. Со досега реализираните чартер – летови од Ла Валета, Загреб, Љубљана, Виена, Базел, Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.
МНР во соработка со странски претставништва кај нас, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово. Инаку, според МВР, во 25 објекти определени за државен карантин сместени се вкупно 2099 лица. Досега успешно е завршен државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминале 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија. Кај ниту еден од нив нема симптоми на вирусот КОВИД-19, а ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, соопшти викендов владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-let-od-london-deneska-se-vrakjaat-makedonski-drzavjani-od-velika-britanija/feed/ 0