чартер летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 12:22:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чартер летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина постепено ќе го зголемува бројот на патнички чартер летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-postepeno-kje-go-zgolemuva-brojot-na-patnichki-charter-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-postepeno-kje-go-zgolemuva-brojot-na-patnichki-charter-letovi/#respond Wed, 28 Dec 2022 12:22:48 +0000 https://kurir.mk/?p=781656

Кина постепено ќе го зголемува бројот на дозволи за меѓународни патнички чартер летови на кинески и странски авиокомпании, соопшти денеска кинеската Управа за цивилно воздухопловство. Во соопштението се додава дека до есен 2023 година, Кина целосно ќе ги врати процедурите и условите за летање во државата како пред пандемијата со Ковид-19. Кина почна да ги олабавува своите строги политики за нулта ковид и заклучување кон крајот на ноември, под притисок на уличните протести во Пекинг и некои други кинески градови. Здравствените експерти се согласуваат во проценките дека Кина во наредните месеци ја очекува бран новозаболени и починати од коронавирусот, пред се меѓу постарата популација. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-postepeno-kje-go-zgolemuva-brojot-na-patnichki-charter-letovi/feed/ 0
Речиси 400 македонски државјани денеска ќе се вратат од Хрватска и Малта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-400-makedonski-drzavjani-deneska-kje-se-vratat-od-hrvatska-i-malta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-400-makedonski-drzavjani-deneska-kje-se-vratat-od-hrvatska-i-malta/#respond Fri, 27 Mar 2020 06:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=322842

Со чартер летови од Загреб и од Ла Валета во Малта, денеска почнува враќањето во земјава на дел од македонските граѓани затекнати во странство. Државниот секретар во МНР Зоран Попов вчера информира дека на повикот на МНР, што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во земјава се пријавиле вкупно 5.250 македонски граѓани. Од нив, 2.900 се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот. Двата денешни чартер лета ќе бидат со авиони на авиокомпанијата Визер, која го доби тендерот преку јавниот повик што го упати Генералниот секретаријат на Владата, а во кој единствен услов беше најниска цена на чинење на летот. – Цената зависи од капацитетот и пополнетоста на авионот. Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта, појасни Попов. Најголем дел од затекнатите македонски државјани се во Европа, но има и во прекуокеанските земји. – Се работи за 350 барања од Северна Америка, Јужна Америка, Австралија, Азија и Африка. Ова е покомплицирано, правиме напори во соработка со соседните земји и држави членки на ЕУ, земји кои испраќаат летови да ги соберат своите граѓани од тие дестинации, да се организираме за заеднички специјален лет и преговорите течат во моментот. Правиме сè што е во можност да ги извлечеме и тие наши граѓани. Во моментот приоритетот е на Европа, 95% од вкупно пристигнатите барања, 4.850 од вкупно 5.200 се однесуваат на Европа. Правиме се што можеме да ги извлечеме и нашите граѓаните на другите континенти, информира Попов. Сите граѓани што ќе се вратат, без ислучок ќе одат веднаш во државен карантин и за тоа имаат дадена согласност. Оваа акција, укажуваат од МНР, се однесува пред се на затекнатите наши граѓани во странство, а не и граѓаните на Македонија кои имаат регулиран престој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-400-makedonski-drzavjani-deneska-kje-se-vratat-od-hrvatska-i-malta/feed/ 0
Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/#respond Wed, 25 Mar 2020 10:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=321859

Владата денеска објави јавни повици за организирање авионски превоз за македонски граѓани со моментален престој во странство за враќање во земјава од Малта и од Хрватска. Повикот е отворен до вечер до 22 часот, а летовите треба да се организираат најдоцна до петок 12 часот напладне.
-Владата на Република Македонија денеска (25 март 2020 година) објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство. За дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје, (226 патници). Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27 март 2020 година (петок) до 12:00 часот, информира владината прес-служба.
Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до земјава. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, се вели во соопштението од Владата. Понудите треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected].  Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да се достават најдоцна до вечер до 22:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани. -Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република  Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор, информира владината прес-служба. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци: Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија Транс.сметка 100 000000063095 Сметка на корисник   630010001963019 Приходно конто   725939  00 Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10. Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/feed/ 0
Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство, авиобилетите ќе си ги платат сами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-letovi-kje-se-vrakjaat-gragjanite-zaglaveni-vo-stranstvo-aviobiletite-kje-si-gi-platat-sami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-letovi-kje-se-vrakjaat-gragjanite-zaglaveni-vo-stranstvo-aviobiletite-kje-si-gi-platat-sami/#respond Wed, 25 Mar 2020 06:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=321702

Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го упати Генералниот секретаријат, за што Владата донесе уредба синоќа на седница. Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера кажа дека до крајниот рок за пријавување – 18 часот на 22 март 2020 година, помош од МНР да се вратат во земјава побарале 5000 македонски граѓани. Досега се обработени 4000 од пријавите, а 2100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано. Дежурен тим во МНР се јавува на секој пријавен поединечно за да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин. Повеќето пријавени граѓани се од земјите во Европа, најмногу во Германија. Целта, вели Димитров, е пред се да им се помогне на тие што се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома. -. Ние нема да имаме ресурси да организираме чартери бидејќи имаме по еден граѓанин што се пријавил во Тајланд, во Нов Зеланд. Пред се ќе одиме во земјите каде има голема концентрација и најмногу барања, како што се европски земји, изјави Димитров. Владата синоќа донесе уредба со која го задолжи Генералниот секретаријат да упати повик до авиокомпании да се организираат чартер летовите. По објавување на јавниот повик од страна на Генералниот секретаријат, крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на објавување на повикот. Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор. Лицата кои ќе се вратат со чартер летовите при влез во авионот ќе потпишуваат договор меѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет и ќе пополнуваат изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите на сметка согласно склучениот договор, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-charter-letovi-kje-se-vrakjaat-gragjanite-zaglaveni-vo-stranstvo-aviobiletite-kje-si-gi-platat-sami/feed/ 0
Коронавирусот ги полни џебовите на сопствениците на приватни авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/#respond Tue, 18 Feb 2020 07:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=305308

Богати сопственици на приватни авиони добиваат голем број на барања за превоз на луѓе во Кина, јави Би-Би-Си. Авиокомпаниите откажуваат редовни летови заради карантинот во Хубеи и другите провинции. Ова ги тера многу луѓе подготвени да платат за чартер лет, и покрај значително повисоката цена. Од Парамаунт бизнис џет, базирана во Австралија, велат дека тие пријавиле „значително зголемување“ на барањата за нивните услуги уште од почетокот на кризата со вирусот. И оваа компанија и другите компании кои обично нудат луксуз, малите авиони за изнајмување не можат да одговорат на зголемен интерес заради недостаток на доволно екипажи. „Многу компании не сакаат да го испратат својот тим во Кина затоа што сметаат дека постои ризик. Тие исто така стравуваат дека дури и ако болеста ги одмине екипажите, тие нема да бидат достапни, бидејќи може да бидат ставени во дво-неделен карантин по враќањето од Кина“, вели Дарин Воилс од Парамаунт. Друга луксузна компанија за изнајмување авиони со седиште во Сингапур, МајЏет Азија, вели дека во изминатиот месец зголемувањето на барањата за услуги е помеѓу 80 и 90 проценти. Тие нагласуваат дека имаат барања од лица во провинцијата Хубеи која е под карантин да платат огромни суми само за да заминат оттаму. Мал авион може да пренесе до четири патници и чини околу 2.400 долари за еден час, средно голем авион може да пренезе до 10 патници и чини околу 6.000 долари за час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-gi-polni-dzebovite-na-sopstvenicite-na-privatni-avioni/feed/ 0
Чартер летови Истанбул – Охрид – Истанбул од 15 април до октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/charter-letovi-istanbul-ohrid-istanbul-od-15-april-do-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/charter-letovi-istanbul-ohrid-istanbul-od-15-april-do-oktomvri/#respond Mon, 29 Jan 2018 16:26:00 +0000 http://kurir.mk/?p=16072

Нова чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул се воведува од 15 април годинава и ќе биде активна до октомври, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Ова е договорено меѓу македонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба. На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот Хаџер Ајдин. Тимот на АППТ оствари состаноци со тур-оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур-оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш. Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/charter-letovi-istanbul-ohrid-istanbul-od-15-april-do-oktomvri/feed/ 0