Час на планетата Земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Mar 2023 08:54:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Час на планетата Земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со гаснење на светилките ќе биде одбележан Часот на планетата Земја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gasnene-na-svetilkite-ke-bide-odbelezhan-chasot-na-planetata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gasnene-na-svetilkite-ke-bide-odbelezhan-chasot-na-planetata-zemja/#respond Sat, 25 Mar 2023 09:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=816275

Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја. Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време. Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gasnene-na-svetilkite-ke-bide-odbelezhan-chasot-na-planetata-zemja/feed/ 0
Повеќе локации во Скопје и Охрид утре ќе бидат во мрак за „Часот на планетата Земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-lokacii-vo-skopje-i-ohrid-utre-kje-bidat-vo-mrak-za-chasot-na-planetata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-lokacii-vo-skopje-i-ohrid-utre-kje-bidat-vo-mrak-za-chasot-na-planetata-zemja/#respond Fri, 26 Mar 2021 09:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=488036

Македонија 12-ти пат ќе се вклучи во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи в сабота, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот. Во рамки на акцијата, во земјава во мрак ќе потонат повеќе локации во Скопје и Охрид, меѓу кои и претседателската вила „Водно“, Владата, Градскиот плоштад „Македонија“, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, Порта „Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, додека во Охрид меѓу најатрактивните се Самоиловата тврдина, кејот „Македонија“ и црквите „Света Софија“, Плаошник и Канео. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година, „Часот на планетата Земја“ сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на порака за солидарност со проблемите со кои се соочува планетата Земја. -Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета, соопшти денеска Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ – Скопје. И оваа година акцијата ќе биде одбележана виртуелно, со одржување на првата дигитална климатска конференција во земјава под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ На двочасовната конференција која ќе се емитува во живо оваа сабота, во 19:30 часот, на фејсбук профилот на „Часот на планетата Земја“ премиерно ќе бидат претставени климатските акции на Македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт, претставници од Собранието, бизнис секторот и невладините организации ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата Земја. Во текот на конференцијата ќе биде презентирано и видео преку кое „Часот на планетата Земја“ и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата. -Повикот за акција важи и за граѓаните, па ги повикуваме масовно да го исклучат непотребното осветлување и во своите домови, информираат од Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-lokacii-vo-skopje-i-ohrid-utre-kje-bidat-vo-mrak-za-chasot-na-planetata-zemja/feed/ 0
НА 27 МАРТ: Македонија по 12-ти пат се вклучува во акцијата Часот на планетата Земја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-27-mart-makedonija-po-12-ti-pat-se-vkluchuva-vo-akcijata-chasot-na-planetata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-27-mart-makedonija-po-12-ti-pat-se-vkluchuva-vo-akcijata-chasot-na-planetata-zemja/#respond Mon, 15 Mar 2021 09:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=482509

Милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на заедничка порака за спас на планетата Земја, во сабота на 27 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција Часот на планетата Земја. Точно во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници споменици ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука. Нашата земја 12 години по ред зема активно учество во еколошката акција за спас на Земјата, обединувајќи стотици илјади луѓе ширум државата во едночасовниот глобален мрак. Официјално беше објавен и рекламниот спот, во кој поддршка дадоа Црвениот крст на РСМ и Здружението на извидници на Македонија, како и голем број на познати личности, меѓу кои актерот Васил Зафирчев, зоологот Војо Иванов и водителите Ване Марковски и Јана Серафимова. Ѓорги Селков од локалната канцеларија на акцијата во Македонија, вели дека поради пандемијата, оваа година настанот ќе се одбележи виртуелно и повикува акцијата да ја префрлиме од улиците во нашите домови, со тоа што ќе ги исклучиме непотребните светилки во период од еден час. -Полицискиот час во Македонија започна со одбележувањето на Часот на планетата Земја минатата година, и еве една година потоа, ние се уште сме во ситуација виртуелно да ги одбележуваме ваквите иницијативи. Работиме на уникатен онлајн настан, дигитална конференција за климатските промени, за која повеќе детали ќе објавиме во деновите кои следуваат. Секако, останува моментот на едночасовно исклучување на осветлувањето, па така во мрак ќе потонат повеќе локации во нашата земја, секако доколку не се зголемат или продолжат превентивните мерки против пандемијата со КОВИД-19 до 27 март. Повикот за акција важи и за граѓаните, па ги повикуваме масовно да го исклучат непотребното осветлување и во своите домови, вели Селков. Од канцеларијата на Часот на планетата Земја во нашата земја велат дека само почитувањето на правилата кои ги диктира природата е услов да го вратиме изгубениот баланс на Земјата. -Нашиот сегашен начин на живеење доведува до катастрофално уништување на природата што ја зголемува нашата ранливост кон пандемии, ги забрзува климатските промени и ја става во ризик нашата егзистенцијата. Затоа е важно да сфатиме дека секој од нас има моќ да направи промена, а нашата акција е мал поттик и повик за акција кон целиот свет, додава Селков, организатор на акцијата во Македонија. Инаку, во минатата деценија, Часот на планетата Земја инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина, помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и шумите во Русија. Минатата година, WWF-Еквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак WWF-Индонезија иницираше засадување на 20.000 садници од мангрови во 13 градови. Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-27-mart-makedonija-po-12-ti-pat-se-vkluchuva-vo-akcijata-chasot-na-planetata-zemja/feed/ 0