Че Гевара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 16:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Че Гевара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина синот на Че Гевара, позната причината за смртта https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-sinot-na-che-gevara-poznata-prichinata-za-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-sinot-na-che-gevara-poznata-prichinata-za-smrtta/#respond Tue, 30 Aug 2022 16:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=726142

Камило Гуевара Марч, син на аргентинско-кубанскиот марксистички револуционер и политичар Ернесто Че Гевара, почина денеска во Каракас на 60-годишна возраст од срцев удар, соопшти кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. -Со длабока тага се збогуваме со Камило, синот на Че и промотор на неговите идеи, напиша претседателот на својот „Твитер“. Кубанската новинска агенција Prensa Latina пишува дека Камило Гевара Марч бил во посета на Каракас, каде што починал како последица на „белодробна емболија која предизвикала срцев удар“. Роден во 1962 година, Камило беше најстариот од четирите деца на Ернесто Че Гевара и неговата кубанска сопруга Алеида Марч, исто така револуционерка. Че имаше уште една ќерка – Хилда (почина во 1995 година), од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде. Камило Гуевара Марч беше дипломиран правник и директор на Центарот Че Гевара во Хавана, институција која ги промовираше идеите на неговиот татко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-sinot-na-che-gevara-poznata-prichinata-za-smrtta/feed/ 0
Се продава станот во кој се родил Че Гевара https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-stanot-vo-koj-se-rodil-che-gevara/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-stanot-vo-koj-se-rodil-che-gevara/#respond Mon, 29 Jun 2020 10:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=364930

Станот каде што се родил славниот јужноамерикански револуционер Ернесто – Че Гевара, оди на продажба. Местото со површина од 240 квадратни метри, се наоѓа во зграда во неокласичен стил во градот Росарио, Аргентина. Последниот сопственик Франциско Фаруџа го купил 2002 година. Тој имал да го претвори апартманот во културен центар, но плановите не му се оствариле, па мора да го продаде. Цената сѐ уште не е одредена. Че“ е роден 1928 година, во богато семејство од средната класа во Аргентина. Се радикализирал, како што и самиот пишува во своите дневници – поради сиромаштијата и гладот што тој ги посведочил патувајќи ширум Јужна и Средна Америка. Тој одигра клучна улога во Кубанската револуција (1953-1959), со која беше соборен лидерот Фулгенсио Батиста. Од Куба, отишол за Боливија за да ги предводи бунтовниците против претседателот Рене Бариентос Ортуњо. Со американска помош, боливиската војска го заробила револуционерниот водач и другите негови преостанати соборци. „Че“ бил егзекутиран на 9 октомври 1967 година во селото Ла Игуера. Неговото тело е погребано на тајна локација. Во 1997 година, неговите посмртни останки биле откриени, ексхумирани и вратени во Куба, каде што тој почива. Приврзаниците на „Че“ и денес го гледаат како пример на посветеност и самопожртвуваност. Неговите противници пак, сметат дека тој бил безмилосен, брутален и суров човек.  си]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-prodava-stanot-vo-koj-se-rodil-che-gevara/feed/ 0