ченгино кале – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Apr 2018 16:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ченгино кале – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува постапка за прогласување на Осоговски Планини и Ченгино Кале за заштитени подрачја https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/#respond Wed, 25 Apr 2018 16:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=46100

Градоначалниците од Источно планскиот регион на денешната петта седница на Советот на градоначалници, која се одржа во Пробиштип  ја донесоа одлуката за почнување на постапката за прогласување на Осоговските Планини и на Ченгино Кале за заштитени подрачја. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека донесувањето на оваа одлука е од осебно значење за развивање на туризмот во овој регион, но и за заштитата на животната средина. На денешнава седница се одлучи и Центарот за развој на ИПР да аплицира со два проекта од областа на турзимот за добивање на средства од Програмата за меѓугранична соработка Македонија- Бугарија. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека партнери  за овие два проекта се бугарските општини Гоце Делчев и Белица. - Со бугарската општина Гоце Делчев ќе аплицираме со еден проект, кој е насоловен „Нашето заедничко минато, пат за заедничка иднина“. Тоа е проект кој е некаде околу 560.000 евра, од кои 250.000 евра се за Општина Гоце Делчев и остатокот е за Центарот за развој на ИПР, вели Здравева. Таа додава дека вториот проект  е „Културен мост низ вековите“, партнер во овој проект е Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а од бугарска страна општина Белица. Станува збор за архелошки истражувања и осветлување на мала црква на тврдината Исар, од страна на штипско Ново Село. Последен рок за аплицирање на општините, институциите и секако на невладиниот сектор за вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија е 11 мај. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/feed/ 0