чернишев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Sep 2018 13:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чернишев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Черишев под истрага од ВАДА за допинг https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cherishev-pod-istraga-od-vada-za-doping/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cherishev-pod-istraga-od-vada-za-doping/#respond Tue, 11 Sep 2018 13:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=99460

Портпаролот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја потврди за руското издание „Спорт Експрес“ информацијата, која беше објавена во саботата од британскиот весник „Дејли Телеграф“, дека е отворена истрага за наводна употреба на допинг од страна на рускиот репрезентативец и фудбалер на Валенсија, Денис Черишев.
- Случајот на Черишев во моментов е под истрага од шпанската антидопинг агенција. Таа ја информира ВАДА за резултатите од направените истражувања, изјави портпаролот на Светската антидопинг агенција Меги Дуранд за руското издание.
Во Шпанија го истражуваат Черишев по изјавите на неговиот татко Дмитриј кој откри дека Денис вбризгувал хормон за раст, за да се опорави побрзо од повредата.
Од локалната федерација се уште го проверуваат случајот, а според самиот Черишев станува збор за користење супстанции кои не се забранети.
Користењето на хормони за раст по медицински причини не е класифицирано како допинг, но ако се докаже дека не постои медицинска оправданост,  играчот може да претрпи казна и да му бидат запрени натпреварувачките права за четири години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cherishev-pod-istraga-od-vada-za-doping/feed/ 0