чернобил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 14:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чернобил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кучињата од Чернобил се генетски поинакви од сите останати во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kuchinata-od-chernobil-se-genetski-poinakvi-od-site-ostanati-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kuchinata-od-chernobil-se-genetski-poinakvi-od-site-ostanati-vo-svetot/#respond Thu, 03 Aug 2023 14:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=863036

Новото истражување проучувало стотина кучиња кои слободно се движат по урнатините на нуклеарната електрана во Чернобил и открило дека изложеноста на зрачењето генетски ги разликува од останатите кучиња во светот. По нуклеарната катастрофа во Чернобил на 26 април 1986-та година, околу 120.000 луѓе кои живееле во околните подрачја и градот Припјат во близина биле принудени да ги напуштат своите домовите. Тоа вклучувало многу кучиња, домашни миленици кои, и покрај сите изгледи, успеале да воспостават моќна популација која сè уште живее на озраченото подрачје кое ја окружува електраната во распаѓање. Во новото истражување научниците настојувале подобро да ја сфатат необичната популација на кучиња која живее околу Чернобил во екот на тешката контаминација на околината на која секојдневно се изложени. Со помош на примероци од крвта собрани од животните меѓу 2017-та и 2019-та година, научниците генетски анализирале 302 кучиња од популацијата која живее внатре во самата електрана, како и оние на 15 до 45 километри од местото на катастрофата. Само гледајќи во ДНК-та на кучињата кои живеат во близина на Чернобил, било јасно дека се генетски поразлични од домашните миленици кои живеат на други места во светот, за што истражувачите веруваат дека одраз на јонизирачкото зрачење на кое биле изложени со генерации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kuchinata-od-chernobil-se-genetski-poinakvi-od-site-ostanati-vo-svetot/feed/ 0
Украински функционер предупредува дека експлозијата на браната може да биде како Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-funktsioner-predupreduva-deka-eksplozijata-na-branata-mozhe-da-bide-kako-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-funktsioner-predupreduva-deka-eksplozijata-na-branata-mozhe-da-bide-kako-chernobil/#respond Tue, 06 Jun 2023 14:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=842798

Советникот на заменик-премиерот на Украина, Олексиј Рјабчин изјави дека последиците од експлозијата на браната „можат да бидат од размери слични на Чернобил“. Рјабчин за Скај њуз изјави дека земјата „се обидува да ги сфати размерите на трагедијата“. - Сметаме дека ова е чин на тероризам – последиците би можеле да бидат слични на Чернобил во однос на справувањето со силата на природата и колку луѓе би морале да ги напуштат своите домови, рече тој. Тој негираше дека пробивањето на браната е предизвикано од украинско гранатирање, нарекувајќи ги наводите „глупости“. - Тоа е направено намерно за да се запре нашата контраофанзива, рече Рјабчин и додаде дека верува оти украинските војници беа подготвени за вакво нешто и дека украинските врховни команданти знаеле за овој план. - И покрај тоа, Русија нема да може да спречи ниту еден од нашите обиди да го вратиме украинскиот суверенитет, истакна украинскиот функционер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-funktsioner-predupreduva-deka-eksplozijata-na-branata-mozhe-da-bide-kako-chernobil/feed/ 0
МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-nivoto-na-radioaktivnost-vo-chernobil-e-normalno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-nivoto-na-radioaktivnost-vo-chernobil-e-normalno/#respond Tue, 26 Apr 2022 16:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=668186

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска во Чернобил изјави дека нивото на радиоактивност во нуклеарната централа е „нормално“. – Нивото на радиоактивност е нормално, рече Гроси за време на посетата на електраната, точно 36 години по нуклеарната хаварија во таа област. Гроси, кој не прецизираше конкретни бројки или параметри на радиоактивност, за новинарите изјави дека радиоактивноста се зголемувала во одредени периоди, кога руските сили внесувале тешка опрема во зоната и кога ја напуштале областа. Тој додаде дека МААЕ ја следи ситуацијата на дневна основа. Шефот на МААЕ е во Чернобил заедно со тим експерти, кои за време на посетата ќе ги поправаат и системите за далечинско следење, кои набрзо по почетокот на војната престанаа да пренесуваат податоци до седиштето на МААЕ во Виена. Во средината на април, украинските власти објавија дека не се во можност да ги обноват уредите за следење на радиоактивноста на таа локација на северот на Украина. На 24 февруари, првиот ден од офанзивата против Украина, руските сили го зазедоа Чернобил, каде потоа беа исклучени електричната енергија и комуникациските врски. Руските трупи се повлекоа од областа кон крајот на март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-nivoto-na-radioaktivnost-vo-chernobil-e-normalno/feed/ 0
Триесет и шест години од несреќата во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trieset-i-shest-godini-od-nesrekjata-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trieset-i-shest-godini-od-nesrekjata-vo-chernobil/#respond Tue, 26 Apr 2022 09:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=667943

Денеска се навршуваат 36 години од несреќата во Чернобил во Украина. На денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата. Десетици луѓе го изгубија животот веднаш по катастрофата, а се верува дека илјадници луѓе починаа од последици од радијација. Најтешката катастрофа во историјата на нуклеарната енергија принуди околу 300.000 лица да ги напуштат своите домови. Радиоактивниот облак прекри значаен дел од Европа со несогледливи последици. Нуклеарката Чернобил повторно е актуелна и од неодамна по руската инвазија врз Украина. Руските сили, кои ја нападнаа Украина на 24 февруари, на самиот почеток на инвазијата го заземаа Чернобил и го држеа под опсада пет седмици, пред да се повлечат на 31 март. Меѓународната агенција за атомска енергија изгуби контакт со нуклеарната електрана на 10 март. На 20 април генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси изјави дека директната комуникација меѓу МААЕ и нуклеарната електрана во Чернобил е обновена. Гроси најави дека МААЕ ќе испрати експерти во Чернобил во текот на месецов со цел „да се тестира нуклеарната безбедност, да се спроведат радиолошки проценки, да се испорача витална опрема и да се поправи далечинскиот заштитен систем на Агенцијата“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trieset-i-shest-godini-od-nesrekjata-vo-chernobil/feed/ 0
Гроси: МААЕ воспостави директна комуникација со Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-vospostavi-direktna-komunikacija-so-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-vospostavi-direktna-komunikacija-so-chernobil/#respond Wed, 20 Apr 2022 06:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=665705

Директната комуникација меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и нуклеарната електрана во Чернобил е обновена доцна синоќа, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси. Руските сили го држеа Чернобил под опсада пет седмици, пред да се повлечат на 31 март. МААЕ изгуби контакт со нуклеарната електрана на 10 март. – Очигледно ова не беше одржлива ситуација, многу добра вест е тоа што регулаторот сега може директно да контактира со електраната, кога ќе има потреба, наведе Гроси. Тој додаде МААЕ ќе испрати експерти во Чернобил во текот на месецот со цел „да се тестира нуклеарната безбедност, да се спроведат радиолошки проценки, да се испорача витална опрема и да се поправи далечинскиот заштитен систем на Агенцијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-vospostavi-direktna-komunikacija-so-chernobil/feed/ 0
Украинско знаме повторно се вее над Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainsko-zname-povtorno-se-vee-nad-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainsko-zname-povtorno-se-vee-nad-chernobil/#respond Sat, 02 Apr 2022 18:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=657521

Украинското знаме денеска повторно беше подигнато над затворената нуклеарна централа во Чернобил, додека вработените ја пееја националната химна и го славеа заминувањето на руските војници. Нуклеарната централа минатиот месец беше окупирана од руските сили. Украинската нуклеарна компанија Енергоатом на Телеграм објави дека руските сили ја напуштиле затворената нуклеарна централа Чернобил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainsko-zname-povtorno-se-vee-nad-chernobil/feed/ 0
Русите го напуштија Чернобил, нуклеарната централа под контрола на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-go-napushtija-chernobil-nuklearnata-centrala-pod-kontrola-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-go-napushtija-chernobil-nuklearnata-centrala-pod-kontrola-na-ukraina/#respond Fri, 01 Apr 2022 08:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=656751

Руските трупи денеска целосно ја напуштија високо контаминираната нуклеарна зона во Чернобил и ја вратија контролата на Украинците, соопштија локалните власт. Украинската државна нуклеарна компанија тврди дека повлекувањето се случило откако војниците примиле „значајна доза“ радијација бидејќи копале ровоци во шума околу нуклеарката. АП додава дека не постои независна потврда за оваа информација. Во четвртокот украинската страна соопшти дека најголем дел од руските војници го напуштиле Чернобил, но останал помал дел од војската.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-go-napushtija-chernobil-nuklearnata-centrala-pod-kontrola-na-ukraina/feed/ 0
МААЕ ќе испрати мисија во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-kje-isprati-misija-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-kje-isprati-misija-vo-chernobil/#respond Thu, 31 Mar 2022 20:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=656609

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека се подготвува да испрати мисија во Чернобил, каде што се наоѓаат нуклеарната централа и складиштето за радиоактивен отпад. -МААЕ се консултира со украинските власти за испраќање помош и тим за поддршка во Чернобил во следните неколку дена, соопшти денеска МААЕ. Украинската агенција за нуклеарна енергија претходно објави дека Чернобил повторно е во украински раце. Новинарот на „Волстрит џурнал“ објави документ што се чини дека значи дека е постигнат договор меѓу украинската и руската страна за повлекување на руските сили и предавање на областа околу нуклеарната централа Чернобил назад во украински раце. Претходно украинската агенција објави дека Русите се повлекуваат од областа Чернобил. Русите го освоија Чернобил во првите денови од инвазијата врз Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-kje-isprati-misija-vo-chernobil/feed/ 0
Украинска нуклеарна агенција: Руските трупи почнаа да го напуштаат Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-nuklearna-agencija-ruskite-trupi-pochnaa-da-go-napushtaat-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-nuklearna-agencija-ruskite-trupi-pochnaa-da-go-napushtaat-chernobil/#respond Thu, 31 Mar 2022 15:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=656481

Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. „Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил“, соопшти Енергоатом на Телеграм. Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со Белорусија“ и „мал број“ руски сили остануваат во комплексот, се вели во соопштението. По руската инвазија, постојат стравувања од зголемени радиолошки ризици во Чернобил. Реакторот број четири во Чернобил експлодираше на 26 април 1986 година, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна несреќа во светот во која загинаа стотици и рашири радиоактивна контаминација на запад низ Европа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-nuklearna-agencija-ruskite-trupi-pochnaa-da-go-napushtaat-chernobil/feed/ 0
Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-postoi-opasnost-od-eksplozija-na-municija-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-postoi-opasnost-od-eksplozija-na-municija-vo-chernobil/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=655465

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина. –Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа, истакна Верешчук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-postoi-opasnost-od-eksplozija-na-municija-vo-chernobil/feed/ 0