чешка партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Oct 2021 06:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чешка партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чешката партија АНО преминува во опозиција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkata-partija-ano-preminuva-vo-opozicija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkata-partija-ano-preminuva-vo-opozicija/#respond Wed, 13 Oct 2021 06:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=578098

Чешката владејачка партија АНО очекува да премине во опозиција, откако двете опозициски коалиции освоија мнозинство во Парламентот на изборите минатиот викенд. Високиот претставник на АНО, Јарослав Фалтинек, изјави пред новинарите дека неговата партија нема да се обиде да го блокира трансферот на власта. – Можеме да сметаме на 108 мандати кои ги освои опозицијата, истакна Фалтинек. Тој, од друга страна, одби да каже дали АНО, која е најголемата единечна партија со 72 места во 200-члениот Парламент, ќе се откаже од обидот да учествува во формирањето влада. – Тоа прашање е за премиерот и претседателот, одговори Фалтинек. Премиерот Андреј Бабиш изјави дека претседателот Милош Земан му рекол дека тој, како шеф на најголемата партија, ќе добие можност да формира влада, и покрај тоа што во Парламентот се соочува со опозициско мнозинство. Иако коалициите Заедно и Пирати/СТАН имаат мнозинство од 108 пратеници и повторија дека ниту една од партиите нема намера да влезе во евентуална влада со актуелниот премиер, туку заедно ќе формираат влада, Бабиш додаде дека ќе прифати доколку претседателот Земан му го довери мандатот да се обиде да формира влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkata-partija-ano-preminuva-vo-opozicija/feed/ 0