Чешко-словачка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 10:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Чешко-словачка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=800745

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви. - Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Патријаршиски и синодален томос од 20 мај 2022 година, се наведува во соопштението на чешко-словачката Црква. „Ортодокстајмс“ посочува дека во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешка и Словачка нашата Црква никаде не се именува како Охридска Архиепископија, име под кое беше примена во канонско единство со останатите православни црква од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј на 9 мај минатата година. - По неочекуваното признавање на „автокефалноста“ доделена од Патријаршијата на Србија на Црквата на Северна Македонија од страна на Патријаршијата на Романија пред неколку дена и Црквата на Чешка и Словачка, исто така, го призна неканонскиот потег на Патријаршијата на Србија во врска со статусот на црквата на балканската земја, наведува порталот. „Ортодокстајмс“ потсетува дека „Светиот синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај објави дека ги прима во евхаристичко општење хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква (Охридска Архиепископија) раководени од архиепископот Стефан“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/feed/ 0