чешма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 11:27:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чешма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Загадена водата за пиење од јавните водоводи и чешми во девет села во Виничко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadena-vodata-za-piene-od-javnite-vodovodi-i-cheshmi-vo-devet-sela-vo-vinichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadena-vodata-za-piene-od-javnite-vodovodi-i-cheshmi-vo-devet-sela-vo-vinichko/#respond Wed, 26 Apr 2023 11:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=827856

Бактериолошко загадување на водата за пиење е утврдено по најновите испитувања на јавните чешми и водоводи во девет села во општина Виница, поради што е издадена забрана за нивно користење. Анализите на примероците вода што ги направиле стручните служби од Центарот за јавно здравје од Кочани покажале кај сите покажале присуство на колиформни бактерии, цревни ентерококи и ешерихија коли, а во три села е утврдено и отстапување од дозволените параметри за физичко-хемиска исправност. -Испитаните примероци од локалните водоводи во селата Лаки, Липец, Пекљани, Драгобрашта, Трсино и во Божанско и Јуручко Маало во селото Виничка Кршла не одговараат на законските и стручни прописи во однос на параметрите за бактериолошка анализа. Регистриран е зголемен вкупен број бактерии на температура од 22 и 36 степени Целзиусови во еден милилитар вода. Анализите на примероците од селата Крушево, Трстија и Калиманци не одговараат на законските прописи за микробиолошка и физичко-хемиска анализа, со зголемена потрошувачка на калиум перманганат. Во водата нема присуство на резидуален хлор како што е пропишано во Правилникот за барањата за исправност и квалитет на водата за пиење, поради што да не се употребува за пиење, лична хигиена и за миење свежо овошје и зеленчук, се истакнува во писмениот извештај од Центарот за јавно здравје. Во препораката што е испратена до Општина Виница, која има надлежност за јавните чешми и водоводи во населените места, нагласена е обврската да се постават информативни табли со натписи дека водата не е безбедна за користење. Потребна е нејзина соодветна преработка, односно таложење, флокулација, коагулација и филтрирање, како и редовна дезинфекција со хлор за да може повторно да се употребува. Проблемот со загаденоста на водата во населените места во Виничко е актуелен повеќе години, а за него треба да расправа и Советот на Општината на претстојната седница закажана за идната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadena-vodata-za-piene-od-javnite-vodovodi-i-cheshmi-vo-devet-sela-vo-vinichko/feed/ 0
Водата од чешма не е за пиење доколку го приметите ова: Еве кога е време да реагирате и да го преиспитате квалитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vodata-od-cheshma-ne-e-za-pienje-dokolku-go-primetite-ova-eve-koga-e-vreme-da-reagirate-i-da-go-preispitate-kvalitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vodata-od-cheshma-ne-e-za-pienje-dokolku-go-primetite-ova-eve-koga-e-vreme-da-reagirate-i-da-go-preispitate-kvalitetot/#respond Fri, 28 May 2021 09:25:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515976

Често се поставува прашањето дали е безбедно да се пие вода од чешма, но за жал, во некои случаеви треба да се преиспита нејзината исправност. Доколку приметите било какфва промена во вкусот или мирисот, преминете на флаширана. Ако вашата вода има вкус на метал, можно е да не е исправна за пиење. Експертите велат дека водата не смее да има никаков вкус па секој вкус би можел да дава знак дека нешто не е во ред со водата. Меѓутоа, лабараторијата за испитување од Масечусет особено напоменуваат дека вкусот на метал или горкиот вкус е сигурен знак дека водата треба дасе тестира на различни хемикалии. - Ако вашата вода има вкус на метал или горк вкус, постои голема веројатност дека содржи штетни супстанци, вклучувајќи лекови, пестициди и индистриски хемикалии, според ЕТР Лабараторијата. Исто така би требало да испитате како изгледа и како мириса вашата вода. Вкусот не е единствена работа на која треба да внимавате кога е во прашање квалитетот на водата. ЕТР Лабараторијата предлага да внимавате на заматениот изглед на водата, присутноста на талог, необичната боја и мирисот на хлор или сумпор. - Чистата вода за пиење секогаш е бистра, без седименти, проѕирна, без мирис, а особено нема вкус, изјави Антони. Исто така би требало да ја тестирате водата ако во вашето домаќинство некој се разболи без познат причинител. Постар научник Крис Мајерс од компанијата „Environmental Laboratories“ од Индија кажува дека треба да ја тестирате водата секој пат кога нешто „ќе се исклучи“, било во очите, носот или устата. Исто така напомена дека доколку член од семејството изненадно се разболи, особено без причина, вреди да се тестира водата. Постојат потенцијални долгорочни ефекти врз здравјето и од пиење контаминирана вода. Не е само болка во стомакот за која мора да внимавате. Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД, изложеноста на хемикалии преку вода за пиење може да резултира со различни краткорочни и долгорочни здравствени ефекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vodata-od-cheshma-ne-e-za-pienje-dokolku-go-primetite-ova-eve-koga-e-vreme-da-reagirate-i-da-go-preispitate-kvalitetot/feed/ 0