чествување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Feb 2023 08:37:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чествување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мирно одбележан роденденот на Гоце Делчев во Скопје – тројца Бугари заработија забрана за влез во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirno-odbelezhan-rodendenot-na-gotse-delchev-vo-skopje-trojtsa-bugari-zarabotija-zabrana-za-vlez-vo-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirno-odbelezhan-rodendenot-na-gotse-delchev-vo-skopje-trojtsa-bugari-zarabotija-zabrana-za-vlez-vo-drzhavata/#respond Sun, 05 Feb 2023 08:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=796291

Чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата „Св. Спас“помина во мирна атмосфера и во духот на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца бугарски државјани биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир на граничниот премин „Деве Баир“, на кои Судот синоќа им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години. Со високи државни почести и во мирна атмосфера вчера во Скопје беше одбележана 151-та годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ вчера цвеќе положија државниот врв, претставници на политичките партии од власта и опозицијата, на граѓански организации и на Армијата, делегација од Бугарија, граѓани… Одбележувањето помина под силно полициско обезбедување, а веќе неколку дена улицата која минува крај црквата „Св. Спас“ е затворена за сообраќај, а така се очекува да биде и денеска. Настанот во чест на раѓањето на знаменосецот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, започна со високи државни почести и со македонската химна. Цвеќе на гробот на Делчев положија претседателот Стево Пендаровски, а владината делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски и во неа беа првиот вице-премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Делегацијата од Собранието ја предводеше потпретседателот Горан Мисовски, а цвеќе положија и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Генералштабот и на Министерството за одбрана, претставници од Сојузот на борци од НОАВМ и делегации на политички партии. Во црквата Свети Спас се одржа и богослужба посветена на големиот револуционер, Гоце Делчев, со која чиночалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството. Чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата „Св. Спас“помина во мирна и достоинствена атмосфера и во духот на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев. „Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен натпревар меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки. Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави“, наведе премиерот Ковачевски во својата објава на Фејсбук.
Цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со членови на раководството на партијата. Мицкоски до безбедносниот пункт во близина на „Св. Спас“ дојде заедно со поголема група членови на опозициската партија и на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. По положувањето цвеќе, тој изјави дека наместо да се зближуваме, да се зголемува нашето пријателство ние денеска, за жал, сме подалечни од кога и да било во нашата историја со нашите соседи. „Две чувства се развиваат кај мене. Првото е чувство на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ. Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја, нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец. И второто е чувството на разочараност, кое кај мене се создаде денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја“, изјави Мицкоски кој ја предводеше партиската делегација на одавањето почит на великанот Делчев. Откако делегациите заминаа полицијата почна да пропушта групи граѓани кон црквата „Св. Спас“ кои сакаат да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје положи и делегација од Бугарија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој изрази очекување дека следната година цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ ќе положат заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски. Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од, како што рече, вакви драконски мерки. На граничниот премин „Деве Баир“ бугарски државјани кои сакале да присуствуваат на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев чекаа повеќе часови за влез во земјава поради пад на системот за контрола, па по долгото чекање на границата, некои од нив се вратиле назад во Бугарија. „За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Северна Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев“, рече Демерџиев. Подоцна македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца бугарски државјани биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир на граничниот премин „Деве Баир“, на кои Судот синоќа им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години. Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства. Судот во Крива Паланка им изрече по 300 евра казна, протерување и забрана за влез во С Македонија во траење од три години. Со реакција за одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и неможноста да присуствуваат нивни граѓани, излезе бугарското Министерство за надворешни работи. Во соопштението објавено на неговата веб-страна, бугарското МНР оцени дека одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Делчев не придонесе за унапредување на добрососедските односи и дека „ќе биде забележано оти македонските власти не им дозволиле на бугарски граѓани да му одадат почит на великанот“. „Со длабоко жалење констатираме дека 04.02.2023 година ќе влезе во историјата како датум на кој властите во Северна Македонија, со крајно неубедливи причини и со прекршување на уверувањата дадени однапред, не им дозволија на бугарски граѓани да му оддадат почит на делото и животот на Делчев. Министерството за надворешни работи го дефинира денешното однесување на Владата во Северна Македонија како понижувачко и неприфатливо кон бугарскиот народ и Република Бугарија“, се вели, меѓудругото, во соопштението од бугарското МНР. Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера не соопшти на колку државјани на Бугарија вчера не им беше дозволен влез во земјава. „360 степени“ го упати ова прашање до МВР, но ни одговорија дека не можат да споделат дополнителни информации. Бугарската национална телевизија во прилог од граничниот премин Деве Баир пренесе дека Бојан Донев и Никола Арнаудов се двајца од повеќемина бугарски државјани на кои денеска им е забранет влев во Северна Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirno-odbelezhan-rodendenot-na-gotse-delchev-vo-skopje-trojtsa-bugari-zarabotija-zabrana-za-vlez-vo-drzhavata/feed/ 0
Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/#respond Wed, 17 Aug 2022 07:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=719607

Денес, 17.08.2022 година (среда) се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто. За таа цел Ве покануваме денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша: Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. - напиша Стефковски На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/feed/ 0
Мизрахи: Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ по човек кој има фашистички ставови е провокација која нема допирна точка со добрососедство и пријателство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-otvoranjeto-na-klubot-vancho-mihajlov-po-chovek-koj-ima-fashistichki-stavovi-e-provokacija-koja-nema-dopirna-tochka-so-dobrososedstvo-i-prijatelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-otvoranjeto-na-klubot-vancho-mihajlov-po-chovek-koj-ima-fashistichki-stavovi-e-provokacija-koja-nema-dopirna-tochka-so-dobrososedstvo-i-prijatelstvo/#respond Mon, 18 Apr 2022 17:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=664890

За себе лично започна големиот еврејски празник Песах кој го одбележува излезот на Евреите од егзодусот од Египет. Во таков амбиент сметав дека ќе се помине мирно викендот, но баш на тој ден се случи тој немил настан поради тоа што концептот на култура беше заменет со провокација. Тоа не е согласност со договорот за добрососедство и пријателство и оди во насока на бројните провокации кои доаѓаат од Бугарија, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ Алфа говорејќи за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Таа истакна дека еден културен центар можеше да го добие било кој назив, друго име, а тие се одлучија за Ванчо Михајлов, контроверзна личност од минатото. - Во неговите книги кои се издадени во Рим стои дека Македонците се говеда и деца на Сталин. Се работи за човек кој е контроверзен, има фашистички ставови, колаборира со нацистичка Германија. Станал советник на Анте Павелиќ, се обидува да направи и квинслишка држава во Скопје во 1944 година, но видел дека амбиентот не е погоден за тоа и заминува. Се чудам зошто баш ваква личност за кој има историски факти, наместо да се одбере личност која ќе биде во знак на добрососедство, рече Мизрахи. Мизрахи истакна дека во исто време Бугарија го затајува меѓународното право во однос на случаите на македонските организации во Бугарија со 14 пресуди во Стразбур како и во рамките на договорот на двете држави каде стои дека треба да има меѓусебно почитување и дека треба да се поттикнува соработка. - Од Бугарија изминативе години има најмалку 23 изјави кои воопшто не се добрососедски во кои тие велат дека Бугарија е до Охрид, дека македонизмот е измислен, но и дека не постои македонска нација и дека Гоце Делчев е Бугарин, потенцира Мизрахи. Во врска со тврдењата дека Бугарите биле администратори во Втората светска војна, таа посочи дека документите зборуваат за окупација на оваа територија и две законски решенија, закон за нација и законот за еднократен данок, изгласани во собрание на Бугарија потпишани од Цар Борис како и законското спроведување на елиминација на македонските Евреи кон Треблинка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-otvoranjeto-na-klubot-vancho-mihajlov-po-chovek-koj-ima-fashistichki-stavovi-e-provokacija-koja-nema-dopirna-tochka-so-dobrososedstvo-i-prijatelstvo/feed/ 0
Сајкоски: Чествувањето на Михајлов е чествување на фашизмот, а Европа и нашата борба била против фашистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-chestvuvanjeto-na-mihajlov-e-chestvuvanje-na-fashizmot-a-evropa-i-nashata-borba-bila-protiv-fashistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-chestvuvanjeto-na-mihajlov-e-chestvuvanje-na-fashizmot-a-evropa-i-nashata-borba-bila-protiv-fashistite/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=664864

Во рамки на кампањата „Промените се случуваат – секогаш со народот“ денес сум во посета на Општина Ресен каде промовираме проекти со кои ќе се решат далекусежни и долгогодишни проблеми на граѓаните од оваа општина. Улицата „Илинденска“ претставуваше проблем за граѓаните, но со смена на фекалната, атмосферската канализација и подобрување и реконструкција на самата улица ќе биде голема придобивка за граѓаните на оваа општина, изјави денеска за медиумите, Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека реализацијата на овие проекти се значајни и големи и доаѓаат во многу тешко време. - Кога зборувам за тешко време, зборувам и кажувам за она што се случуваше вчера од страна на бугарската влада и нивните претставници со отворање на клубот, културниот центар кој го нарекоа „Ванчо Михајлов“ и клуб преку кој кажуваат и докажуваат со нивната политика дека продолжуваат со негирање на македонскиот народ и на македонската држава. Со ова сакам да истакнам дека бугарската влада со начинот и пристапот на проблемот со Македонија само го носи прашањето да не се дојде до решение и на таков начин самата се амнестира од одговорноста што ја им пред европските институции. Ако промовираме европски вредности и ако одиме во Европа заедно, ние треба да работиме во насока на подобрување на демократијата, борба против фашизмот, а не да промовираме ликови кои што се како Ванчо Михајлов, докажани поддржувачи на фашизмот и докажани негатори на македонската нација, појасни Сајкоски. Тој посочи дека Македонската влада треба веднаш да побара од Бугарија да се формираат македонски културни центри во повеќе градови на Бугарија со кои ќе се промовира нашата посебност и значењето на македонскиот јазик и македонската култура. - Исто така е важно што не изнајде начин владата во Македонија и влезе во погрешна насока во преговорите со Бугарија и не донесе во фаза да си ја докажуваме посебноста како Македонци во 21 век, 78 години во сопствена држава и повеќевековната борба што ја имале сите наши предци за создавање на сопствена држава. Затоа треба во вистинска насока да се води проблемот и да бараме конкретно решение за влез во ЕУ, додава генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-chestvuvanjeto-na-mihajlov-e-chestvuvanje-na-fashizmot-a-evropa-i-nashata-borba-bila-protiv-fashistite/feed/ 0
Во Пехчево чествување на великаните на македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=609677

Во Пехчево се чествуваше ликот и делото на великаните на Македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин. Настанот го орзанизираше матичната библиотека ,,Кочо Рацин” во соработка со љубители на пишаниот збор од Пехчево. -Со литературно-поетско читање во нашата библиотека се одржа чествување на ликот и делото на великаните на македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин. Одбележавме 100 години од раѓањето на македонскиот поет, критичар, есеист, книжевник Блаже Конески и 113 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, како и 82 години од излегувањето на неговата стихозбирка „Бели мугри” на македонски јазик. Во нивна чест читателите на библиотеката презентираа стихови од нивното творештво, истакнаа од библиотеката. Оттаму додадоа дека овој настан е меѓу последните во рамки на тековната година. -Во делот на културните збиднувања во наша организација и годинава поради пандемијата, настаните ги организиравме со помал број учесници. До нова година планираме уште неколку активности со најмалите на кои сакаме да им ги честитаме празниците, додадоа од библиотеката во Пехчево. Изразија надеж дека во 2022 година пандемијата ќе стивне со што ќе се зголемат можностите за организирање настани со поголем број учесници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/feed/ 0
Чествување на споменот на Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/#respond Mon, 28 Jun 2021 15:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=529023

Во 18:30 часот вечерва во паркот во Општина Ѓорче Петров, ќе се одржи честувување на споменот на Ѓорче Петров во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ - Гоце Делчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/feed/ 0
Чествување за Гоце Делчев во Прилеп: Правата на малцинствата да бидат по европски стандарди https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chestvuvanje-za-goce-delchev-vo-prilep-pravata-na-malcinstvata-da-bidat-po-evropski-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chestvuvanje-za-goce-delchev-vo-prilep-pravata-na-malcinstvata-da-bidat-po-evropski-standardi/#respond Sun, 02 Feb 2020 19:44:38 +0000 https://kurir.mk/?p=298308

По повод 148-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, невладиата организација „Нѐ има“ во Прилеп организираше чествување собирајќи ги Македонците од соседните земји. Според Илија Богатиновски, претседател на „Нѐ има“, прашањето за правата на македонските малцинства во соседните земји почнува со оптимистичките настојувања во Албанија, каде што утре во Парламентот ќе се дебатира за нив. -Ние сакаме да му оддадеме почит на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Ја одбележуваме 148-годишнината од неговото раѓање, во организација на граѓанската иницијатив за културна национална и за економска интеграција на македонскиот народ. Целта е да го нагласиме значењето на делото на Делчев и, воедно, да разговаараме за правата на македонскиот народ во соседните држави, рече Богатиновски на 19-тото чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Богатиновски нагласи дека ја слушнале, како што рече, провокацијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вчера во Битола за тоа чиј е Гоце Делчев. -Ја слушнавме изјавата на Каракачнов. Имаме преку 60 истражувачи кои ја анализираат улогата на Гоце Делчев во еманципацијата на македонската држава. Во работата на Гоце Делчев провејуваат заклучоците за самостојна Македонија, рече Богатиновски. Македонска алијанса за европска интеграција на Македонците во Албанија ги охрабрува настојувањата на Македонците за нивните права во соседните земји кои се најнапредни во Албанија, но нема напредок во Бугарија. – Работите се поместуваат. Законот за малцинсвата е утре на дневен ред на албанскиот парламент. Се надеваме дека ќе бидеме и дел од пописот во Албанија и ќе бидеме во графата за малцинствата, изјави Евфтим Митревски од Алијансата на Македонците во Албанија. Според Димитар Паросков, претседател на „ОМО Илинден“ во Бугарија, ситуацијата со Македонците во Бугарија е специфична и, како што рече, нема да се реши во скоро време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chestvuvanje-za-goce-delchev-vo-prilep-pravata-na-malcinstvata-da-bidat-po-evropski-standardi/feed/ 0
Продолжуваат чествувањата за 1000 години постоење на Охридската архиепископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/#respond Mon, 28 May 2018 05:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=59031

Чествувањата по повод 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија продолжуваат денеска со Света архиерејска литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. Централниот настан по повод значајниот јубилеј се одржа синоќа во „Света Софија“, со Свечена академија на која присуствуваа поглаварот на МПЦ Стефан, членовите на Светиот синод на МПЦ како и највисокото државно раководство предводено од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Архиепископот Стефан во обраќањето пред присутните на Академијата меѓу другото истакна дека јубилејот 1000-години од Охридската архиепископија е настан со кој би се гордеел секој народ и секоја помесна Црква, настан што ја потврдува нашата вековна вистина, настан на кој се потпираат и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина. Тој уште рече дека историјата на Охридската архиепископија одела заедно со историјата на македонскиот народ, дека слободата на Архиепископијата била и слобода за народот. - Знаел нашиот народ дека само народ со минато, може да биде народ со иднина! Знаел дека нема вечни владари и трајни империи, туку дека има само народи кои вечно бдеат и ја чуваат својата историја... Ние денес, загледувајќи се во нашето минато, прилика е да се потсетиме и да се помолиме за личностите од минатото и за нивните заслуги и дела, трудејќи се достојно да се вложиме себеси и да ги насочиме своите обврски и задачи кон сегашниве и идните потреби на нашиот народ и Црква. Душеполезно и спасоносно би било да живееме по она евангелското, што било најглавно во мисијата на нашата древна Црква: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Само така ќе им се оддолжиме и ќе покажеме достојна почит кон духовниците и паството, кон сите коишто низ вековите наназад ѝ служеле и нејзе ѝ припаѓале, кон оние коишто некогаш дочекаа славни времиња, кон оние коишто трпеле искушенија, коишто ја доживеале забраната на нејзината дејност, како и кон оние коишто ја бранеле од неправдите и се бореле за нејзино возобновување и, конечно, кон оние коишто во лицето на Македонската православна црква го доживеаја и помогнаа во нејзиното воскресение, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. Претседателот на Република Македонија и покровител на манифестацијата за одбележување на илјадагодишнината од формирањето на Охридската архипепископија, Ѓорѓе Иванов, од своја страна истакна дека славајќи го големиот јубилеј треба да сме свесни на фактот што самата новела на византискиот император Василиј II посветена на славната Охридска Архиепископија ја констатира историската реалност дека во Македонија веќе постоела организирана Црква со црковна ерархија, Црква која произлегувала од верниците христијани, Црква произлена од народот и која постоела заради народот. Претседателот Иванов потсети дека низ вековите Црквата во Македонија се соочувала и со прогони и со просперитет, носела различни имиња, нејзиниот статус бил унапредуван и смалуван, епархиите и биле придодавани и одземани, нејзината диецеза била проширувана и стеснувана, разни владетели ја потврдувале и ја забранувале, опстојувала и во време на императори-пагани, цареви-христијани и султани-муслимани. - Но, без разлика на сето тоа, таа била и останала плодоносна гранка на вистинската лоза, на Исус Христос. Гранка која низ вековите ја пренесувала надежта за вечност со Бог. И токму поради таа надеж, луѓето, независно од нивната етничка, социјална, јазична припадност биле толку многу приврзани кон својата црква. Толку приврзани што ниту најмоќниот човек на најмоќната империја на 11 век, византискиот император Василиј ИИ, не се осмелувал да ја укине. Туку ја потврдил, ја проширил и ја заштитил. И тоа е чинот што ние денес го празнуваме. Денес ја празнуваме потврдата на постоењето на црквата во Македонија во ликот на народната Охридска архиепископија, рече Иванов. Свое обраќање пред присутните гости на академијата имаше и претседателот на Владата Зоран Заев кој посочи дека востоличувањето на Охридската архиепископија не значеше создавање нова црква туку светла точка во историјата на континуитетот на христијанството на овие простори што има корени уште од апостолско време. Заев нагласи дека денеска се чествува десет векови поврзаност на македонскиот народ со колевката од која произлезе духовната сувереност на народот собран околу идејата за своја држава за која и се избори. Тој забележа дека никој денеска не може да го порекне, отфрли тој посебен однос меѓу Охридската архиепископија и народот во РМ. Однос изграден на длабоки врски и почит со наследството што православните христијански верници го негуваат со Охридската архипеископија, со МПЦ која иако се соочува со бројни искушенија никогаш не посегнала по туѓо, а на својата афтокефалност се повикува како што на неа се повикуваат сите помесни православни цркви денеска. - МПЦ – ОА е жива црква со полн духовен раст. Искрено се надеваме дека многу скоро ќе преовлада христијанската љубов и добрата волја и дека МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница. Повторно ќе се повикаме на вредностите на древната Охридската архипеископија која била духовната обединителка на православните народи и уверени сме дека нејзиниот дух возобновен во МПЦ ќе прерасне во алка на помирување и обединување околу изворните принцпипи на заедништвото на православната црква, истакна премиерот Заев. Свечената академија беше збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија заедно со хоровите од братствата на манстирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“. На програмата беа преработки и аранжмани на композиции со тематика од македонските тропари. Во рамки на манифестацијата во галеријата на „Света Софија“ беше отворена и изложба на уметнички портети на македонските архиепископи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/feed/ 0