четворица загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 07:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png четворица загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четворица загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд: Без струја останаа 144 илјади луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-od-tsiklonot-gabriel-vo-nov-zeland-bez-struja-ostanaa-144-iljadi-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-od-tsiklonot-gabriel-vo-nov-zeland-bez-struja-ostanaa-144-iljadi-luge/#respond Wed, 15 Feb 2023 07:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=800640

Четири лица загинаа на Нов Зеланд откако циклонот Габриел ја погоди земјата на почетокот на оваа недела, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата. Тело е пронајдено на местото каде исчезна пожарникар при уривање на куќа во регионот Окленд - најнаселен град во земјата. Три лица загинаа во друга област на Северниот остров - Хоков Залив. Циклонот донесе силен дожд и силен ветер во ноќта од понеделник кон вторник. Предизвика поплави и лизгање на земјиштето на Северниот остров, дом на три четвртини од пет милиони жители на Нов Зеланд, изолирајќи цели градови. Околу 10.500 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Без струја останаа 144 илјади луѓе. Сепак, напојувањето е постепено обновено. Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека најлошото поминало, но предупредија дека се уште постои опасност. Тие почнаа да го проценуваат степенот на штетата во изолираните градови каде што надојдените води ги разурнаа патиштата и ги прекинаа комуникациите. Во целата земја веќе една недела е прогласена вонредна состојба. Циклонот Габриел беше „најмоќната метеоролошка појава во Нов Зеланд во овој век, рече премиерот Крис Хипкинс. Министерот за управување со кризи, Киеран Меканулти, додаде дека „ова е голема катастрофа“. Ќе бидат потребни „многу недели“ за обнова на погодените области, предвиде тој, предупредувајќи дека „патот е долг“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-od-tsiklonot-gabriel-vo-nov-zeland-bez-struja-ostanaa-144-iljadi-luge/feed/ 0
Најмалку четворица војници загинаа во серија експлозии во воена база во Казахстан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/#respond Fri, 27 Aug 2021 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=555474

Четворица војници загинаа во серија експлозии предизвикани од пожар во воена база на југот на Казахстан, а повеќе од 60 лица се ранети, соопштија денеска властите на оваа централноазиска земја. Британските медиуми јавуваат дека се уште не се знае која е причината за пожарот што вчера се појави воената база во провинцијата Замбил. -Во базата се чувааат инженерски експлозиви, изјави на прес -конференција казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Јермекбаев. Војниците загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот што беше предизвикан од серија од десет експлозии, изјави министерот, додавајќи дека складираниот експлозив потекнува од објект во градот Арис, каде што во 2019 година беше забележан сличен настан, а и тогаш  загинаа четири лица. Властите евакуираа стотици лица од блиската област и го затворија главниот пат што ја поврзува провинцијата со Алмати, најголемиот град во Казахстан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvorica-vojnici-zaginaa-vo-serija-eksplozii-vo-voena-baza-vo-kazahstan/feed/ 0
Најнови детали за страшната сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-strashnata-soobrakjajna-nesrekja-vo-koja-zaginaa-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-strashnata-soobrakjajna-nesrekja-vo-koja-zaginaa-chetiri-lica/#respond Mon, 07 May 2018 07:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=50855

СВР-Битола го утврди идентитетот на загинатите лица и другите учесници во сообраќајната несреќа што вчера се случи кај местото викано „Рибник“ во непосредна близина на наеленото место Крушје. Како што информираше МИА, во сообраќајката учествуваа три патнички возила, а на местото на несреќата загинаа четири лица. - Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат „А-3“ релација Охрид-Ресен, кај местото викано „Рибник“ во село Крушје. Во сообраќајната незгода учествуваа три патички моторни возила - „мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Миле Р. (1951г.) со сопатничката Менка Р. (1953) и двајцата од Битола, патичко моторно возило „ауди а-4“ исто така со битолски регистерски таблици управувано од возач С.Н. (1974) која патувала заедно со Димче С. (1959) и Цена С. (1965), жители на општина Могила и трето патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т. (1991) со својот сопатник В.Р. (1991). Во сообраќајната несреќа на местото на настанот животот го загубија Миле Р., Менка Р., Димче С., и Цена С., а смртта ја констатира медицинска екипа на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом Ресен. Со тешки телесни повреди е лицето С.Н. која управувала со возилото „ауди А-4“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола. Се води истрагата за сообраќајната несреќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-za-strashnata-soobrakjajna-nesrekja-vo-koja-zaginaa-chetiri-lica/feed/ 0