Чифте амам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 06:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Чифте амам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-vladimir-temkov-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-vladimir-temkov-vo-chifte-amam/#respond Wed, 31 May 2023 06:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=840712

Во Чифте амам вечер во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба, 40-годишен опус, на Владимир Темков. Владимир Темков е присутен на македонската и поранешната југословенска ликовна сцена од 1980 година и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Тој е основач и организатор е на Меѓународната ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово“ од 1996 година. Организатор е на првата Ликовна колонија 1982 година во рудник Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци. Исто така и претседател на Друштво на ликовни уметници на Кавадарци, како и потпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и друго. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-vladimir-temkov-vo-chifte-amam/feed/ 0
Изложба „Креативен код“ во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-kreativen-kod-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-kreativen-kod-vo-chifte-amam/#respond Fri, 16 Dec 2022 06:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=776288

Националната галерија на Република Северна Македонија денеска во објектот Чифте амам организира изложба на проектот „Креативен код“. Во рамки на својата Годишна програма, едукативното одделение на Националната галерија со години наназад организира голем број едукативни проекти посветени на ранливите категории. Проектите, како што наведуваат, имаат за цел социјализација на лицата со хендикеп и подигнување на јавната свест. Ваквите креативни работилници преку моделот на социјална инклузија развиваат чувство на прифаќање, толеранција и почит кон различностите, а низ кретивност и дружба создаваат уметност. Во проектот „Креативен код“ учествуваа децата од Државен училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“ заедно со учениците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“, паралелката по меѓународна матура и студентите од Машинскиот факултет, отсек Индустриски дизајн. Од Националната галерија информираат дека темата на проектот беше шума. Низ работилниците креативците најнапред изработија скици на зададената тема. Готовите скици на „волшебната шума“ добија тродимензионална форма на скулптури со поддршка на студентите од Машинскиот факултет, отсек Индустриски дизајн. Современата опрема и технологија која ја поседуваат студентите на Машинскиот факултет ја ставија на располагање, ги испринтаа дрвцата со 3Д-принтери во просториите на факултетот. На крајот од циклусот, во просториите на Европската куќа во Скопје, со поддршка на Европската делегација „волшебната шума“ го доби својот колорит. На отворање на изложбата ќе има инклузивен музичко-визуелен перформанс кој ќе го создадат инструменталистите од Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, учениците од насоката за Традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, перкусионистот и визуелен уметник Влатко Митев и децата од Државениот училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“. Присутните ќе ги поздрави директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и Маја Димитрова, едукатор во едукативното одделение. Проектот е поддржан од Министерството за култура и Националната галерија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-kreativen-kod-vo-chifte-amam/feed/ 0
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=691452

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/feed/ 0
„Сеќавања“ – изложба на Бурим Муфтиу во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/593920/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/593920/#respond Thu, 11 Nov 2021 06:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=593920

Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Сеќавања“ на уметникот Бурим Муфтиу, во организација на Национална галерија на Република  Македонија. Централно место во уметничкото говорење на Бурим Муфтиу, преку фотографии, инсталации и видеопроекција, зазема манекенот (кукла во излог). – Манекените за Бурим Муфтиу имаат двојна или тројна улога, тој се обидува преку овие фотографии да им даде нова задача на моделите, друга функција вградена во еден концепт. Облеката им е речиси невидлива, чиниш се обидуваат да ја прикријат и да ја маскираат својата душевна состојба, спомените и сите тие ужасни искуства од минатото. Моделите снимени од Бурим Мифтиу веќе не ја рекламираат облеката, туку со изразите на лицата, со скршени екстремитети, необичен нос и очи прифаќаат сторија, разочарување и ужас. Кај инсталациите во кои манекенот е претставен во форма на кукла, тематиката е иста како и кај фотографијата – разочарувањето и болката од стварноста се примарни. Тука се надоврзува и видео инсталацијата со приказ на имагинарните ликови на манекените сведоци на едни скршени соништа. Авторот преку своите дела го осудува насилството. Ниедно насилство во светот нема оправдување, туку само изговори. Преку фотографии, инсталации и видеопроекција отворено зборува за негирањето на геноцидот и за негирањето на човечките страдања и трагедии, се наведува во предговорот за изложбата на Муфтиу. Бурим Муфтиу е роден во 1961 година во Призрен. Тој е уметник, фотограф, кустос и предавач. Живее и работи во САД и во Косово. Дипломирал англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина. Специјализира фотографија на Институтот за фотографија, НИИП, Њујорк. Дипломирал и магистрирал визуелни уметности, на Универзитет ААБ, Приштина, Косово. Добитник е на повеќе награди. Куратор на проектот е Татјана Бундалевска, кустос во Национална галерија на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде поставена до 26 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/593920/feed/ 0
Промоција на монографија и изложба на Тања Балаќ по повод 30 години творештво во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-monografija-i-izlozba-na-tanja-balakj-po-povod-30-godini-tvoreshtvo-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-monografija-i-izlozba-na-tanja-balakj-po-povod-30-godini-tvoreshtvo-vo-chifte-amam/#respond Tue, 31 Aug 2021 05:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=556960

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена вечер во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска. Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година, магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006-2013 година и негова претседателка. Покрај сликарството, Балаќ во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео уметност. Остварила повеќе самостојни изложби: „Просторни дистанци“ во 2020 г. во Галеријата на македонската амбасада во Виена, „Невидлива изложеност“ во галерија „Прогрес“ во Белград во 2019 г., „1800К“ со Омер Калеши во Галерија на македонската амбасада во Париз во 2017 г., „Црвена земја“, „Раѓање на нација“ – проекции на експерименталните филмви и изложба на фотографии во ОКК Галерија – Берлин, Германија, истата година, во 2013 г. „Просторни дистанци“ во галеријата „Љубљански град“, како и многу други самостојни претставувања во Истанбул, Софија, Малме, Марибор, Москва, Париз… Учествувала на бројни групни изложби, во Македонија и во странство: Франција, САД, Полска, Бугарија, Србија, Русија, Шведска… Исто така, нејзините експериментални филмови побудуваат голем интерес кај меѓународната јавност. Дел од нив се здобија со меѓународни награди како што е четвртата награда за експериментален филм на Биеналето во Фиренца за филмот „Меморабилија“ во 2019г, во истата година и 1ва награда на Филмскиот фестивал во Вест Вирџинија, САД; во 2020 награда на Anarchy Film Festival во Манчестер, Велика Британија за филмот „Заглавени Заедно“, итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-monografija-i-izlozba-na-tanja-balakj-po-povod-30-godini-tvoreshtvo-vo-chifte-amam/feed/ 0
Изложба на Павле Кузманоски во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pavle-kuzmanoski-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pavle-kuzmanoski-vo-chifte-amam/#respond Tue, 13 Oct 2020 05:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=415502

Ретроспективна изложба на авторот Павле Кузманоски од Тетово ќе биде отворена вечер во Чифте амам. Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираат дека официјалното отворање на изложбата е закажано за 18:30 часот со почитување на протоколот за социјална дистанца. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври. Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија. Кузманоски досега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои во Париз (Cite Internationale des Arts во 2000 и 2004), во Берлин ( воArt Center Galerie, 2009), во Нирнберг (во Ehrenhalle des Rathauses, 2009 ),во Њујорк, ( во Македонскиот културен центар), Во виена (воPalais Porcia, 2012) и други. Учествувал на преку 250 групни изложби во земјата и во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pavle-kuzmanoski-vo-chifte-amam/feed/ 0
„Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazni-fascinacii-20-na-atanas-atanasoski-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazni-fascinacii-20-na-atanas-atanasoski-vo-chifte-amam/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=360771

Националната галерија информира дека од денеска ќе почне да се гради инсталацијата на уметникот Атанас Атанасоски. Идејниот проект „Пејзажни фасцинации 20“ ќе биде изграден во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам. – Првиот програмски проект за оваа година „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски сé надоврзува на неговите претходни проекти во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на вирусот КОВИД-19 се покажа како особено нужна, се вели во соопштението од Национална галерија. Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеќи ја куполната форма. -Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови, се наведува во соопштението. Атанас Атанасоски е роден на 30 јануари 1961 година во Прилеп. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Посдипломски престој на ФЛУ во Будимпешта 1992-95 година. Докторирал на Институтот за национална историја во Скопје во 2010 година на тема „Историско-уметничките аспекти на орнаменталните мотиви во ѕидното сликарство на спомениците во Пелагониската епархија од XII до XVII век“. Досега реализирал повеќе самостојни изложби и бил дел од повеќе групни изложби во државата и светот. Националната галерија потсетува дека испорача неколку интерактивни проекти како „Уметнички дневници“, „Уметнички предизвик“, „Нашите херои“ со цел да ја одржи врската со публиката, да се престрои во условите на „новата нормалност“ и да ја адаптира реализацијата на програмата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pejzazni-fascinacii-20-na-atanas-atanasoski-vo-chifte-amam/feed/ 0
Откажано отворањето на две изложби во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkazano-otvoranjeto-na-dve-izlozbi-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkazano-otvoranjeto-na-dve-izlozbi-vo-chifte-amam/#respond Tue, 10 Mar 2020 10:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=314472

Националната галерија денеска соопшти дека поради потенцијалното ширење на коронавирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, откажано е најавеното отворање на двете изложби „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“. – Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (освен понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат изложбите во Чифте амам, се вели во соопштението од Националната галерија. Изложба „Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин е во рамки на одбележувањето на Деновите на франкофонијата, во организација на Амбасадата на Канада и Националната галерија. Изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ е од колекцијата на Националната галерија и беше организирана по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkazano-otvoranjeto-na-dve-izlozbi-vo-chifte-amam/feed/ 0