чикаго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Oct 2023 17:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чикаго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вознемирувачко видео: Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќ на вештерките во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-najmalku-15-zastrelani-na-zabava-po-povod-nok-na-veshterkite-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-najmalku-15-zastrelani-na-zabava-po-povod-nok-na-veshterkite-vo-chikago/#respond Sun, 29 Oct 2023 17:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=894234

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен. Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба. -Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата. Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување. -Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-najmalku-15-zastrelani-na-zabava-po-povod-nok-na-veshterkite-vo-chikago/feed/ 0
И Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=877539

И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември, јави Гласот на Америка. - Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, образованието, социјалните услуги, науката и медицината, вели градоначалникот Џонсон во известувањето. Тој истакнува дека македонско-американската заедница овој месец одбележува 32 години од независноста на македонската држава, повикувајќи ги „сите жители да се приклучат во славењето на многуте придонеси на македонските Американци“. На 23 септември во Чикаго треба да биде претседателот Стево Пенадровски, кој ќе присуствува на настан организиран од „Македонија 2025“. Освен во Чикаго, македонската култура месецов се слави и во градот Рејнолдсберг, Охајо, каде градските власти најавија дека македонското знаме ќе се вее пред општината до крајот на септември. Во јули годинава, пак, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чие барање беа резолуциите во Мичиген и во Сенатот, ја поздрави иницијативата на грдоналаникот на Чикаго. - ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина“, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/feed/ 0
Едно лице загина, неколку се ранети во престрелка во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edno-litse-zagina-nekolku-se-raneti-vo-prestrelka-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edno-litse-zagina-nekolku-se-raneti-vo-prestrelka-vo-chikago/#respond Mon, 19 Jun 2023 07:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=847291

Едно лице загина, а најмалку 20 се ранети во престрелка што се случи вчера на паркинг во предградие на Чикаго во САД, соопштија властите. -Најмалку 20 луѓе беа застрелани. Една жртва почина. Мотивот за овој инцидент е нејасен, рече Ерик Свансон, заменик во канцеларијата на шерифот на округот Дупајџ. Според него, бројни жртви биле пренесени во болници, а некои од нив сами побарале лекарска помош. -Состојбата на ранетите не е позната, изјави Свансон на новинарите. Крег Лоци, кој присуствуваше на настанот, изјави дека во моментот на пукањето настанал хаос и толпата почнала да бега. Телевизиските снимки покажаа трговски центар преполн со отпадоци и полициски ленти во Вилоубрук, на околу 32,1 километри југозападно од Чикаго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edno-litse-zagina-nekolku-se-raneti-vo-prestrelka-vo-chikago/feed/ 0
Градоначалничката на Чикаго прогласи вонредна состојба поради мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-chikago-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-chikago-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-migrantite/#respond Wed, 10 May 2023 05:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=832464

Градоначалничката на Чикаго во заминување, Лори Лајтфут прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои се населиле во градот, често во тешки услови за живот, откако ја преминале јужната американска граница за да побараат азил. Наредбата ја означи досега најмрачната прогноза на администрацијата во заминување за тоа како ќе поминат најранливите новодојденци во Чикаго додека градот се подготвува за претстојниот крај на финансиската помош за нив. Тоа доаѓа девет месеци откако гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, почна со автобуси да ги префрла новодојдените бегалци од Централна и Јужна Америка во Чикаго, тврдејќи дека либералните „градови-засолништа“ треба да бидат подготвени да преземат поголем дел од товарот што произлегува од граничната криза. Оттогаш, повеќе од 8.000 такви мигранти пристигнаа во градот, што Лајтфут вчера го нарече „политички трик“ на Абот, притоа признавајќи дека автобусите нема да запрат да доаѓаат. - Дојдовме до критична точка во нашиот одговор на нашата хуманитарна криза, произведена главно од него за цинични политички цели, рече Лајтфут на прес-конференција, истакнувајќи дека уште 48 семејства се „испратени“ од Тексас вчера попладне. Потпишана помалку од една недела пред Лајтфут да ја напушти функцијата, декларацијата за вонредна состојба и овозможува на администрацијата на градоначалникот да распореди средства за итни случаи и да повика помош од Националната гарда на Илиноис, иако Лајтфут прецизираше дека второто не е потребно - засега. Но, со оглед на тоа што федералните ограничувања на границата од ерата на пандемијата ќе истечат оваа недела, најлошото веројатно допрва ќе дојде. Таа мерка, позната како „Одредба 42“, дозволи итно протерување на барателите на азил на границата меѓу САД и Мексико за да се ограничи можното ширење на болеста, а нејзиниот крај може да значи нова ера на рекордна миграција за неколку дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-chikago-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-migrantite/feed/ 0
Крвава Ноќ на вештерките во Чикаго: Најмалку 14 повредени, меѓу нив има и деца (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krvava-nokj-na-veshterkite-vo-chikago-najmalku-14-povredeni-megju-niv-ima-i-deca-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krvava-nokj-na-veshterkite-vo-chikago-najmalku-14-povredeni-megju-niv-ima-i-deca-video/#respond Tue, 01 Nov 2022 07:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=753614

Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, пишува Fox News. Од полицијата на прес-конференцијата потврдија дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни. -Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека камерите снимиле најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата на бдеење, пренесе американскиот медиум. Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен. Настраданите се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртниот исход. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krvava-nokj-na-veshterkite-vo-chikago-najmalku-14-povredeni-megju-niv-ima-i-deca-video/feed/ 0
Драгиќ нов кошаркар на Чикаго https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragikj-nov-kosharkar-na-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragikj-nov-kosharkar-na-chikago/#respond Wed, 03 Aug 2022 13:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=713476

НБА лигашот Чикаго објави денеска дека словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ е нивен нов член. Драгиќ го најави трансферот кон средината на мај, а сега е објавено дека Словенецот ќе потпише едногодишен договор со Чикаго во вредност од 2.9 милиони долари. Словенечкиот 36-годишен репрезентативец се сели во Чикаго од редовите на Бруклин, а претходно во НБА лигата настапуваше за Феникс, Хјустон, Мајами и Торонто. Чикаго на својот Твитер објави дека Драгиќ ќе го носи дресот со бројот седум, во кој своевремено настапуваше Хрватот Тони Кукоч. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dragikj-nov-kosharkar-na-chikago/feed/ 0
Во вооружениот инцидент во Чикаго загинаа шест, а повредени се 36 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/#respond Tue, 05 Jul 2022 06:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=700059

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго. Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/feed/ 0
Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-osomnicheniot-za-vcherashniot-vooruzen-napad-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-osomnicheniot-za-vcherashniot-vooruzen-napad-vo-chikago/#respond Tue, 05 Jul 2022 06:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=700056

Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-osomnicheniot-za-vcherashniot-vooruzen-napad-vo-chikago/feed/ 0
Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-za-maloletnici-vo-centarot-na-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-za-maloletnici-vo-centarot-na-chikago/#respond Mon, 16 May 2022 07:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=677191

Градските власти во Чикаго воведуваат полициски час за млади лица во централното градско подрачје, поради завчерашното убиство на 16-годишното момче. Градоначалничката Лори Лајтфут појасни дека мерката за ограничување на движење ќе важи на просторот на Милениум паркот во центарот, што е едно од омиленисте места за собирање на младите во градот. Забраната ќе биде на сила од 18 часот в четврток до в недела, период во кој лицата помлади од 18 години нема да смеат да се движат без придружба во паркот. Лајтфут ги повика сите родители и јавноста да сторат се што е неопходно за да се спречат напади како оној завчерашниот, кога во оружена престрелка беше убиен малолетник, а две лица беа ранети. За убиството е обвинет исто така малолетник, на возраст од 17 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-za-maloletnici-vo-centarot-na-chikago/feed/ 0
Се собираат донации за лекувањето на девојката од Скопје која беше застрелана со три куршуми во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sobiraat-donacii-za-lekuvanjeto-na-devojkata-od-skopje-koja-beshe-zastrelana-so-tri-kurshumi-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sobiraat-donacii-za-lekuvanjeto-na-devojkata-od-skopje-koja-beshe-zastrelana-so-tri-kurshumi-vo-chikago/#respond Thu, 24 Mar 2022 10:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=652493

Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во Чикаго. На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места. „Погодена е на три места, во рамо, колк и во нога. До сега успешно ѝ се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме“, стои во повикот за донации. Според порталот Serbian Times убиство се случило вчера, смртно е застрелан Србинот Никола Мишовиќ (30). Напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница. Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет колега на убиениот кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера, убиецот се самоубил. Американските медиуми немаат многу детали за убиството во Чикаго, а за девојката објавија дека не знаат точно во каква здравствена состојба е, туку само информираа дека е пренесена на лекување во болница и дека не е критично повредена. Нејзиниот идентитет не беше споменат, туку само дека нејзината изјава би можело да ги разјасни случувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sobiraat-donacii-za-lekuvanjeto-na-devojkata-od-skopje-koja-beshe-zastrelana-so-tri-kurshumi-vo-chikago/feed/ 0