Чин Ганг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 08:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Чин Ганг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради наводна вонбрачна афера: Сменет поранешниот шеф на кинеската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodna-vonbrachna-afera-smenet-poraneshniot-shef-na-kineskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodna-vonbrachna-afera-smenet-poraneshniot-shef-na-kineskata-diplomatija/#respond Tue, 19 Sep 2023 08:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=879418

Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, сменет од таа функција во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во Соединетите држави, објави Волстрит џурнал. Чин соработувал во истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина. На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД. Чин беше сменет во јули од страна на ветеранот, дипломат Ванг Ји како министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodna-vonbrachna-afera-smenet-poraneshniot-shef-na-kineskata-diplomatija/feed/ 0
Кинескиот МНР се сретна со лидерот на воената хунта во Мјанмар, првпат по државниот удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/#respond Tue, 02 May 2023 20:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=829907

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска во Јангон се сретна со лидерот на воената хунта на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг, нивна прва средба по државниот удар во февруари 2021 година што го турна Мјанмар во длабока криза. Прес-службата на воената хунта соопшти дека Чин Ганг на средбата рекол дека Кина стои со Мјанмар на меѓународната сцена. Министерството за надворешни работи на Кина, кое ја најави посетата, сè уште нема коментар. Според хунтата, Чин Ганг треба да биде во посета на Мјанмар до четврток. - Тие разговараа за дипломатските односи, пријателската соработка, ситуацијата во Мјанмар, трговијата, инвестициите и размената во областа на енергетиката и електричната енергија, се додава во соопштението на хунтата. Чин Ганг се сретна и со министерот за надворешни работи на Мјанмар Тан Сви, а во текот на денот ја посети границата меѓу двете земји повикувајќи на пријателство и соработка меѓу двата народа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-mnr-se-sretna-so-liderot-na-voenata-hunta-vo-mjanmar-prvpat-po-drzhavniot-udar/feed/ 0
Кинескиот амбасадор во САД: Да знаевме за кризата, ќе се обидевме да ја спречиме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/#respond Wed, 16 Mar 2022 08:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=648002

Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг изјави дека кинеската Влада не знаела дека ќе има војна во Украина. -Тврдењата дека Кина знаела, се согласила или премолчено ја поддржувала оваа војна се чиста дезинформација. Сите овие тврдења служат само за префрлање на вината кон Кина и фрлање кал врз Кина, изјави кинескиот амбасадор за весникот „Вашингтон пост“. Тој изјавата ја даде по повод коментарите и медиумските шпекулации и тврдења дека Кина наводно од претходно знаела за руската воена акција и дека наводно побарала од Русија да ја одложи до завршувањето на Зимските олимписки игри. -Во Украина има повеќе од 6.000 кинески граѓани. Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина и најголем увозник на сурова нафта и природен гас во светот, истакна Чанг. Тој нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина не и носи ништо добро на Кина. -Да знаеше Кина за непосредната криза, ќе се обидевме да ја спречиме, рече кинескиот амбасадор во Вашингтон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/feed/ 0