чипирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 06:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чипирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маск: Сите луѓе треба да бидат чипирани https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-site-lugje-treba-da-bidat-chipirani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-site-lugje-treba-da-bidat-chipirani/#respond Mon, 15 Aug 2022 06:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=718563

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата. Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink. Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог. „Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони“, напиша милијардерот. Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот. Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на ‘рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони. Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“. Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла. Следното клиничко испитување на чиповите се очекува да биде кај луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-site-lugje-treba-da-bidat-chipirani/feed/ 0
Научници чипираат лилјаци во Виена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/#respond Tue, 03 Aug 2021 11:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=545633

Тим научници ќе чипираат 22 постојни видови лилјаци во Виена, Австрија, за научно-истражувачки цели. Целта на истражувањето е да се испитаат живеалиштата и местата на движење на овие животни во градот. Посебно внимание се посветува на оние што живеат на тавани и во пукнатините од куќите. -Кога ќе бидат фатени во мрежа, ние врз нив лепиме мал предавател со тежина од само неколку грама, кој паѓа по некое време, објаснува Маркус Милхрам од австрискиот оддел на Канцеларијата за заштита и истражување лилјаци – КФФО. Научниците претежно ќе ги набљудуваат женките кои токму периодов се размножуваат. Особеност на лилјаците е дека, како и одредени видови птици, тие се многу приврзани за нивните живеалишта, што значи дека тие би живееле на исти места со децении, ако не и со векови генерации. Ако се изгуби трага од живеалиштето со младите единки, тоа е како загуба за целиот вид. Речиси сите видови лилјаци во Австрија се чисти инсектојади. Во светот, покрај овие ловци на инсекти, постојат и видови кои се хранат исклучиво со месо или исклучиво со растенија. Лилјаци „крвопијци“ не постојат во Средна Европа. Единствените три познати вида, кои се хранат со крвта на домашните животни, се наоѓаат во Средна и Јужна Америка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/feed/ 0
Бесплатно чипирање на домашните миленици до Нова година- следуваат зајакнати контроли и санкции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-chipiranje-na-domashnite-milenici-do-nova-godina-sleduvaat-zajaknati-kontroli-i-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-chipiranje-na-domashnite-milenici-do-nova-godina-sleduvaat-zajaknati-kontroli-i-sankcii/#respond Sun, 08 Dec 2019 21:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=274934

Ветеринарната комора на Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици. После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик. До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки. Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-chipiranje-na-domashnite-milenici-do-nova-godina-sleduvaat-zajaknati-kontroli-i-sankcii/feed/ 0
Се пролонгира рокот за чипирање на милениците до 31 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-rokot-za-chipiranje-na-milenicite-do-31-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-rokot-za-chipiranje-na-milenicite-do-31-dekemvri/#respond Wed, 20 Mar 2019 10:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=176698

До 31 декември годинава продолжува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, сопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов. Атанасов на прес-конференција во Владата потсети дека за кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови,  но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици. -Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот. Атанасов дополни и дека од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-rokot-za-chipiranje-na-milenicite-do-31-dekemvri/feed/ 0