чипови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 18:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чипови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стапи во сила Европскиот закон за чипови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-evropskiot-zakon-za-chipovi-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-evropskiot-zakon-za-chipovi-2/#respond Thu, 21 Sep 2023 18:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=880324

Денеска стапи во сила Европскиот закон за чипови, кој воспоставува сеопфатен сет на мерки чија цел е да се гарантираат безбедноста на снабдувањето, прилагодливоста и технолошкото лидерство на ЕУ во секторот на технологиите и апликациите за полупроводници. - Полупроводниците се основните составни елементи на дигиталните и дигитализираните уреди. Од паметни телефони и автомобили, преку апликации и опрема за здравството, енергијата, одбраната, комуникациите и индустриската автоматизација, полупроводниците се сржта на модерната дигитална економија, но тие, исто така, се во центарот на силните геостратешки интереси и глобалната технолошка трка, се наведува во соопштението на Европската комисија по повод стапувањето во сила на Законот. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата очекува Законот за чипови да го зголеми нивното производство во Унијата, да стимулира создавање Европски дизајниран екосистем и да го поттикне зголемувањето на иновациите. - Преку Европскиот закон за чипови, Европската Унија има за цел да ја постигне својата цел за двојно зголемување на сегашниот удел на глобалниот пазар на 20 отсто до 2030 година, се додава во соопштението. Трите основни цели на Законот се зајакнување на европското технолошко лидерство во овој сектор, поттикнување на јавните и приватните инвестиции во капацитети за производство на чипови и воспоставување на механизам за координација и следење на понудата, побарувачката и предвидување на недостиг во снабдувањето со полупроводници. Изработката на заедничката европска стратегија за секторот за производство на чипови ја најави претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во нејзиниот говор за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците во 2021 година. Лани во февруари 2022 година, Комисијата го објави предлог-текстот на Европскиот закон за чипови, кој беше усогласен меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, односно земјите членки, во април годинава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapi-vo-sila-evropskiot-zakon-za-chipovi-2/feed/ 0
Недостигот на чипови ќе го забави производството на автомобили најмалку до 2024 година“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigot-na-chipovi-kje-go-zabavi-proizvodstvoto-na-avtomobili-najmalku-do-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigot-na-chipovi-kje-go-zabavi-proizvodstvoto-na-avtomobili-najmalku-do-2024-godina/#respond Mon, 07 Nov 2022 16:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=757012

Ограничувањата во производството на автомобили во Германија поради недостиг на полупроводници ќе траат „најмалку до 2024 година“, се вели во извештајот на консултантската компанија за менаџмент „Аликс партнерс“, објавен денеска. Во моментов, од нарачката до испораката на чиповите се потребни шест месеци, што е двојно подолго од нормалното. Побарувачката за чипови по возило продолжува да расте поради зголемената дигитализација и електрификација, но производителите на полупроводници се воздржуваат да ги прошират своите капацитети поради заканата од рецесија и зголемените каматни стапки, пишуваат експертите од индустријата. Профитните маржи на производителите на полупроводници на конвенционалните автомобилски чипови се до 11 процентни поени полоши отколку кај чиповите за потрошувачка електроника или индустриски клиенти, велат тие. Од гледна точка на производителите на чипови, автомобилската индустрија е „само мал клиент за полупроводнички чипови“, со 6 до 10% од светскиот капацитет. Побарувачката ќе продолжи да ја надминува понудата во 2024 година, а тоа ќе придонесе за зголемување на цените на полупроводниците и, на крајот, на возилата. Побарувачката на автомобилската индустрија за чипови значително ќе порасне до 2026 година: за 75% за аналогни чипови потребни за електрични погони и за 30% за микроконтролери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigot-na-chipovi-kje-go-zabavi-proizvodstvoto-na-avtomobili-najmalku-do-2024-godina/feed/ 0
Дури 40% од чиповите што Русија ги увезува од Кина се неисправни https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/duri-40-od-chipovite-shto-rusija-gi-uvezuva-od-kina-se-neispravni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/duri-40-od-chipovite-shto-rusija-gi-uvezuva-od-kina-se-neispravni/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=748287

Поради санкциите, Русија е принудена да се потпре на кинескиот сив пазар за чипови, но овој вид снабдување со себе носи големи проблеми. Санкциите наметнати од западните земји врз Русија во голема мера влијаеја на нејзината способност да купува чипови, што значи дека тие мораа да прибегнат кон купување од Кина. Сепак, како што пишува руски Kommersant, се чини дека ова не беше идеална замена, бидејќи значителен процент од овие чипови се неисправни. Пред конфликтот во Украина и санкциите кои следеа, процентот на увезени неисправни чипови во Русија изнесуваше 2%. Сега, речиси осум месеци подоцна, рускиот весник тврди дека таа бројка се искачила на неверојатни 40%. Русија ги обвинува овие бројки за пандемијата што го зафати нејзиниот синџир на снабдување и санкциите што ја принудија да увезува чипови од кинескиот сив пазар, поради што нивото на контрола на квалитетот опаѓа. Овој начин на снабдување не само што со себе носи ризик од неисправни чипови, туку е и многу несигурен и бавен. Голем број странски компании ја напуштија Русија како резултат на увозните ограничувања, а оние што останаа мораат да работат со кинески компании кои ги заобиколија санкциите поврзани со полупроводниците. За споредба, стапката на дефект на чипот од 2% што ја имаше Русија пред конфликтот е стапка која не се смета за оптимална и може да предизвика значителни проблеми со квалитетот на производителите на електроника. Стапката од 40% е опасно блиску до акциите да се сметаат за неупотребливи и несомнено ќе ја зголеми цената на домашната електроника.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/duri-40-od-chipovite-shto-rusija-gi-uvezuva-od-kina-se-neispravni/feed/ 0