чиста хероина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Apr 2018 06:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чиста хероина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-teatarskata-pretstava-chista-heroina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-teatarskata-pretstava-chista-heroina/#respond Sat, 21 Apr 2018 06:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=43967

Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“, според текстот „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ на Загорка Поп-Антоска Андовска, а во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе се одржи вечерва во Јавна соба. „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ е драма која е напишана во стих, со архаичен говор близок на епската песна „Болен Дојчин“, се случува во митско време, и го следи веќе воспоставениот однос на Болен Дојчин и сестра му, Лична Ангелина. Ликовите на Болен Дојчин, Умер Бичакчија, Митре Поморјаче и Павле Плетикоса драматуршки се споени и ги толкува Марко Илиќ, а ликот на Лична Ангелина го толкува Надица Петрова. Оригиналната музика за претставата ја работеше Александар Андовски, а музички соработник е Викторија Чочороска. Костимографијата и сценографијата се потпишани колективно. Продуцент на претставата е Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ познат како ДАСТА Академија. Ова е прв проект на ДАСТА Нетворкинг, платформа која вмрежува млади уметници и искусни уметници, јавни и приватни институции од културата, приватни компании, образовни институции, со цел да се поддржат квалитетните проекти кои немаат финансиска поддршка или пак поддрпката е многу мала. Проектот го поддржаа Културно информативниот центар - КИЦ, Конгресен центар Александар Македонски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-teatarskata-pretstava-chista-heroina/feed/ 0