чистачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 08:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чистачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешната чистачка на Безос го тужи за расна дискриминација: Морав да одам во тоалет преку прозорецот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-chistachka-na-bezos-go-tuzi-za-rasna-diskriminacija-morav-da-odam-vo-toalet-preku-prozorecot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-chistachka-na-bezos-go-tuzi-za-rasna-diskriminacija-morav-da-odam-vo-toalet-preku-prozorecot/#respond Fri, 04 Nov 2022 08:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=755565

Шефот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот е тужен од страна на поранешна чистачка која тврди дека била изложена на расна дискриминација и била присилувана редовно да излегува преку прозорецот од пералната за да оди во тоалет. Наводно, не и било дозволено да влегува во куќата на милијардерот освен во деновите кога имала задача да чисти. Мерцедес Веда, која три години работела за Безос во неговата вила во Сиетл, во поднесената тужба тврди дека таа и другиот латиноамерикански персонал биле третирани поинаку од „белите“. Тврди дека управителот на куќата на Безос станал агресивен кон неа, додека од друга страна бил пристоен со другите работници и ги почитувал. Адвокатот на Безос ги демантирал овие тврдења и истакнал дека Веда е дискриминирана на основ на нејзиниот расен апсурд. Веда, која почнала да работи во домот на Безос во 2019 година, рекла дека редовно морала да работи од 10 до 14 часа без пауза за ручек или одмор ако Безос и неговото семејство била дојдени. Во тужбата се наведува дека немало посебна соба за одмор, како и персоналот морал да јаде во пералната. Таа тврди и дека не и било дозволено да влезе во куќата освен „ако не чисти“ што го отежнувало одењето во тоалет и резултирало со здравствени проблеми. -Околу 18 месеци, за да користи бања, тужителката и другите од персоналот биле приморани да поминуваат преку прозорецот од пералната, се наведува во тужбата. Се додава дека поради целата ситуација таа често не одела во тоалет што довело до често развивање на инфекција на мочниот канал.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-chistachka-na-bezos-go-tuzi-za-rasna-diskriminacija-morav-da-odam-vo-toalet-preku-prozorecot/feed/ 0
Газда од пеколот: Ја врзал за дрво жената која му го чисти домот, причината е уште пошокантна (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazda-od-pekolot-ja-vrzal-za-drvo-zenata-koja-mu-go-chisti-domot-prichinata-e-ushte-poshokantna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazda-od-pekolot-ja-vrzal-za-drvo-zenata-koja-mu-go-chisti-domot-prichinata-e-ushte-poshokantna-foto/#respond Wed, 15 May 2019 18:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=198378

Богат маж од Саудиска Арабија брутално ја казнил жената, која во неговиот дом работела како чистачка и ја врзал за дрво. Филипинката, која работела како чистачка во дом на богат Саудиец направила „страшна“ грешка кога оставила дел од скапоцен мебел на сонце. За да ја казни, газдата ја врзал 26-годишната Ловли Акоста Баруело за дрво и ја оставил неколку часа на силното сонце. Овој случај предизвика реакции во Министерството за надворешни работи на Филипини, од каде на жената, која е мајка на две деца и помогнаа веднаш да се врати назад. Жената по враќањето на Филипини изјави дека има огромен број жени кои во Саудиска Арабија се предмет на понижување, но имала среќа што другите вработени кај Саудиецот направиле снимка за да може да се спаси и да се врати дома. Во земјите на Блискиот исток работат дури 2,3 милиони Филипинци од кои повеќето се жени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gazda-od-pekolot-ja-vrzal-za-drvo-zenata-koja-mu-go-chisti-domot-prichinata-e-ushte-poshokantna-foto/feed/ 0
Случајот со затворската казна за хигиеничарката ќе го разгледа Врховниот суд на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluchajot-so-zatvorskata-kazna-za-higienicharkata-kje-go-razgleda-vrhovniot-sud-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluchajot-so-zatvorskata-kazna-za-higienicharkata-kje-go-razgleda-vrhovniot-sud-na-grcija/#respond Fri, 23 Nov 2018 09:59:45 +0000 https://kurir.mk/?p=131119

Затворската казна од 10 години за 53-годишната хигиеничарка која фалсификувала свидетелство за да се вработи, в понеделник ќе ја разгледа Врховниот суд на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, обвинителката од грчкиот Врховен суд, Ксени Димитриу, побарала да ѝ се испрати одлуката на судот во Волос за да ја разгледа можноста за поднесување жалба, а побарала и примерок од судскиот предмет за да утврди дали има потреба од дисциплинска контрола на судиите кои ја донеле пресудата. Случајот со 53-годишната хигиеничарка и одлуката за издржување 10-годишна затворска казна, предизвика бура негативни реакции и негативни коментари во Грција, како од медиумите така и од политичарите. Како што вчера објави МИА, 53-годишна жена била осудена на 10 години затвор бидејќи 20 години работела како хигиеничарка со фалсификувана диплома за завршено основно образование. Жената, која го немала завршено последното одделение од основното училиште, во 1996 година за да конкурира за вработување како хигиеничарка, свидетелството за петто го фалсификувала и го направила како да е за шесто одделение (во Грција основното училиште трае шест години) за да ги исполни условите за вработување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluchajot-so-zatvorskata-kazna-za-higienicharkata-kje-go-razgleda-vrhovniot-sud-na-grcija/feed/ 0
Чистачка во Грција осудена на 10 години затвор, лажела за своето образование https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistachka-vo-grcija-osudena-na-10-godini-zatvor-lazela-za-svoeto-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistachka-vo-grcija-osudena-na-10-godini-zatvor-lazela-za-svoeto-obrazovanie/#respond Fri, 23 Nov 2018 08:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=131060

Судот во Атина осуди на 10 години затвор чистачка која лажела за своето основно образование. 53-годишната жена работела 15 години во државна градинка, кога во 2014-та било откриено дека ја фалсификувала својата диплома за завршено основно образование. Судот ја осуди за измама на јавноста, пренесува агенцијата АМНА. Хелсиншкиот комитет за човекови права. пресудата ја нарече нехумана и ги обвини судските власти за кршење на правата на немоќна жена. Според обвинението, жената ја сменила потврдата за завршени шест години основно образование колку што и требале да се вработи како чистачка, а во стварноста имала завршено пет години. Обвинителот на Врховниот суд најави дека следната недела ќе го проучи правното толкување на основниот суд за овој случај што ја згрози јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistachka-vo-grcija-osudena-na-10-godini-zatvor-lazela-za-svoeto-obrazovanie/feed/ 0