читање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 20:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png читање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потребни ви се само 15 минути: Родители, правете го ОВА за вашите деца да бидат попаметни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/potrebni-vi-se-samo-15-minuti-roditeli-pravete-go-ova-za-vashite-detsa-da-bidat-popametni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/potrebni-vi-se-samo-15-minuti-roditeli-pravete-go-ova-za-vashite-detsa-da-bidat-popametni/#respond Mon, 16 Jan 2023 20:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=788130

Веројатно едно од најтешките прашања е што всушност е потребно за да се израсне добро и паметно дете? Магичниот клуч, заклучија експертите, е во рацете на самите родители. Сепак, основата на сè е една важна навика. Потребно е малку време Најдоброто нешто е што потребни се само 15 минути дневно, а буквално секој родител може да го практикува со своето дете. Се работи за читање. Истражувањата покажаа дека само 15 минути читање дневно може да му помогнат на вашето дете да стане попаметно. Освен што ќе го прошири својот вокабулар, ќе ја развие и својата имагинација, што е многу важно за неговиот понатамошен развој. Исто така, експертите потврдуваат дека читањето буквално го зголемува мозокот на вашето дете. Развој на интелигенција Колку повеќе му читате, толку повеќе придонесувате за развој на интелигенцијата, а со тоа и за поголема способност за логично расудување. Некои студии исто така покажаа дека ако му читате секој ден, однесувањето на вашето дете значително ќе се подобри. Имено, кога читате на глас, ја подобрувате способноста на детето подобро да се концентрира и да го насочи вниманието, а тоа се вештини кои дефинитивно ќе му бидат потребни штом ќе започне на училиште, но и подоцна во животот. Затоа, одвојте малку време за да направите нешто одлично за вашето дете.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/potrebni-vi-se-samo-15-minuti-roditeli-pravete-go-ova-za-vashite-detsa-da-bidat-popametni/feed/ 0
Истражување: Еве зошто е подобро читањето печатени, наместо е-книги https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/#respond Wed, 05 Oct 2022 14:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=741430

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво. Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика. Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци. Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот? Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање… Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки. – Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа, објаснува Клинтон. Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажа точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/feed/ 0
Читајте книги: Ви го подмладуваат мозокот и ве прават посреќни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-vi-go-podmladuvaat-mozokot-i-ve-pravat-posrekjni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-vi-go-podmladuvaat-mozokot-i-ve-pravat-posrekjni/#respond Sun, 06 Mar 2022 20:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=641923

Студените есенски и зимски денови се одлична можност да поминете пријатни часови во топлината на домот, удобно сместени во вашата омилена фотелја, со добра книга пред себе. Има повеќе добри причини зошто да се одлучите за книга, наместо за компјутер или телевизија. Една од тие причини е неверојатното влијание на читањето врз човечкиот мозок. Испитувањата покажале дека читањето е одлична вежба за мозокот, го јакне и го одржува во добра форма. Додека читате вашиот мозок се подмладува – тврдат експертите. Кај возрасните лица кои во слободно време се посветуваат на креативни и интелектуални активности како што е читањето, губењето на когнитивните способности е успорено дури за 32% - покажува истражувањето на одделот за неуропсихологија од Универзитетот Rush. Резултатите покажале дека иако телото старее, мозокот продолжува нормално да функционира, останувајќи значително помлад во однос на другите делови од човечкото тело. Благодарение на читањето и влијанието на оваа добра активност врз мозокот, луѓето кои во позрели години читаат книги имаат речиси три пати помал ризик од Алцхајмерова болест, за разлика од оние кои не читаат. Зошто читањето го подмладува мозокот? Објаснувањето е едноставно – додека читаме, деловите од мозокот кои се поврзани со гледањето, асоцијативното учење и зборувањето меѓусебно се поврзуваат, а таквата врска делува како еден вид вежба на мозокот. Како што физичките вежби ги јакнат мускулите, така читањето го јакне и тренира нашиот мозок. Покрај подмладувањето на мозокот, читањето е одличен борец против стресот. Истражувањето спроведено на Универзитетот Јорк покажало дека кај испитаниците кои читале книги по доживеана стресна ситуација стресот се намалил дури за 67%,  додека кај оние кои слушале музика тој процент бил далеку понизок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-vi-go-podmladuvaat-mozokot-i-ve-pravat-posrekjni/feed/ 0
Родители, читајте им книги на вашите деца – еве зошто е тоа важно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-chitajte-im-knigi-na-vashite-deca-eve-zoshto-e-toa-vazno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-chitajte-im-knigi-na-vashite-deca-eve-zoshto-e-toa-vazno/#respond Thu, 03 Jun 2021 10:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=518505

На собир на американските педијатриски академски друштва во Сан Франциско претставено е истражување околу долготрајните позитивни ефекти на читањето во раното детство. Децата чии родители им читале во првите години од животот развиле побогат речник, подобра писменост и вештина на читање, а резултатите биле прикажани четири години подоцна. Докторката Каролин Кејтс, водич на овој проект и професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Њујорк, истакнува дека истражувањата се возбудливи, бидејќи укажуваат на тоа дека читањето на младите деца има траен и позитивен ефект на јазикот, писменоста и читањето. „Она што го учат додека се бебиња дава ефекти четири години подоцна, кога се на чекор од тргнување во основно училиште“, вели докторката Кејтс. Во истражувањето учествувале мајки и бебиња од државната градска болница, повеќе од 250, а децата биле следени од шестиот месец до четири ипол години старост. Резултатите биле споредувани со бројот на прочитани книги и бројот на поминати денови на неделата во читање на книги. Квалитетот на „заедничкото читање“ бил следен со прашања дали родителите разговарале со детето околу книгата додека читаат, дали именувале слики и емоции на ликовите во книгата и дали приказните биле прилагодени на возраста на децата. Истражувачите откриле дека квалитетот и квантитетот на „заедничкото читање“ во раното детство влијае на богатиот речник на децата до четири години подоцна, пред да тргнат во училиште. Ако на децата им читаме додека се уште се бебиња, тоа посебно влијае на нивната способност за читање во иднина, а читањето во наредните години значително ја развива писменоста воопшто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-chitajte-im-knigi-na-vashite-deca-eve-zoshto-e-toa-vazno/feed/ 0
Мицкоски: Развојот на моториката на децата е со читање и пишување, власта се води од провизии и квази реформи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-razvojot-na-motorikata-na-decata-e-so-chitanje-i-pishuvanje-vlasta-se-vodi-od-provizii-i-kvazi-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-razvojot-na-motorikata-na-decata-e-so-chitanje-i-pishuvanje-vlasta-se-vodi-od-provizii-i-kvazi-reformi/#respond Mon, 24 May 2021 13:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=514448

Дигитализација не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува. Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-razvojot-na-motorikata-na-decata-e-so-chitanje-i-pishuvanje-vlasta-se-vodi-od-provizii-i-kvazi-reformi/feed/ 0
ДА за книга пред спиење: Само 6 минути читање го намалува стресот за цели 68% https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-za-kniga-pred-spienje-samo-6-minuti-chitanje-go-namaluva-stresot-za-celi-68/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-za-kniga-pred-spienje-samo-6-minuti-chitanje-go-namaluva-stresot-za-celi-68/#respond Fri, 23 Apr 2021 20:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=501421

Повеќето луѓе се љубители на книги, но заради прекумерните обврски немаат време да читаат. Покрај тоа, тука е и константната опседнатост со социјалните мрежи кои што го одземаат вниманието и ја намалуваат концентрацијата. Сепак, науката е на страната на оние коишто читаат. Сите експерти и научници се согласни: Читањето е многу важно! Доколку сакате да продолжите да се развивате како личност, морате да читате книги. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои читаат книги имаат подобра меморија и подобри умствени способности во сите полиња од животот. Покрај тоа, луѓето што читаат, процентуално се подобри говорници и имаат поголема успешност при нивните јавни настапи и нивниот мозок подобро и побрзо работи, отколку кај оние кои воопшто не читаат. Уште една од поволностите од читањето книга е фактот што читањето книга им помага на луѓето полесно да се справат со несониците. Едно истражување од 2009 година покажало дека само 6 минути читање го намалува стресот за цели 68% (повеќе од слушањето музика и пиењето чај) и со тоа го прочистува умот и го подготвува телото за спиење. Според психологот Дејвид Луис, причината за ова е фактот што книгата не е само одвлекување на вниманието, туку активно вклучување на фантазијата на начин на кој човекот влегува во сосема друго ниво на свесност. Не е важно дали читате биографска книга, наука или бестселер, ефектот на книгата е подеднаков, без разлика на тоа што читате. Се разбира, условот е дека мора да ви се допаѓа книгата. Кога умот е дел од свет кој е составен од зборови, напнатоста ја снемува и телото се релаксира, а тоа е совршен рецепт за добар и мирен сон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-za-kniga-pred-spienje-samo-6-minuti-chitanje-go-namaluva-stresot-za-celi-68/feed/ 0
Читајте книги, еве зошто тоа е многу важно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-eve-zoshto-toa-e-mnogu-vazno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-eve-zoshto-toa-e-mnogu-vazno/#respond Tue, 27 Oct 2020 14:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421299

Научниците откриле дека читањето го продолжува животот, така што дефинитивно треба да грабнете некоја книга што е можно побрзо, пред да биде предоцна. Читањето може да ве направи попривлечни, да го намали нивото на стрес и да ја извлече најдобрата верзија од вас. Освен тоа, истражувања откриле дека луѓето кои читаат живеат подолго од оние кои не читаат. Нормално дека најкорисно е да се чита многу, но и ако читате само понекогаш подобро е отколку ништо да не читате. Воопшто не двоумете се дали да почнете со читање. Освен што ќе го збогатите вашето знаење, ќе го подобрите вашето здравје и ќе си го продолжите животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chitajte-knigi-eve-zoshto-toa-e-mnogu-vazno/feed/ 0
Зошто е важно да читате книги пред спиење? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-e-vazno-da-chitate-knigi-pred-spienje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-e-vazno-da-chitate-knigi-pred-spienje/#respond Wed, 27 Feb 2019 22:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=169195

Повеќето луѓе се љубители на книги, но заради прекумерните обврски немаат време да читаат. Покрај тоа, тука е и константната опседнатост со социјалните мрежи кои што го одземаат вниманието и ја намалуваат концентрацијата. Сепак, науката е на страната на оние коишто читаат. Сите експерти и научници се согласни: Читањето е многу важно! Доколку сакате да продолжите да се развивате како личност, морате да читате книги. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои читаат книги имаат подобра меморија и подобри умствени способности во сите полиња од животот. Покрај тоа, луѓето што читаат, процентуално се подобри говорници и имаат поголема успешност при нивните јавни настапи и нивниот мозок подобро и побрзо работи, отколку кај оние кои воопшто не читаат. Уште една од поволностите од читањето книга е фактот што читањето книга им помага на луѓето полесно да се справат со несониците. Едно истражување од 2009 година покажало дека само 6 минути читање го намалува стресот за цели 68% (повеќе од слушањето музика и пиењето чај) и со тоа го прочистува умот и го подготвува телото за спиење. Според психологот Дејвид Луис, причината за ова е фактот што книгата не е само одвлекување на вниманието, туку активно вклучување на фантазијата на начин на кој човекот влегува во сосема друго ниво на свесност. Не е важно дали читате биографска книга, наука или бестселер, ефектот на книгата е подеднаков, без разлика на тоа што читате. Се разбира, условот е дека мора да ви се допаѓа книгата. Кога умот е дел од свет кој е составен од зборови, напнатоста ја снемува и телото се релаксира, а тоа е совршен рецепт за добар и мирен сон.]]>

Повеќето луѓе се љубители на книги, но заради прекумерните обврски немаат време да читаат. Покрај тоа, тука е и константната опседнатост со социјалните мрежи кои што го одземаат вниманието и ја намалуваат концентрацијата. Сепак, науката е на страната на оние коишто читаат. Сите експерти и научници се согласни: Читањето е многу важно! Доколку сакате да продолжите да се развивате како личност, морате да читате книги. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои читаат книги имаат подобра меморија и подобри умствени способности во сите полиња од животот. Покрај тоа, луѓето што читаат, процентуално се подобри говорници и имаат поголема успешност при нивните јавни настапи и нивниот мозок подобро и побрзо работи, отколку кај оние кои воопшто не читаат. Уште една од поволностите од читањето книга е фактот што читањето книга им помага на луѓето полесно да се справат со несониците. Едно истражување од 2009 година покажало дека само 6 минути читање го намалува стресот за цели 68% (повеќе од слушањето музика и пиењето чај) и со тоа го прочистува умот и го подготвува телото за спиење. Според психологот Дејвид Луис, причината за ова е фактот што книгата не е само одвлекување на вниманието, туку активно вклучување на фантазијата на начин на кој човекот влегува во сосема друго ниво на свесност. Не е важно дали читате биографска книга, наука или бестселер, ефектот на книгата е подеднаков, без разлика на тоа што читате. Се разбира, условот е дека мора да ви се допаѓа книгата. Кога умот е дел од свет кој е составен од зборови, напнатоста ја снемува и телото се релаксира, а тоа е совршен рецепт за добар и мирен сон.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-e-vazno-da-chitate-knigi-pred-spienje/feed/ 0
Зголемен бројот на читателската публика во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-chitatelskata-publika-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-chitatelskata-publika-vo-delchevo/#respond Sat, 08 Dec 2018 09:54:32 +0000 https://kurir.mk/?p=137333

Се зголемува интересот за книгите од страна помладата популација во Делчево. Според библиотекарот Анита Петровска, младите кои ја посетуваат локалната библиотеката се повеќе бараат стручна литература која им користи во нивното дообразување. -За изненадување е колку многу младите читаат од сите жанрови, иако главно школска, но сепак во последно време читаат се повеќе и стручна литература. Ние како библиотека сме во тек со модерното време и се трудиме да ги набавиме најновите изданија како од стручната литература, така и од останатите жанрови, вели Петровска. Дел од младите својот интерес го покажаа и во рамки на првата ,,Размена на книги” што се одржа синоќа. Во рамки на настанот љубителите на пишаниот збор се дружеа и разменуваа книги. Како што истакна организаторот Магдалена Златковска, инаку наставник по професија, иницијативата за ваков настан доаѓа од фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“. -По иницијатива на групата, решивме да направиме еден ваков настан со цел да се дружиме, да размениме одредена литература од различни жанрови. Како за прв пат доволно сме на број. Се надеваме ова ќе биде поттик следниот пат да бидеме во поголема бројка, вели Златковска. Со цел модернизирање на своето работење и овозможување подобри услови на читателите, делчевската библиотека неодамна доби нова читална во која освен најновите изданија на дневниот печат е оспособен простор каде учениците и студентите ќе можат да го поминуваат своето време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-chitatelskata-publika-vo-delchevo/feed/ 0
Евростат: Французите читаат по две минути дневно, Австријците по – пет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-francuzite-chitaat-po-dve-minuti-dnevno-avstrijcite-po-pet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-francuzite-chitaat-po-dve-minuti-dnevno-avstrijcite-po-pet/#respond Mon, 23 Apr 2018 13:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=44900

Французите во просек читаат книги две минути дневно, Италијанците, Австријците и Романците пет минути, објави Европската статистичка служба по повод Светскиот ден на книгата што се одбележува денеска. Естонците читаат во просек по 13 минути, Финците и Полјаците минута помалку, Унгарците 10 минути, се наведува во истражување спроведено меѓу 2008 и 2015 година во 15 држави од ЕУ, Норвешка, Србија и Турција. Според Евростат, домаќинствата во ЕУ во 2016 година потрошиле повеќе од 90 милијарди евра или 1,1 отсто од вкупната потрошувачка на книги односно 0,6 отсто ДБП во ЕУ. По жител, тоа е околу 200 евра за книги и весници. Потрошувачката за книги, весници и пишан материјал е во пад од 1995 година кога за тоа биле издоени 1,8 отсто од вкупната потрошувачка на домаќинствата во ЕУ. На книги најмногу трошат Словаците – 2,1 отсто, најмалку Бугарите и Грците  - по 0,6 отсто од вкупната потрошувачка по домаќинства. Најмногу читатели има во Финска каде 16,8 отсто испитаници тврделе дека читањето книги им е една од активностите на кои посветуваат време. Следуваат Полска и Естонија со по 15 отсто „читетели“. Во Франција само 2,6 отсто испитаници посветуваат време на читање. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-francuzite-chitaat-po-dve-minuti-dnevno-avstrijcite-po-pet/feed/ 0