член 353 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Oct 2019 11:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png член 353 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пропишани најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/#respond Thu, 10 Oct 2019 11:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=250106

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај. Јанева, како второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во Членот 353 став 3 е наведено „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“. Обвинителството во соопштението наведе дека со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/feed/ 0