членки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Mar 2021 11:38:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png членки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пандемијата не ги спречи членките на НАТО да го зголемат буџетот во одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-gi-sprechi-chlenkite-na-nato-da-go-zgolemat-budzetot-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-gi-sprechi-chlenkite-na-nato-da-go-zgolemat-budzetot-vo-odbranata/#respond Tue, 16 Mar 2021 11:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=483150

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го презентираше годишниот извештај за работата на Алијансата за 2020 и го поздрави постојаното зголемување на буџетските стапки на земјите членки за одбраната, јави дописничката на МИА од Брисел. Шеста година по ред земјите членки на НАТО покажуваат зголемување на буџетите за одбрана, рече Столтенберг. -Очекуваме овој тренд да продолжи, треба да го задржиме овој момент затоа што безбедносните предизвици нема да исчезнат, рече тој. Тој се повика и на „високиот степен“ на поддршка за НАТО кај граѓаните. Според анкета реализирани лани во земјите на Алијансата, 62 отсто од граѓаните би гласале нивната земја да остане членка на воената организација, додека единаесет отсто само би гласале за повлекување од НАТО на нивната земја. И покрај здравствената криза која предизвика економска рецесија, земјите членки на НАТО си ги исполнуваат ветувањата дадени во 2014 да ги зголемат буџетските стапки за одбрана додека не постигнат минимум два отсто од бруто домашниот производ, БДП. Сепак важно е да се напомене дека во некои случаи ова зголемување се должи и на намалениот БДП кај некои земји токму поради економската криза. За Столтенберг е важно земјите членки да не се откажат од поддршката за Алијансата поради подемот на Кина како велесила, провокациите на Русија и нејзиното мешање во внатрешните работи на други земји, вклучително и земји на НАТО. Шефот на Алијансата потсети и дека Кина и Русија организираат заеднички воени вежби, што треба да го поттикне вниманието на земјите сојузнички, смета тој. -Ниедна земја не може сама да се справи со предизвиците, ниеден континент не може сам да се справи со заканите, затоа Европа и НАТО треба да работат заедно, рече Столтенберг и искористи прилика уште еднаш да порача дека иако ги поздравува европските напори во областа на одбраната, тие треба да соработуваат, а не да се натпреваруваат. -НАТО и ЕУ се различни организации со различни задачи и различни процеси на одлучување, јас го поздравувам фактот што ја зголемуваме соработката, но тоа треба да се прави врз основа на взаемна почит кон интегритетот, ние делиме исто соседство и повеќе 90 отсто од граѓаните на земја на ЕУ живеат во земја на НАТО, ги поздравувам напорите за одбраната, но тоа не може да го замени НАТО, предупреди Столтенберг Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се сретнат на крајот на овој месец, а подоцна оваа година ќе се одржи и самит на шефовите на држави и влади на Алијансата каде ќе се разговараат сите овие прашања. Ова ќе биде и прв самит за новиот американски претседател, Џо Бајден, чија заложба за поголем ангажман во трансатлантската организација ја поздрави шефот на Алијансата и изрази надеж дека лидерите на НАТО членките ќе го зајакнат трансатлантското партнерство и ќе се заложат за амбициозна агенда. тм/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-gi-sprechi-chlenkite-na-nato-da-go-zgolemat-budzetot-vo-odbranata/feed/ 0
ЕК: Од 26 декември дистрибуција на вакцини на членките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/#respond Thu, 17 Dec 2020 14:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=444742

Според Европската комисија, ако сè оди според планот, вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу 27 до 29 декември. Според ЕК, дистрибуцијата на вакцини до земјите-членки треба да почне на 26 декември, а сè уште останува на националните стратегии за тоа како и кога ќе се изврши вакцинацијата. – Се работи за координиран напор, а не договор дека сите мора да ја дадат првата вакцина во исто време. Во ЕУ има 450 милиони жители и 27 земји каде што се разликуваат условите и термините за вакцинација, рече портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер. – Денот не е важен, важно е ова да го направиме координирано, сите заедно, рече Мамер. Комисијата додава дека најавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за почетокот на вакцинацијата во ЕУ на 27 декември е условена и оти тоа ќе зависи од позитивната процена на Европската агенција за лекови, а потоа и од дозволата за пласирање на вакцината на пазарот од страна на Европската комисија. – По процената на Европската агенција за лекови, ќе дадеме дозвола во рок од два дена, додека вообичаената процедура е меѓу 60 и 67 дена, наведува Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/feed/ 0
Шпан: Членките на ЕУ планираат да почнат со вакцинација против коронавирусот на 27 декември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-chlenkite-na-eu-planiraat-da-pochnat-so-vakcinacija-protiv-koronavirusot-na-27-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-chlenkite-na-eu-planiraat-da-pochnat-so-vakcinacija-protiv-koronavirusot-na-27-dekemvri/#respond Thu, 17 Dec 2020 11:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=444637

Сите земји-членки на ЕУ планираат да започнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. – Во Германија ќе почнеме на 27 декември, ако дозволата пристигне како што беше планирано. Другите земји на ЕУ исто така сакаат да започнат на 27 декември, рече Шпан пред онлајн состанокот со канцеларката Ангела Меркел и лидерите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“. Како членка на Унијата, Германија е должна да почека Европската медицинска агенција да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, што се очекува на 21 декември. – Фактот дека во ваква глобална вонредна состојба вакцина како оваа излегува на пазарот толку брзо е резултат на големото индивидуално достигнување на истражувачите, но и на нашиот пристап. Ние веруваме во наука, ја поддржуваме науката, рече Меркел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpan-chlenkite-na-eu-planiraat-da-pochnat-so-vakcinacija-protiv-koronavirusot-na-27-dekemvri/feed/ 0
ЕУ: Членките на СЗО потранспарентно да известуваат за пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-chlenkite-na-szo-potransparentno-da-izvestuvaat-za-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-chlenkite-na-szo-potransparentno-da-izvestuvaat-za-pandemijata/#respond Thu, 22 Oct 2020 11:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=419399

Европската унија формулираше нацрт-предлог за реформите што треба да се спроведат во рамките на Светската здравствена организација, во кој се истакнува дека членките на СЗО треба да покажат поголема транспарентност кога станува збор за начинот на известување за пандемијата. Документот е составен на 19 октомври, по разговорите на германската Влада и другите членки на ЕУ. Во документот, ЕУ ја повикува СЗО да донесе мерки што ќе ја зголемат „транспарентноста на националната усогласеност“ со меѓународните здравствени протоколи и ги повикува своите членки брзо да разменуваат информации за пандемијата. Меѓу многуте предизвици со кои се соочува СЗО, ЕУ ја истакнува недоволната транспарентност и недостиг на предвидливо и одржливо финансирање. ЕУ исто така повикува на воспоставување поефикасен систем за известување на земјите-членки на Секретаријатот на СЗО, кој ќе се применува конзистентно. Како што пренесуваат странските агенции, ова се надоврзува на критиките кон Кина и другите земји за ненавремено споделување информации за пандемијата. Документот исто така ја истакнува поддршката на Унијата на СЗО и централната улога на оваа организација во одговор на глобалните здравствени предизвици. СЗО и Пекинг не одговорија на барањето за коментар по повод нацрт-предлозите изготвени од членките на ЕУ. Германската Влада исто така одби да ја коментира содржината на овој документ, бидејќи станува збор за нацрт-предлог, а не за неговата конечна верзија. Нацрт-предлогот следната недела на видео-конференција ќе го дискутираат министрите за здравство на ЕУ со цел формирање заеднички став пред собранието на СЗО, закажано за средината на ноември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-chlenkite-na-szo-potransparentno-da-izvestuvaat-za-pandemijata/feed/ 0
Макрон: ЕУ да не прима нови членки додека не се спроведат реформи и не се продлабочи интеграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-eu-da-ne-prima-novi-chlenki-dodeka-ne-se-sprovedat-reformi-i-ne-se-prodlabochi-integracijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-eu-da-ne-prima-novi-chlenki-dodeka-ne-se-sprovedat-reformi-i-ne-se-prodlabochi-integracijata/#respond Tue, 17 Apr 2018 11:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=41854

Европската унија не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Во говор во Евеопскиот парламент, Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство се уште не е дојдено“. - Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа, потенцира Макрон. Тој додаде дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, „но не сака ниту Европа која во услови на тешко функционирање со 28, а утре со 27 членки, да биде со 30 или 32 држави со истите правила“. Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-eu-da-ne-prima-novi-chlenki-dodeka-ne-se-sprovedat-reformi-i-ne-se-prodlabochi-integracijata/feed/ 0