човечка грешка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 06:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png човечка грешка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Човечка грешка е причина за дефектот што го наруши воздушниот сообраќај во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/#respond Fri, 20 Jan 2023 06:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=789547

Информатичкиот дефект што го принуди американското регулаторно тело за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во САД на 11 јануари, е предизвикан од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА. Агенцијата веќе го припиша дефектот, поради кој на 11 јануари беа откажани или одложени илјадници летови, на оштетување на датотеката со база на податоци. Првичниот извештај покажа дека подизведувачот „ненамерно ги избришал датотеките додека работел на усогласување на главната и секундарната база на податоци“, додава агенцијата. Истрагата продолжува, но агенцијата посочува дека сè уште не нашла докази кои би го поврзале инцидентот со злонамерен чин или хакерски напад. ФАА сега работи на тоа да го направи „поотпорен“ предметниот компјутерски систем, кој во реално време ги предупредува членовите на екипажите за можна опасност на земја и во воздух.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/feed/ 0
Бугарски истражител за автобуската трагедија кај Струма: Запаливи течности во автобусот немало, причина за несреќата дефинитивно е човечка грешка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-istrazitel-za-avtobuskata-tragedija-kaj-struma-zapalivi-technosti-vo-avtobusot-nemalo-prichina-za-nesrekjata-definitivno-e-chovechka-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-istrazitel-za-avtobuskata-tragedija-kaj-struma-zapalivi-technosti-vo-avtobusot-nemalo-prichina-za-nesrekjata-definitivno-e-chovechka-greshka/#respond Sat, 05 Feb 2022 10:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=627380

Запаливи течности во автобусот немало, причина за несреќата дефинитивно е човечка грешка. Недвосмислено е утврдено – од доказите и вештачењата дека трагедијата на автопатот Струма е предизвикана од однесувањето на возачот, изјави истражителот Младен Петров во изјава за бугарска „bTV“ околу инцидентот во кој загинаа 45 лица од Македонија. -Само неговото однесување е причина оваа ситуација да настане и да прерасне во несреќа која завршува со ваков резултат“, додава Петров. Според него, проверени се сите најавени претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и на дефинитивен начин е утврдено дека немало. „Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот подалеку од активната лента и ударот во заштитната ограда доведе до пробивање и уништување на конструктивни елементи, компресија на резервоарот, компресија на неговата содржина. Ова е придружено со обилно расејување на искри предизвикано од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за палење на горивото, вели Петров. Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена. -Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку е избледена, но не е невидлива. Средината, централната линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, вели истражителот. Отсега ќе се разгледува мислењето на истражниот тим. -Треба да бидат вклучени жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење дека нема виновно однесување кое е причинско-последична врска за овој резултат, води до тоа дека постапката најверојатно ќе биде прекината, рече Петров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-istrazitel-za-avtobuskata-tragedija-kaj-struma-zapalivi-technosti-vo-avtobusot-nemalo-prichina-za-nesrekjata-definitivno-e-chovechka-greshka/feed/ 0