човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 07:17:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести интернешнел повика на акција против влошената состојба со човековите права во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/#respond Mon, 06 Mar 2023 07:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=808417

Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика земјите-членки на Обединетите нации да преземат акција во врска со влошената состојба со човековите права во Авганистан и да обезбедат правда за жртвите на насилството на талибанците, јави ДПА. Радикалните исламисти незаконски апсат бранители на правата на жените, академици и активисти поради нивните јавни критики, соопшти организацијата. Многумина се произволно притворени без правна заштита или контакт со нивните семејства. „Амнести интернешнел“ наведува и дека талибанците не сакаат или не се во состојба да ги истражат постапките на нивните поддржувачи, кои грубо ги кршат човековите права на Авганистанците. Невладината организација инсистира на создавање независен истражен механизам во земјата. - Ситуацијата со човековите права во Авганистан брзо се влошува и немилосрдните злоупотреби на талибанците продолжуваат секој ден, рече Аниес Каламар, генерален секретар на Амнести интернешнел. Организацијата ги документирала злосторствата извршени од членовите на талибанците од нивното враќање на власт, како што се притворање на бранители на правата на жените, новинарите и цивилите во провинцијата Панџшер, како и масовните убиства на припадниците на етничката група на хазарејците во три други провинции. Време е јавните изјави на меѓународната заедница да бидат проследени со конкретни активности, рече Каламар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 09:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=801187

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести.По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Хјуман рајтс воч: Човековите права се кршат низ целиот свет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-chovekovite-prava-se-krshat-niz-tseliot-svet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-chovekovite-prava-se-krshat-niz-tseliot-svet/#respond Thu, 12 Jan 2023 15:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=786562

Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ), со седиште во Њујорк, денеска го објави својот Светски извештај за 2023 година, во кој укажа на кршењето на човековите права ширум светот, со посебен акцент на Русија, Украина, Кина, Авганистан, Иран и Етиопија. – Во изминатата година имаше низа кризни ситуации поврзани со човековите права ширум светот, од Украина до Кина до Авганистан, вели в.д. директорката на ХРВ во извештајот, Тирана Хасан. Таа истакна дека по руската инвазија врз Украина, глобалната заедница е задолжена за „ослободување на, како што таа го нарекува „целосниот арсенал“ на системот за човекови права“, а тоа вклучува и истрага на Меѓународниот кривичен суд. – Видовме непосредни одговори од меѓународната заедница да се мобилизира околу клучната поддршка за човековите права, вклучително и воспоставување механизми за меѓународна правда, собирање докази за воени злосторства, рече Хасан. Хасан додаде дека во градовите како Буча и Изјум, има докази дека окупаторските руски војници мачеле, силувале и егзекутирале цивили и нагласува дека Советот за човекови права на Обединетите нации документирал неколку стотици убиства на цивили за кои се верува дека се само дел од вкупниот број. Во извештајот, исто така, се укажува на кршењето на човековите права во Кина, вклучително, како што се тврди, масовното затворање, тортура и принудна работа на околу еден милион муслимани во регионот Синџијанг, кои се подложени на тортура, политичка индоктринација и принудна работа. Според ХРВ, ОН откриле дека прекршувањата во Синџијанг може да претставуваат злосторства против човештвото, повторувајќи ги наодите на повеќе групи за заштита на човекови права. Пекинг ги отфрли обвинувањата на ХРВ. ХРВ укажува и на ситуацијата во Иран, каде протестите предизвикани од смртта на девојката со курдско потекло Махса Амини, откако беше уапсена од полицијата за морал, се претворија во општи антивладини демонстрации и додава дека беа егзекутирани најмалку четворица демонстранти, што, како што велат, требало да предизвика „глобален одговор“. – Новата генерација на демонстранти ширум земјата ги одразува фрустрациите на минатите генерации: луѓе уморни од живеење без основни права и со нив владеат оние кои безобразно ја игнорираат благосостојбата на својот народ, се вели во извештајот. Се истакнува дека иранските власти безмилосно ги задушија протестите со употреба на прекумерна сила, проследени со лажни судења и смртни казни против оние кои се осмелија да ја оспорат власта на владата. Вооружениот конфликт во северна Етиопија доби само мал дел од глобалното внимание, кое е насочено кон Украина, и покрај бројните злосторства извршени од завојуваните страни, се наведува во извештајот на ХРВ. Тие додаваат дека уште во 2020 година, тензиите меѓу федералната влада на Етиопија и регионалната влада на Тиграј, Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF), ескалираа во отворена војна во регионот Тиграј, при што регионалните сили Амхара и еритрејската армија ги поддржуваа Вооружените сили на Етиопија. Оттогаш, владата го ограничи пристапот до областите погодени од конфликтот за независните истражители и новинари, што ја отежнува истрагата за злоупотребите таму, иако конфликтот се прошири во соседните региони Амхара и Афар. Меѓународната заедница и ОН ги осудија убиствата во Етиопија, широко распространетото сексуално насилство и грабежите, но не направија ништо друго, се вели во извештајот. Кампањата за етничко чистење насочена против населението на Тиграј доведе до масовни смртни случаи и принудно раселување на илјадници луѓе, проценува ХРВ. Ефективната опсада на владата на регионот Тиграј продолжи до 2022 година, не дозволувајќи му на цивилното население пристап до храна, лекови и хуманитарна помош, како и до електрична енергија и средства за комуникација, со што се кршат нивните основни човекови права, се вели во извештајот на ХРВ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-chovekovite-prava-se-krshat-niz-tseliot-svet/feed/ 0
Здруженија за заштита на човекови права бараат компензација од 440 милиони долари од ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/#respond Thu, 19 May 2022 14:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=679090

Амнести Интернешнл и други здруженија за заштита на човековите права ја повикаа ФИФА да издвои 440 милиони долари како компензација за работниците мигранти во Катар поради „кршење на човековите права“ за време на подготовките за Светското фудбалско првенство во Катар. Во извештајот на 48 страници на Амнести Интернешнл се наведуваат бројни примери на злоупотреба од страна на катарските власти поврзани со платите на ангажираните странски работници. – Со цел да се исправат серијата злоупотреби извршени од 2010 година кога ФИФА му ја додели организацијата на Катар без да ја услови земјата да ги подобри работничките права, организациите бараат ФИФА да исплати компензација од 440 милиони долари колку што изнесува и наградниот фонд на Светското првенство, се наведува во извештајот доставен до ФИФА. Катар, од своја страна, ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека вовел серија реформи во последните пет години, додека ФИФА во својот одговор наведе дека го проценува предлогот на Амнести Интернешнл и спроведува „процес без преседан во однос на заштитата на ангажираните работници“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/feed/ 0
Совет на Европа: Треба да се залагаме за човековите права повеќе од кога и да е претходно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-treba-da-se-zalagame-za-chovekovite-prava-povekje-od-koga-i-da-e-prethodno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-treba-da-se-zalagame-za-chovekovite-prava-povekje-od-koga-i-da-e-prethodno/#respond Fri, 10 Dec 2021 10:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=606584

Соочени со предизвиците на денешнината, мора да застанеме во одбрана на човековите права повеќе од кога и да е, и да обезбедиме целосна имплементација на Европската конвенција и пресудите на Европскиот суд за човекови права, изјави генералната секретарка на Советот на Европа по повод Денот на човековите права, кој се одбележува на 10 декември. „Човековите права, демократијата и владеењето на правото се под голем притисок. Сега повеќе од кога било мораме да останеме верни на нашите вредности, кои се отелотворени и во Конвенцијата за човекови права, и да обезбедиме брза и ефективна имплементација на пресудите на Европскиот суд“, рече Марија Пејчиновиќ Буриќ. Таа вели дека државите се во искушение да размислуваат за намалување на заштитата на човековите права кога ќе се соочат со тешки предизвици, кога всушност треба да го направат спротивното. „Кога доаѓаат тешки времиња, тогаш треба да бидеме најмногу посветени на уникатниот систем на вредности што го изградивме во последните 70 години и да се држиме до него. Европа во моментов се соочува со голем број големи предизвици, вклучувајќи пандемија, илегална миграција, климатски промени и социјални проблеми, вклучително и зголемена верска нетолеранција, расизам, дискриминација и насилство врз жените, рече Пејчиновиќ Буриќ. – Европската конвенција за човекови права е дизајнирана да им помогне на националните власти да обезбедат почитување на основните човекови права на обичните луѓе во сите околности, а не само во добри времиња, рече таа, додавајќи дека конвенцијата и системот зад неа успешно се прилагодуваат на променливите околности повеќе од седум децении. – Повеќе од 20.000 пресуди на Европскиот суд за човекови права и нивната имплементација во нашите 47 земји-членки донесоа многу вистински подобрувања во животот на луѓето за широк спектар прашања, вклучувајќи еднаквост, недискриминација, здравје и животна средина и пошироки придобивки за нашите општества, оцени Пејчиновиќ Буриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-treba-da-se-zalagame-za-chovekovite-prava-povekje-od-koga-i-da-e-prethodno/feed/ 0
Конференција по повод Меѓународниот ден на човековите права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-po-povod-megjunarodniot-den-na-chovekovite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-po-povod-megjunarodniot-den-na-chovekovite-prava/#respond Fri, 10 Dec 2021 06:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=606370

По повод Меѓународниот ден на човековите права, Канцеларијата на Народниот правобранител, денеска преку ЗУМ платформата, организира конференција на тема „10. декември, Меѓународниот ден на човековите права – денот на сите граѓани“. Конференцијата ќе ја отвори народниот правобранител, Насер Зибери, кој воедно и ќе го презентира неодамна изготвениот „Извештај од спроведената анализа за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител“. Обраќање на тема „Човековите права како столб на демократијата“ ќе има Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, а професорот Светомир Шкариќ ќе зборува на тема „Уставот и Народниот правобранител“. На тема „Европскиот суд за човекови права како значајна алка во заштитата на правата на граѓаните. Колку и како помогаат постапките/предметите на Народниот правобранител во донесувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права?“ ќе зборува Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховниот суд, а за „Соработката со Народниот правобранител главна алка за почитување на човековите слободи и права“ ќе зборува проф. д-р Ана Павловска Данев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ УКИМ. Проф. д-р Беса Арифи од Универзитет на Југо-Источна Европа (УЈИЕ) ќе се обрати на тема „Зошто е важно да се почитуваат препораките, мислењата иницијативите, укажувањата на Народниот правобранител?“, додека обраќање на тема „Што да се направи за подобрување на соработката на релација Народен правобранител-институции“, ќе има проф. д-р Јасмина Димитриева од Државниот Универзитет „Гоце Делчев“ Штип (УГД). Проф. д-р Јусуф Зејнели од Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) ќе зборува за улогата на администрација во процесот на заштита и спроведување на човековите права. Во рамки на конференцијата планирана е и дебата во која ќе се вклучат главниот и одговорен уредник на „Фокус“, Гордана Дувњак и новинарот од МИА, Омер Џафери, како и студенти од УКИМ, УЈИЕ, УДГ, ДУТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-po-povod-megjunarodniot-den-na-chovekovite-prava/feed/ 0
СЗО: Државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-drzavite-da-gi-pochituvaat-chovekovite-prava-koga-voveduvaat-zakluchuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-drzavite-da-gi-pochituvaat-chovekovite-prava-koga-voveduvaat-zakluchuvanje/#respond Fri, 19 Nov 2021 13:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=597434

СЗО ги повика државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување. -Државите сами одредуваат мерки за справување со пандемијата на коронавирус, но треба да го земат предвид нивното влијание врз човековите права, изјави денеска портпаролката на СЗО, Фадела Шаиб. Нејзиниот коментар беше по повод „локдаунот“ од 15 ноември за невакцинираните против Ковид-19 во Австрија, како и одлуката на властите да воведат задолжителна вакцинација против коронавирус во февруари следната година. -Државите треба да имаат пристап во согласност со проценката на ризикот за да го запрат преносот на инфекцијата, рече Шаиб. Таа истакна дека тоа треба да се случи „врз основа на проценка на сопствената национална епидемиска ситуација“. Според неа, вакцинацијата против коронавирусот не треба да биде задолжителна, а напомена дека „прашањата за имунизација во земјата треба да ги решава секоја држава“. Шаиб, исто така, ја појасни позицијата на СЗО за блокадата. -Примената на таканареченото селективно блокирање на одредена група, а не на сите други групи, има одредени етички последици, како и последици за човековите права. Навистина, се зависи од реалната епидемиолошка ситуација во секоја земја, но мора да се има предвид дека селективните блокади ќе имаат одредено влијание врз етичката страна и човековите права, рече портпаролката. Во врска со тоа СЗО препорачува државите „да продолжат да вложуваат максимални напори за да обезбедат вакцини кои се достапни за сите групи, како што е наведено во националната програма“. -Исклучително е важно луѓето да имаат пристап до вакцини, вакцинацијата да биде објаснета и охрабрувана, заклучи Шаиб. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-drzavite-da-gi-pochituvaat-chovekovite-prava-koga-voveduvaat-zakluchuvanje/feed/ 0
Јанушев: Очекувам од ЕУ да побара од Грција и останатите доследно да се почитуваат човековите права и слободи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-ochekuvam-od-eu-da-pobara-od-grcija-i-ostanatite-dosledno-da-se-pochituvaat-chovekovite-prava-i-slobodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-ochekuvam-od-eu-da-pobara-od-grcija-i-ostanatite-dosledno-da-se-pochituvaat-chovekovite-prava-i-slobodi/#respond Sat, 01 May 2021 11:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=504274

Очекувам од ЕУ да побараат од Грција и сите останати, доследно да ги применуаат конвенциите за заштита на основните човекови слободи и права, истакна неодамна при своето гостување во „Неделен брифинг“ на Инфомакс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. -Јас искрено очекувам од Европската Унија и од луѓето кои што се во врвот во политиката таму дека, порано или подоцна ќе побараат од Грција и од сите останати, доследно да ги применуаат конвенциите за заштита на основните човекови слободи и права. Ние не бараме ништо туѓо, ние бараме да биде признаено нашето и сопственото, рече Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-ochekuvam-od-eu-da-pobara-od-grcija-i-ostanatite-dosledno-da-se-pochituvaat-chovekovite-prava-i-slobodi/feed/ 0
Европски регулатор: Вештачката интелегенција не смее да ги загрозува човековите права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-regulator-veshtachkata-intelegencija-ne-smee-da-gi-zagrozuva-chovekovite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-regulator-veshtachkata-intelegencija-ne-smee-da-gi-zagrozuva-chovekovite-prava/#respond Mon, 14 Dec 2020 07:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=442890

Употребата на вештачка интелигенција при полициско работење, медицинска дијагностика и насочено рекламирање носи голем број ризици, предупреди регулаторот на ЕУ денеска, нагласувајќи дека луѓето мора да знаат како да ги оспоруваат автоматските одлуки. Полицијата веќе широко го користи аналитичкиот потенцијал на вештачката интелигенција, а активистите предупредуваат дека авторитарните режими ги користат и за масовно и за дискриминаторско набудување. Тие исто така забележуваат дека употребата на таа технологија понекогаш ги крши човековите права и прописите за приватност на податоците. Европските службеници треба да постават појасни упатства за примена на постојните регулативи за вештачката интелигенција и да обезбедат дека идните регулативи ги штитат основните човекови права, предупредува европскиот регулатор на ФРА во извештај. „Вештачката интелигенција веќе влијае на животот на милиони Европејци“, истакнува агенцијата, посочувајќи го следењето на ширењето на Ковид-19 и донесување одлуки за социјалните бенефиции. „Автоматизацијата може да го подобри процесот на донесување одлуки, но исто така може да резултира со грешки, дискриминација, а понекогаш и нејзините одлуки се тешки за оспорување“, забележува ФРА. Европската комисија ја разгледува можноста следната година да донесе директива што ќе опфаќа сектори со висок ризик, како што се здравството, енергетиката, транспортот и делови од јавниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-regulator-veshtachkata-intelegencija-ne-smee-da-gi-zagrozuva-chovekovite-prava/feed/ 0
ССМ: Работничките права се човекови права! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnichkite-prava-se-chovekovi-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnichkite-prava-se-chovekovi-prava/#respond Thu, 10 Dec 2020 12:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=441461

Предизвиците од заразната болест Ковид-19, уште еднаш го потврдија значењето на синдикалниот слоган- солидарноста пред се, но ја потенцираа и потребата од заедничка акција и делување на сите субјекти во земјава за работниците и граѓаните да се чувствуваат слободни, еднакви и сигурни, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија по повод меѓународен ден на човековите права. Во соопштението се наведува дека почитувањето на човековите слободи и владеење на правото се уредени и загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, а дека со тоа државава влегува во редот на земји кои функционираат во услови на политичка демократија. – Човековите права и слободи се основа на правдата и мирот во светот, а работничките права се најважен и неизоставен дел од нив. Заштитата и унапредувањето на работничките права се обврска и статутарна определба на Сојузот на синдикатите на Македонија која континуирано се спроведува, нагласува ССМ. Според Сојузот, потребно е да се засилат активностите на Владата кои ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги поддржи и унапреди на планот на обезбедување на довербата на работниците и граѓаните во државата, како чувар и заштитник на човековите права. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnichkite-prava-se-chovekovi-prava/feed/ 0