чудни соништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 May 2020 20:21:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чудни соништа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто се повеќе луѓе имаат чудни соништа за време на пандемијата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-povekje-lugje-imaat-chudni-sonishta-za-vreme-na-pandemijata-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-povekje-lugje-imaat-chudni-sonishta-za-vreme-na-pandemijata-2/#respond Sun, 10 May 2020 20:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=344306

Луѓето низ светот без разлика каде живеат, соочени со проблемот од епидемијата на коронавирусот, можат да имаат барем една заедничка точка, а тоа се живи, впечатливи и бизарни соништа кои најчесто се застапени кај здравствените работници. Ноќните визии за вирусот, природни катастрофи, кожа која се лупи, неможност за дишење, губење на работата, се само дел од соновите кои се повторуваат, а за нив се повеќе се дискутира на социјалните мрежи бидејќи проблемот со „карантинските соништа“ се шири како и самата пандемија. Аналитичарка за соништа од Флорида, Лори Ловенберг, која користи психологија за токување соништа, истакна дека стресот поради карантинот, забраната за движење, загриженоста за работата, семејните и пријателските односи, како и ненадејната загуба на вообичаениот секојдневен конфор предизвикува бран на неочекувани искуства од соништата. Ловенберг додава дека од ден во ден добива се повеќе повици од луѓе кои сакаат да разговараат за нов вид проблеми со желба да најдат решение и разјаснување на ситуацијата, пренесува МСНБС. – Многу луѓе сонуваат за рацете, дека им се лупи кожата, дека не можат да ги движат, изјави Ловенберг и додаде дека таа визија има едноставно објаснување, а тоа е дека се плашиме да допреме што било. Деирдре Барет, психолог од Харвард, собра стотици студии за соништа од воведувањето на мерките, односно од кога луѓето остануваат дома и не заминуваат на работа. Потсетува и дека собрала соништа и по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година за да ги види сличните форми. Лекарите, медицинските сестри и лица кои даваат прва помош на првата борбена линија, апсолутно изгледаат како група луѓе во акутна траума. – Најзастапени се соништата каде не успеваат да му помогнат на пациентот, да му го спасат животот, изјави Барет и додаде дека нивните соништата се главно вообичаени, болничките капацитети се преполни, болните немаат каде да се сместат, нема опрема, не можат успешно да ги интубираат пациентите, ако некого приклучат на респиратор, тој не работи. Барет проценува дека 30 отсто од тие луѓе можат да развијат симптоми на посттрауматско стресно нарушување со кошмари, ретроспектива на настаните, анксиозност и проблеми со спиењето. Психолошката траума како резултат на појавата на епидемијата е добро документирана. Светската здравствена организација забележа дека епидемијата на ебола во западна Африка резултира со „длабоки психосоцијални импликации на индивидуално, заедничко и глобално ниво“. Експертите наведуваат дека во периодот кога луѓето патувале од дома до работа и назад, исто така, бил важен бидејќи имале време да ги класифицираат дневните настани во нивниот ум, а тоа сега не се случува. Експертите потсетуваат дека недостигот на сон може негативно да влијае на се, не само психички, туку и физички, и се зголемува бројот на луѓе кои спијат помалку од шест часа. Филијалата на Харвард потсетува дека недостигот на сон или кошмарите можат да влијаат на концентрацијата и расположението, но и промената на метаболизмот и потенцијалната тежина. Недостигот на сон, исто така, може да наштети на кардиоваскуларното здравје, па дури и да ја измени имунолошката функција. Истражувањето покажа дека 76 отсто од Американците имаат проблем со спиење за време на епидемијата, а причина за тоа се анксиозноста во 48 отсто од случаите, загриженоста за блиските во 26 отсто од случаите и осаменоста во 23 отсто. Сите овие се причини поради кои луѓето не можат да спијат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-se-povekje-lugje-imaat-chudni-sonishta-za-vreme-na-pandemijata-2/feed/ 0