чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 08:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бил Гејтс: Ќе има нова чума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kje-ima-nova-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kje-ima-nova-chuma/#respond Mon, 30 May 2022 08:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=683372

Милијардерот Бил Гејтс предупредува дека пандемија ќе го погоди светот во следните дваесет години. Во интервју за „Ел Диарио“ објавено во недела, тој рече дека има 50 отсто шанси да се појави нова чума во следните 20 години. - Покрај познатиот вирус, следната пандемија може да биде биотерористички агент создаден од човекот или нешто што ќе направи чекор надвор од светот на природата поради климатските промени, рече тој. Затоа, овој филантроп смета дека сите земји треба да вложат огромни средства во истражување на можните патогени, а притоа повика на создавање на стручен тим од 3.000 научници и специјалисти кои би се занимавале исклучиво со подготовка и откривање на идни пандемии. Сепак, ова не е нова тема за која зборува Гејтс, бидејќи ја спомна и во својата неодамна објавена книга. Станува збор за специјален тим чија кратенка би била ГЕРМ (Global Epidemic Response and Mobilization), а тој предлага овој тим да се формира под покровителство на Светската здравствена организација. Се разбира, идејата на Гејтс бара милијарди долари, што повторно бара поголеми буџетски распределби за секоја земја. Гејтс ја отфрли можноста мајмуните сипаници да станат следната светска пандемија, што беше објавено од бројни светски медиуми. Тој верува дека оваа заразна болест има мал потенцијал да го наруши човештвото на начин на кој тоа го направи Ковид-19. „Да не беше коронавирусот, мајмунски сипаници немаше да бидат ниту на вести“, додаде тој. Сепак, тој не ја исклучи можноста вирусот на тие сипаници да се мутира во „нешто погадно“ и потсети дека болеста дошла во Европа од Западна Африка, каде што е ендемична болест која ги погодува геј и бисексуалните мажи. Гејтс, пак, истакна дека светот сè уште не е готов со коронавирусот, додавајќи дека сè уште сме во ризик бидејќи вирусот ковид продолжува да мутира и постои опасност од развој на уште позаразен вид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-gejts-kje-ima-nova-chuma/feed/ 0
Симулациска вежба за искоренување на болеста ЧУМА кај мали преживари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulaciska-vezba-za-iskorenuvanje-na-bolesta-chuma-kaj-mali-prezivari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulaciska-vezba-za-iskorenuvanje-na-bolesta-chuma-kaj-mali-prezivari/#respond Mon, 14 Mar 2022 11:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=646894

Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, утре, вторник, 15.03.2022 година и во среда, 16.03.2022 година, во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста Чума кај мали преживари. -Теренскиот дел од вежбата ќе се одржи во среда (16.03.2022 година) во с.Сујаклари во Општина Велес, поради што ја известуваме јавноста и локалното население од ова населено место дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест,  туку за активности поврзани со симулациската вежба. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности кои треба да се преземат во случај на појава на болеста чума кај мали преживари, со цел тестирање на системот и подготвеноста на АХВ соодветно да постапи во случај на појава на оваа болест. Вежбата има за цел и унапредување на регионалната соработка и комуникација на институциите и ветеринарните служби при појава на болести кај животните кои се предмет на плановите за итни мерки, велат од АХВ. На симулациската вежба, ќе учествуваат и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и експерти од Република Србија и Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulaciska-vezba-za-iskorenuvanje-na-bolesta-chuma-kaj-mali-prezivari/feed/ 0
Се празнува Св. свештеномаченик Харалампиј – Светец кој ја држи чумата во синџири https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-sv-sveshtenomachenik-haralampij-svetec-koj-ja-drzi-chumata-vo-sindziri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-sv-sveshtenomachenik-haralampij-svetec-koj-ja-drzi-chumata-vo-sindziri/#respond Tue, 23 Feb 2021 06:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=472542

Празникот на светиот свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зашто таа се сметала за најопасна болест. (Именден празнуваат: Харалампие, Ламбе, Хари…) Светиот свештеномаченик Харалампиј, епископ од Магнезија (Тесалија) настрадал за време на царот Септимие Север кога бил вршен страшен прогон на христијаните. И покрај жестоките репресалии тој јавно ја проповедал Христовата вера, и станал популарен кога воскреснал еден мртовец. Под негово влијание царската ќерка Галина станала христијанка и ги искршила киповите на римските богови. Поради тоа бил страшно мачен. Според едно предание му биле пресечени рацете, а потоа бил исечен со меч. Според друго предание, пак, дури му била одрана кожата, а кога и тоа го примил како доближување до Бога, се помолил на својот Бог и испуштил душа, пред да се спушти мечот на џелатот врз него. Тогаш имал 113 години, а тоа се случило на 23/10 февруари 198 година. Потоа царската ќерка Галина пристојно го погребала, а неговата глава и денес се чува во манастирот Свети архиѓакон Стефан во Тесалија. Празникот на св. свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува и со чумата, зашто таа се сметала за најопасна болест. И на фреските во нашите цркви св. Харалампиј е претставен како ја држи чумата во синџири, како ја тепа и мачи. Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид. Во верувањата на македонскиот човек чумата како негативен демон зазема многу значајно место. Ова митолошко суштество го среќаваме и во верувањата и во преданијата, а особено во народните песни. Познати се песните во кои чумата го испустува Скопје, а тоа има и реална основа зашто познато е и од историјата дека овој град повеќепати страдал од оваа опасна болест. Во претставите на нашиот човек таа останала како стара баба, некаде со расплетени коси, некаде со тефтер или список, најчесто со сабја или коса со кои сее смрт. Марко Цепенков зебележал повеќе верувања во врска со чумата. Според едно, чумата е родена од лош татко и мртва мајка поради што им се одмаздува на луѓето. Имено во некоја земја преку девет мориња имало некој лош цар кој правел триста лошотии, а најголемото зло било што која жена ќе ја видел ќе ја обесчестел. Кога не можел да силува едно сиромашко девојче го убил и пак го силувал за „на неговото да биди“ и го затворил така умрено во некој подрум. Кога се вратил од војна го побарал и видел дека девојчето цело си лежело како да спие, само во срцето било подуено и нешто како живо мрднувало. Кога удрил силно со нога по срцето, се родила чумата од умрената девојка, застанала пред него и му рекла: „Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка сум родена, затоа кого ќе го видам ќе го испоганам на скришните места и ќе го умрам“. Цепенков натаму забележал во ова верување дека кога ќе се појавела чумата и кога ќе виделе луѓето оти ќе ги сотрит, ќе трештеле да бегаат по планини, по долини за да се кријат од неа, арно ама чумата и таму ги наоѓала лошите и ги избивала. Цепенков уште забележал дека зародишот на чумата бил од реката Нил. Кога ќе се излеела оваа река и кога пак ќе се вратела во коритото по земјата останувале многу риби кои се смрдувале и од нив се раѓала чумата. Ова треба да претставува и еден вид сведоштво дека чумите како болести доаѓале од исток и дека причина за нивното појавување треба да се бара и во нечистотијата. Блиску до ова е и верувањето дека чумата ноќе влегувала во домовите и ако најдела немиени чинии и лажици гребела од нив и после се заразувале луѓето. Поради тоа, ако се појавела чумата веднаш куќите се чистеле, чиниите и лажиците се миеле. Се верува дека чумата лесно може да ја менува својата форма, да се преправа во куче, мачка, јаре, биолица и во предмети како партал и сл. М. Цепенков забележал дека и татко му Коста видел чума кога бил болен. Според неговиот опис тој гледал еден караван со многу коњи и дури на последниот коњ имало една жена вкачена на седелје, со лицето страшно, косата растурена преку плеќи, рацете долзи едно чудо, во десната рака држела една коса скршенаʼ. Тоа била чумата. Во еден запис од Серско се вели дека во селото Горно Броди некогаш беснеела чумата и зела многу жртви. Луѓето забегале по горите и одбегнувале да се среќаваат еден со друг за да не ја предаде заразениот од неа на друг. Дури и купувачите не ги давале парите со рака, туку ги пуштале во сад со киселина, а заразените пари шумеле што значи чумата горела. Во Велес, како што запишал Г. Бојаџиев се верувало дека чумата е жена со долга коса, со големи нокти и со страшно лице. Некогаш, многу одамна, луѓето биле многу лоши та затоа Господ ја создал чумата. Таа тогаш била многу силна, каде што ќе погледнела сè изгорувала. Дури и самиот Господ се исплашил од неа та еднаш кога минувала покрај него ја удрил со ровји и грмежи та ѝ се укочил вратот. Оттогаш таа не се врти лево и десно или назад, а удирала само што ќе видела пред неа. Во Струга ја викале панукла и ја сметале за стара жена. За да ја придобијат, во куќата ѝ оставале сапун, вода и др. и велеле: „Златнишче, милице! Да си доиш, да си се измиеш и да не правиш ништо лошо“. Поради стравот од чумата човекот изведувал и други заштитни магиски дејствија, како што е заорувањето или ткаењето на чуминото платно. Имено се верувало дека едно село за да се заштити од чумата треба да се заора. Се орало со плуг влечен од два вола ‒ близнаци, терани од двајца браќа, исто така близнаци. Дрвениот дел од плугот требало да биде од дрво ‒ близнак, а ралникот од железо тајно собирано од девет синори. И ковачите што го правеле, исто така, требало да бидат близнаци. Ноќе се орале околу селото три бразди. Во тоа време сите жители на селото требало да бидат во своите домови. Така заораното село станувало недостапно за чумата. Според еден запис од Дебарско, кога ќе се појавела чумата во некое село, за заштита се ткаело чумино платно и со него три пати се обиколувало селото. Платното го ткаеле во некоја куќа на крајот од селото. Таму носеле коноп и предмети за негова обработка: мелица, гребни, чешалки, урка, вретена, кросно, разбој итн. Конопот го пределе и ткаеле, а потоа исткаеното го навивале на кросно и го давале на една девојка сирак која го јавнувала како коњ и придружувана од другите девојки три пати го обиколувале селото. Притоа ја пееле песната: Маро мајко, Овде да не идеш, Овде никој нема, Маро мајко, Мие коњи немаме, На вратило јаваме, Маро мајко. Ај ќе те мажиме, вʼ Кидан село големо, Маро мајко. За оџата кидански. Маро мајко. Тамо имат дечица, тамо имат одај шарени, тамо имат постели, тамо имат миндери, Маро мајко. Тамо имат јунаци, тамо имат девојки, Маро мајко. Овде веќе да не идеш, Маро мајко. По третото обоколување оделе низ селото и во секоја куќа оставале парче од платното и биле дарувани со разни пренрамбени артикли: месо, брашно, масло итн. Потоа со молчење оделе во туѓ синор, каде што ги закопувале разбојот, кросното, брдото, ништите, урката и другите предмети и се враќале со пеење на песната. Мара мајка ја маживме, в Кидан село големо за оџата кидански, каде имат дечица, каде имат невести, каде имат девојки. Овие обредно-магиски дејствија требало да се завршат пред зори, односно додека петлите не пропеале трет пат. Потоа девојките учеснички во овие активности оделе во куќата каде што го ткаеле платното, од собраните дарови правеле заедничка гозба по што сите си оделе на спиење. При заорувањето и при обиколувањето со чуминото платно строго се внимавало на молчењето зашто некој погрешно изговорен збор можел да ја разлути чумата и таа да им пакости на луѓето. Култот на светиот маченик Харалампиј бил широко распространет и во пиринскиот крај. Овде, на овој ден се месел обреден леб, го месела „чиста жена“, го носеле надвор од селото и го оставале за чумата. Во Гевгелиско овој ден се сметал за лесен празник кога можело да се работи. Но сепак, жените го држеле (празнувале) затоа што се сметал за глава на болестите. Мажите ги обиколувале нивите и бавчите, за да видат колку им нашкодил мразот во текот на зимата. Во Радовиш „Аралапија“ се сметал за тежок празник и особено го држеле жените со мали деца, зашто уште бил наречен и „чумински празник“. Тој ден во црквите кревале панаги. Во Охрид „Свети Араламбос“ се сметал за „пануклин празник“. Араламбос се верувало, ја држел пануклата. Спространов со ова верување го забележал и следново предание: „Едно време ко одела по земјава да бијат, је остаале казан со вода, корито, сапун, за да се кʼпит. Еднуш шетала по земјава пануклата и бијала љуѓе. Еден стар чоек не сакал да побегнит, се скрил дома и се затворил отсекʼде. Нʼк дојт сега да ја видам, си рекол, откʼде ќе влезит! Та му влегла низ оџак и се расчекорила над мангалот да се грејт. Како се грејала задремала. По некое верме отворила дефтерите да и гледат. Стариоф чоек по кротко и и грабнал и в огон. Та се наљутила, удри, чинела со тупајнци и му велела: Ами сега како ќе дʼм јас џуап, а? Удри, удри и се кʼде удирала, само џумки се чинеле. Така гʼ изопрала“. Пануклата одела само на право и никако не се вртела на лево и на десно. Ако бегале луѓето не ги удирала. Затоа таа велела: „Бежаноа мајка бело носила, небеганоа мајка црно носила“. (Во врска со ова е и пословицата: „Беганоа мајка бело носила, Стојаноа мајка црно носила“, што значи тој што бега ќе се спаси, тој што стои ќе настрада.) Пануклата се преправала на мачка, кокошка, куче, се. „Еднуш Богдановци ја донесле од Влашко. Некој Елшанци ошле со леп у ними и је зеле в село. Та се престорила на кокошка, застанала на којнот и тргнʼлʼ. Тије не знаеле оту је пануклʼтʼ. Та тамо бидејќи немала меќи постели викала: Врана коска да не донесит во ова село! Шо ме донесофте во овʼ чкркʼ? Тије ја слушале ко викʼлʼ. От Богдановци им изопрала најмладите момчина ‒ се јунаци“. Во Прилеп како што сведочи М. Цепенков Свети Харалампиј за свој патрон го имале казанџискиот (бакарџискиот) еснаф, а во некои места за свој покровител го имале и ѕидарите. Тропар Свети свештеномаченик Харалампиј Господи, Твојот маченик Харалампиј во своето страдание примил негнилежен венец од Тебе, нашиот Бог; имајќи ја Твојата сила, ги победи мачителите, а ја скрши и немоќната смелост на демоните. По молитвите негови, спаси Ги нашите души. Подготви Марко Китевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-sv-sveshtenomachenik-haralampij-svetec-koj-ja-drzi-chumata-vo-sindziri/feed/ 0
Во Монголија потврдени два случаи на чума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mongolija-potvrdeni-dva-sluchai-na-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mongolija-potvrdeni-dva-sluchai-na-chuma/#respond Thu, 02 Jul 2020 06:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=367113

Во западниот дел на Монголија во изминатите 24 часа регистрирани се два случаи на чума. Болеста се појавила во провинцијата Ховд, а еден од пациентите има белодробна форма на болеста и е во тешка здравствена состојба. Поради појавата на чума воведен е карантин во провинцијата. Локалната епидемиолошка епидемиолошка служба почна да испитува други случаи на чума. Во април 2019 година брачна двојка почина од чума во западната монголска провинција Бајан-Улги откако јадеше сурово месо од мрмот. Чумата е бактериско заболување, што го пренесуваат болвите, кои живеат на глодарите, како што се мрмотите. Според Светска здравствена организација болеста може да убие возрасно лице за помалку од 24 часа, ако не се лекува навреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mongolija-potvrdeni-dva-sluchai-na-chuma/feed/ 0
Две лица починаа од смртоносна чума  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-pochinaa-od-smrtonosna-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-pochinaa-od-smrtonosna-chuma/#respond Sun, 05 May 2019 11:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=194356

Двајца руски туристи починаа во Монголија од многу заразна болест за која постои сомневање дека е бубонска чума. Медицински персонал во заштитни униформи влегол во авионот кој слетал во монголската престолнина Улан Батор за да спречи патниците од заразениот регион да влезат во градот. Единаесет патници се ставени во карантин во најблиската болница. -Прелиминарните тестови покажуваат дека бубонската чума најверојатно е причина за смртта на двете лица. Прогласивме карантин на неодредено време, соопштија монголските власти. Се претпоставува дека туристите, маж и жена, дошле од Сибир, а се заразиле кога јаделе месо од дивеч. Пред да починат биле во контакт со 158 луѓе. Сите тие се ставени во карантин. Мажот починал на 27 април, а неговата сопруга, која била бремена, три дена подоцна. Тие имаат четири деца. Најверојатен извор на инфекцијата се мрмотите. Овие глодари често носат една од најсмртоносните форми на чума, која се пренесува на луѓето преку убод од инсект или јадење заразено месо. -И покрај фактот дека е забрането да се јадат мрмоти, двајцата сопружници го јаделе тоа месо и сега се мртви, изјави др Цорбадрак, директор на Националниот центар за зоонотска дерматологија и медицина во Монголија. „Црната смрт“ во средниот век одзеде една третина од населението во Европа, но денес може да се третира со антибиотици. Без третман, сепак, оваа болест може да убие човек за 24 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-pochinaa-od-smrtonosna-chuma/feed/ 0
Нема „чума“ кај овците и козите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/#respond Wed, 04 Jul 2018 10:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=72881

Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Според него, се преземаат мерки превентивно за да се подигне свеста на повисоко ниво и откривањето на болеста, ако случајно се појави, да биде навремено. - Преземени се сите мерки, изречена е и забрана за увоз и транзит на овци, кози и нивни производи. Во Бугарија болеста е ставена под контрола, нови жаришта нема и опасноста е сведена на минимум, потенцира Атанасов по настанот со кој и официјално заврши проектот на АХВ за поефикасна контрола на безбедноста на храната и јакнење на институциите во оваа насока. Атанасов во обраќањето по овој повод рече дека изминатите 18 месеци, со италијанска помош, е изработена првата стратегија за благосостојба на животните, подобрен е системот за контрола на болестите со акцент на „синиот јазик“, инфективната анемија кај коњите и „чворестата кожа“, како и на болестите што се пренесуваат со вектори, „западнонилска треска“ и „лајшманиоза“. Направена е и ревизија на Акцискиот план за бруцелоза, а верификувани се и процедурите за биосигурносните мерки на свињарските фарми. Исто така се подготвени и планови за следење и надзор на паразитските болести. Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје нагласи дека особен напредок е постигнат во фитосанитарната политика но, како што рече, преостанува уште многу работа во делот на безбедноста на храната што мора да продолжи и по завршувањето на проектот. - Најголем е проблемот со координацијата меѓу државните институции. Ако тоа се подобри, тогаш секоја одлука за заштита ќе биде полесно и подобро менаџирана, односно полесно ќе се справите со евентуални нови жаришта или болести, порача Бертолини. Проектот вреден 751.473 евра се спроведуваше година и пол, а целта беше јакнење на пазарната економија и конкурентноста на македонските производи на европскиот пазар, како и гарантирање на заштитата на правата на потрошувачите преку обезбедување високи стандарди за безбедност на храната. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-chuma-kaj-ovcite-i-kozite-vo-makedonija/feed/ 0