чување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 08:56:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секојдневни работи што не се чуваат во автомобил https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekojdnevni-raboti-shto-ne-se-chuvaat-vo-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekojdnevni-raboti-shto-ne-se-chuvaat-vo-avtomobil/#respond Fri, 22 Sep 2023 08:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=880620

 За многу луѓе, автомобилот е втор дом, па го користат и како дополнителна „соба“ или попрецизно речено - еден вид складиште. Иако е паметно да се има предмети како продолжени кабли, дополнителна облека и чифт удобни чевли, во возилото не се чува сè. Следат шест работи што не треба да се чуваат во личното превозно средство. 1. Пластични шишиња со вода Иако треба да се пие повеќе вода, сепак не е паметно да се чува пластично шише со вода во автомобилот. Според истражувањата, кога пластиката е изложена на топлина, може донекаде да се распадне, предизвикувајќи истекување хемикалии во водата. А, и топлата вода не е ниту вкусна, ни полезна за употреба потоа. Наместо пакети со пластични шишиња, покорисно би било алуминиумско шише. И тоа направено да ги одржува течностите ладни. 2. Храна Според стручњаците, никогаш не треба да чувате храна во вашиот автомобил. - Дури и ако храната е во лимени или други кутии, сѐ се расипува ако седи во автомобилот подолго време. Кутии со храна од самопослуга треба да одат во шпајз или во друг дел од вашата куќа, објаснува Лесли Килгур, професионална организаторка на простор. Ако храната е наменски складирана во автомобилот, таа се чува во тврд сад, за да не дојдат штетници до неа. И, никако не е дозволено предолго чување на таквата храна. 3. Електроника Загревањето и електронските уреди се лоша комбинација. Автомобил паркиран на директна сончева топлина може да достигне 50 Целзиусови степени за еден час. Затоа, не се препорачува чување електроника во возило во мирување. А, пак, уредите оставени на видно место го прават автомобилот и можна цел на кражба. 4. Спрејови Има луѓе кои понекогаш си ја дотеруваат косата во автомобилот, па ги оставаат тие мали лимени шишиња внатре. Лош потег. Високите температури може да предизвикаат распрскување на такво шише со аеросол, што може да биде опасно за возачот и патниците во возилото. 5. Ќесе со производи и предмети за добротворни цели Карли Адамс, уште една организаторка на простор, вели дека сите оние непотребни нешта што сте ги намениле за дарување во добротворни цели - не треба да седат во возилото подолго време. - Наместо да зафаќаат простор во багажникот „засекогаш“, предлагам луѓето да ги стават ќесињата во својот автомобил тогаш кога ќе одат во прифатното место, вели Адамс. 6. Валкана облека за вежбање И тоа не е добар потег, велат познавачите, иако многумина, брзајќи дома, ја забораваат торбата за во вежбалница во автомобилот. Причината е едноставна - миризбата на искористени алишта и чорапи што неминовно го опфаќа цело возило. Исто така, доколку потта остане на облека подолго време, тоа предизвикува трајни дамки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekojdnevni-raboti-shto-ne-se-chuvaat-vo-avtomobil/feed/ 0
КАКО ПРАВИЛНО СЕ ЧУВА ЛЕБОТ? Скоро СИТЕ го ставаат на ОВИЕ МЕСТА, а токму таму ЌЕ МУВЛОСА ПОБРЗО ОКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-se-chuva-lebot-skoro-site-go-stavaat-na-ovie-mesta-a-tokmu-tamu-kje-muvlosa-pobrzo-okolku-shto-mislite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-se-chuva-lebot-skoro-site-go-stavaat-na-ovie-mesta-a-tokmu-tamu-kje-muvlosa-pobrzo-okolku-shto-mislite/#respond Wed, 23 Feb 2022 08:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=635211

Можеби мислите дека некои намирници лесно се одржуваат свежи во кујната, но треба да имате на ум дека и лебот е расиплива храна доколку не се чува правилно. Имено, постојат неколку места каде што никогаш не треба да го чувате лебот, а доколку ги избегнувате и правилно ја чувате оваа намирница, нема да има причина да фрлите уште еден мувлосан леб. Можеби најчестото место за чување леб е горниот дел од фрижидерот. Иако може да изгледа како одлично место за да го држите лебот подалеку од „ударни “места, тоа е идеално место каде лебот побрзо ќе се расипе. Причината за тоа е топлината што доаѓа од ладилните намотки на уредот, и создава топла и влажна средина во внатрешноста на кесата за леб, што доведува до брзо формирање на мувла. Сепак, фрижидерот не е единствениот уред што треба да го избегнувате кога станува збор за чување на оваа храна. Од слични причини исто така не е дозволено чување леб во близина на машината за миење садови. Не само што може да создаде топла средина, туку поради влагата што се ослободува од машината за миење садови, само ќе го забрза мувлосувањето. Дури и во близина на вашиот шпорет не е идеално место бидејќи пареата и топлината од готвењето лесно можат да влезат во лебот и да го забрзаат процесот на создавање мувла. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-pravilno-se-chuva-lebot-skoro-site-go-stavaat-na-ovie-mesta-a-tokmu-tamu-kje-muvlosa-pobrzo-okolku-shto-mislite/feed/ 0
Дурловски: Пред паметниците ветуваме и се заветуваме за чување на светото, на своето, за верноста кон татковината, платена со крв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-pred-pametnicite-vetuvame-i-se-zavetuvame-za-chuvanje-na-svetoto-na-svoeto-za-vernosta-kon-tatkovinata-platena-so-krv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-pred-pametnicite-vetuvame-i-se-zavetuvame-za-chuvanje-na-svetoto-na-svoeto-za-vernosta-kon-tatkovinata-platena-so-krv/#respond Sun, 05 Jul 2020 13:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=369304

Пред спомениците се поклонуваме, се сеќаваме и тагуваме...Пред паметниците ветуваме и се заветуваме за чување на светото, на своето, за верноста кон татковината, платена со крв... Почит и благодарност за Илинденците, за сите борци од НОБ, во чиј спомен, тука, во Ложани, го одбележуваме денешниов ден..., пишува на сцојата Фејсбук објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5 Игор Дурловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-pred-pametnicite-vetuvame-i-se-zavetuvame-za-chuvanje-na-svetoto-na-svoeto-za-vernosta-kon-tatkovinata-platena-so-krv/feed/ 0