чварки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 12:27:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png чварки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕ Е ЛАГА, СЕГА НАВИСТИНА ПОСТОИ: Направено првото чоколадо со чварки – направено е од шега, а еве каде може да се најде! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-laga-sega-navistina-postoi-napraveno-prvoto-chokolado-so-chvarki-napraveno-e-od-shega-a-eve-kade-moze-da-se-najde/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-laga-sega-navistina-postoi-napraveno-prvoto-chokolado-so-chvarki-napraveno-e-od-shega-a-eve-kade-moze-da-se-najde/#respond Wed, 27 Apr 2022 13:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=668687

Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, добро слушнавте, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена компанијата Краш, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ да воведат ваков тип. Имено, Краш денеска на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо Дорина во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки! Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, на шега, сега истакнаа дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“. - Побаравте, добивте! Дорина Чварак е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму - ограничено издание Дорина Чварак, напишаа во својата објава и додадоа: - Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат Дорина со чварки, испраќаме една копија на адресата. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте да го направиме ова реалност, напишаа тие на нивната страница. Количините на ова чоколадо се ограничени, па секој што сака да го проба може да го направи во сабота на 30.4. во Kraš Choco & Café на главниот плоштад во Загреб. Дали вие би го пробале ова чоколадо?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-laga-sega-navistina-postoi-napraveno-prvoto-chokolado-so-chvarki-napraveno-e-od-shega-a-eve-kade-moze-da-se-najde/feed/ 0
Чварките се подеднакво здрави како и чиа семето?! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chvarkite-se-podednakvo-zdravi-kako-i-chia-semeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chvarkite-se-podednakvo-zdravi-kako-i-chia-semeto/#respond Sun, 06 Dec 2020 09:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=439468

Во последниве години, чиа семето стана неизбежен дел од трпезата на секој што води сметка за својата исхрана и одговорно се однесува кон своето здравје. И, храната што е присутна во нашата кујна со децении, како крцкавите чварки, беа обвинети дека лошо влијаат на здравјето. Мораме да признаеме дека просечeн човек е прилично збунет од контрадикторните информации, теории, од различните режими и видови на исхрана. Кога ќе се повлече цртата, зеленчукот е составен дел на секој од препорачаните режими, и секој ден сме изненадени од некои нови информации што пристигнуваат како резултат на некое истражување. А ова ќе израдува многумина. Омилениот традиционален гурмански деликатес, чварките, се богати со протеини и масти и не содржат трошка јаглехидрати, поради што се добри за сите оние кои се на диета без јаглехидрати. Што е уште поинтересно, составот на крцкавите чварки е донекаде сличен на составот на моментално најпознатата здрава храна – чиа семето. Имено, овие семиња се богати со масти, влакна, протеини, есенцијални минерали и антиоксиданти. Сигурни сме дека секој доктор ќе застане на страната на чиа семето, поради високата калориска вредност и големиот процент на маснотии содржани во чварките, но сепак, новите студии покажаа дека чварките се неправедно обвинети дека лошо влијаат врз здравјето. Извор: Iportal]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chvarkite-se-podednakvo-zdravi-kako-i-chia-semeto/feed/ 0
Погачици со чварки https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pogachici-so-chvarki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pogachici-so-chvarki/#respond Thu, 17 Jan 2019 10:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=153278

Време е на чварки, па зошто не би ги направиле овие вкусни погачици со чварки и свинска маст …

Потребно е: 1 кг брашно 2 јајца 200 мл кисела павлака 400 мл млеко 1 свеж квасец сол шеќер 40-50 гр мелени чварки свинска маст по потреба (1-2 лажици)

Подготовка: – Сомелете ги чварките и додадете сол и бибер по вкус и 1 лажица свинска маст. Измешајте убаво. Смесата треба да биде кремаста, па потреба додадете уште малку маст.

– Во малку млако млеко измешајте го квасецот и додадете 1 лажиче шеќер, 1 лажиче брашно и малку измешајте. Ставете го на топло за да стаса квасецот.

– Кога ќе стаса квасецот додадете го во брашното. Замесете тесто и постепено додавајте го млекото, солта, јајцата и киселата павлака. Измесеното тесто оставете го да стои на топло додека не нарасне убаво.

– Стасаното тесто развлечете го на набрашнета работна површина во форма на правоаголник. Сега тестото премачкајте го со смесата од чварки и благо притиснете ги со раце.

– Сега преклопете го тестото како на сликата.

– Левата страна на тестото преклопете ја до средината, а десната страна преку левата.

– Горната страна преклопете ја до средината, а долната преку неа.

– Оставете го да стои на топло и потоа повторно размесете го и повторно преклопувајте (барем три пати, во зависност од времето кое го имате на располагање).

– На крај развлечете го тестото со дебелина од еден прст и со чаша вадете погачици. Ставете ги на топло уште малку да отстојат.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Можете да ги премачкате одозгора со разматено јајце.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pogachici-so-chvarki/feed/ 0