цибона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Apr 2023 17:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цибона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сесар нов селектор на хрватските кошаркари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sesar-nov-selektor-na-hrvatskite-kosharkari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sesar-nov-selektor-na-hrvatskite-kosharkari/#respond Thu, 13 Apr 2023 17:51:38 +0000 https://kurir.mk/?p=823810

Актуелниот тренер на загрепска Цибона, Јосип Сесар (45), е назначен денеска за нов селектор на хрватската машка кошаркарска репрезентација.

Во најтесниот круг кандидати за нов хрватски селектор беше и актуелниот предводник на белгиската репрезентација и Остенде, Дарио Ѓерѓа.

Новиот хрватски селектор, кој како играч има настапи со репрезентацијата на три европски првенства (1997, 1999, 2001), тренерската кариера ја почна во 2020 година.

Претходно оваа година Сесар со Цибона го освои првиот тренерски трофеј – Купот Крешимир Ќосиќ.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sesar-nov-selektor-na-hrvatskite-kosharkari/feed/ 0
МЗТ Скопје пропушти да ја победи Цибона во Загреб https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-propushti-da-ja-pobedi-cibona-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-propushti-da-ja-pobedi-cibona-vo-zagreb/#respond Fri, 30 Dec 2022 20:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=782622

Кошаркарите на МЗТ Скопје несреќно загубија на гостувањето кај Цибона во меч со едно продолжение, домаќините славеа со 87-85, ова беше првиот меч на Аеордомци под водство на Николиќ. МЗТ Скопје со плус осум ја почна последната четвртина, а во самиот финиш имаше плус пет 74-69. Но на 15 секунди до крајот Борна Капуста постигна тројка од десет метри и изедначи на 75-75. Македонскиот тим имаше напад за победа, но не го искористи, па се отиде во продолжение. Истиот играч на сличен начин го анулираше водството на МЗТ Скопје и во продолжението и најави победа на својот тим. МЗТ предводен од новиот тренер Драган Николиќ беше многу блиску до третиот триумф сезонава во АБА, но немаше среќа во клучните моменти. Мајк Кафи со 19 и Страхиња Миќовиќ со 17 поени беа најпрецизни кај „металците“. МЗТ Скопје во следното коло кое се игра следниот викенд му гостува на Партизан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-propushti-da-ja-pobedi-cibona-vo-zagreb/feed/ 0
Хрватскиот кошаркарски гигант Цибона ќе згасне? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hrvatskiot-kosharkarski-gigant-cibona-kje-zgasne/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hrvatskiot-kosharkarski-gigant-cibona-kje-zgasne/#respond Tue, 14 Jun 2022 20:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=690997

Поранешниот европски шампион повеќе нема да постои. Цибона минатиот викенд ја освои 20. титула во Хрватска, комплетирајќи ја двојната круна, а легендарниот клуб би можел да згасне. Клубот во моментов нема ниту директор, ниту претседател, единствено овластено лице е финансискиот директор Иван Матасиќ, човек кој тамошните медиуми го карактеризираа како „претставник на мистериозни инвеститори предодредени да го спасат загрепскиот гигант“. Кошаркарскиот великан го мачи огромен проблем, на 21 јуни ќе навршат точно два месеци откако е блокирана клупската сметка, по што најверојатно ќе биде покрената стечајна постапка. Проблем за Цибона е фактот што инвеститорите, кои ветија дека ќе го покријат долгот, не сакаат да го направат тоа додека клубот не го реши прашањето за салата. Салата „Дражен Петровиќ“ веќе подолго време е во сопственост на градот Загреб, а поради долгот што Цибона го има кон главниот град на Хрватска, оваа сезона не можеше ниту формално да аплицира за користење.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hrvatskiot-kosharkarski-gigant-cibona-kje-zgasne/feed/ 0