цигара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 07:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цигара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ахмети со цигара за ќеиф, Груби со порака да се запамети денот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-so-tsigara-za-keif-grubi-so-poraka-da-se-zapameti-denot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-so-tsigara-za-keif-grubi-so-poraka-da-se-zapameti-denot/#respond Wed, 05 Apr 2023 07:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=820391

Фотографија на која лидерот на ДУИ Али Ахмети е во релаксирана атмосфера со цигара во рака и преку виде оповик разговара со Артан Груби, синоќа објави првиот вицепремиер, откако вчера речиси цела Влада присуствуваше на почетокот на изградбата, на како што ја нарекоа, историската капитална инвестиција – изградба на Коридорот 8. Груби под фотографијата напиша: „Цигара за ќеиф вечерва, со чадот право нагоре. Запаметете го овој ден пријатели“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-so-tsigara-za-keif-grubi-so-poraka-da-se-zapameti-denot/feed/ 0
Го извадија од под рушевините со цигара во уста (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izvadija-od-pod-rushevinite-so-tsigara-vo-usta-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izvadija-od-pod-rushevinite-so-tsigara-vo-usta-video/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=797990

На целата трагедија малку и да се насмееме. После многу часови поминати под рушевините, овој возрасен човек го извлекоа – со запалена цигара.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izvadija-od-pod-rushevinite-so-tsigara-vo-usta-video/feed/ 0
ФОТО: Кинез истрча маратон за три ипол часа цело време пушејќи цигара https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kinez-istrcha-maraton-za-tri-ipol-chasa-celo-vreme-pushejkji-cigara/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kinez-istrcha-maraton-za-tri-ipol-chasa-celo-vreme-pushejkji-cigara/#respond Tue, 15 Nov 2022 11:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=760896

Добро е познато дека ефектите од пушењето врз белите дробови и остатокот од телото се многу негативни, но и покрај тоа, еден кинески маратонец го истрча маратонот во градот Гендо додека пушеше цигари. Тркачот, познат по прекарот чичко Чен, се појави на насловните страници на локалните весници, а набрзо фотографиите на кои пали цигари среде трката ги преплавија социјалните мрежи. Веибо Чен стекна голема популарност, а организаторите на трката го прославија неговото достигнување со врачување на сертификат за успешно завршување на трката. Чен заврши на 574-то место во генералниот пласман од речиси 1.500 натпреварувачи, со време од 3 часа, 28 минути и 45 секунди. Ова не е прв пат 50-годишниот тркач од Гуангжу да биде снимен како пуши за време на маратон. Фотографиите на кои трча со цигара во рака се појавија уште во 2018 година на маратонот во Гуангжу, кој го истрча за 3 часа и 36 минути, а една година подоцна во Ксиамен, кој Чен го заврши за 3 часа и 32 минути. Чен е и ултрамаратонец, а една од анегдотите поврзани со него, иако непроверени, е дека пуши само кога трча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kinez-istrcha-maraton-za-tri-ipol-chasa-celo-vreme-pushejkji-cigara/feed/ 0
Поради ова не смеете да палите цигара на бензинска (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/#respond Thu, 04 Aug 2022 15:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=714173

Пушењето е штетно и опасно по здравјето, посебно ако пушите на бензинска станица. Токму тоа при крај на минатиот месец го направил еден возач на бензинска станица во Чељабинск во Русија. Снимката од надзорните камери прикажува возач на "Dacia Logan" кој додека ставал бензин одлучил да запали цигара. Секако, кога ја запалил запалката, се запалила и бензинската пареа, а огнот брзо се проширил на автомобилот. Добра вест е дека резервоарот со гориво не експлодирал, а возачот бил доволно присебен да седне во возилото и да го однесе на безбедно. Веднаш потоа се вратил и со противпожарен апарат се обидел да го изгасне пожарот. Локалните медиуми известуваат дека возачот е во болница бидејќи заработил сериозни изгореници на ногата. Доволна поука за сите пушачи да не палат цигара во близина на запаливи материи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/feed/ 0
Стар руски рецепт: Послушајте го овој совет и ќе се откажете од цигарите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/star-ruski-recept-poslushajte-go-ovoj-sovet-i-kje-se-otkazete-od-cigarite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/star-ruski-recept-poslushajte-go-ovoj-sovet-i-kje-se-otkazete-od-cigarite/#respond Tue, 29 Mar 2022 19:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=655281

Ретки се пушачите кои барем десет пати во животот не си ветиле дека „од утре“ не пушат. Но ништо не помогнало, иако макотрпно се обидувале и користеле разни фармацевтски прпарати за лекување на една од најтешките болести на зависност – пушењето. Гастроентеролог од Русија ги советува пациентите за одвикнување од пушење да користат едноставен, но многу делотворен стар руски чај. Земете малку иситнети сушени ливчиња од тегавец, ставете ги во тегла и прелијте ги со половина литар зовриена вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои два часа. Во текот на денот треба да се испие целата тегла. Така треба секој ден да се подготвува и пие овој чај во период од три месеци. Обидете се и ќе бидете пријатно изненадени кога ќе ја изгубите желбата за да запалите цигара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/star-ruski-recept-poslushajte-go-ovoj-sovet-i-kje-se-otkazete-od-cigarite/feed/ 0
Што му прави една цигара на вашето тело? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-mu-pravi-edna-cigara-na-vasheto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-mu-pravi-edna-cigara-na-vasheto-telo/#respond Tue, 15 Feb 2022 15:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=631527

Секој пушач сонува што поскоро да се откаже од пушењето, но секој кој некогаш се обидел да се ослободи од оваа лоша навика сфатил дека тоа воопшто не е лесно. Информациите кои веќе неколку години стојат на кутиите цигари се чини дека се недоволни, па расте бројот на пушачи ширум светот, а загрижувачки е што оваа нездрава навика започнува сè порано. Некои се обидуваат да го намалат бројот на испушени цигари, за да заштедат пари, но и, како што веруваат, помалку да му наштетат на здравјето. Сепак, заблуда е дека здравјето ќе се подобри со намалување на бројот на испушени цигари. Навистина нема голема разлика дали пушите 10 цигари или кутија дневно, секако го оштетувате вашето здравје. Ризикот од астма се зголемува Пушењето може да биде поттикнувач за астма, дури и кај луѓе кои немаат генетска предиспозиција за оваа болест. Главниот симптом на оваа болест е грчење на мускулите кои ги обложуваат дишните патишта, таканаречен бронхоспазам. Така се јавува свиреж во градите при краток здив, а како чадот продолжува низ белите дробови, може да доведе и до други проблеми. Во едно истражување, запалена цигара била закачена за цилиндар наполнет со бел памук, а резултатите покажале дека по само една цигара, памукот почнал да ја менува бојата. По неколку цигари, памукот целосно ја изгубил белата боја, а по 300 цигари добил боја на рѓа и станал како гума од катранот. Срцето работи понапорно Пушењето ги нарушува процесите кои влијаат на разградувањето на телесните масти. Никотинот ја нарушува способноста на телото правилно да ги разградува липопротеините со мала густина (ЛДЛ), што овозможува штетниот холестерол непречено да поминува низ телото. Овие холестероли лесно може да се згуснат и да доведат до наслаги во крвните садови. Навистина, наслагите од лоши масти не можат да се формираат веднаш, и за нив е потребно време. Сепак, нивото на лош холестерол почнува да расте по првата цигара. Покрај тоа, пушењето ги уништува нивоата на корисни ензими и протеини кои ја поттикнуваат функцијата на добриот холестерол, чија улога во отстранувањето на лошиот холестерол е огромна. Ја стимулира киселината и го оштетува желудникот Никотинот ја намалува јачината на заштитната обвивка на желудникот, а една цигара е доволна да предизвика рефлукс на желудочната киселина. Пушењето ја зголемува можноста желудочната киселина да стигне до хранопроводникот, што доведува до болна иритација. Тоа се случува затоа што пушењето ја спречува работата на мембраната која го штити хранопроводникот од делувањето на киселината. Покрај тоа што желудникот е „зафатен“ со исфрлање на киселината, не може да ги апсорбира витамините Ц и Е и другите хранливи материи, тоа доведува до чувство на слабост. Не смирува туку вознемирува Иако многумина веруваат дека цигарите се одличен начин за намалување на стресот и сузбивање на нервозата, овој став е сосема погрешен. Вистина е дека никотинот брзо стигнува до мозокот и влијае на центарот за емоции, но овој ефект е многу краток. Кога неговото дејство ќе помине, настанува „состојба на повлекување“, што доведува до чувство на анксиозност. Секое вовлекување чад од цигара предизвикува изумирање на рецепторите за допамин во мозокот, кои влијаат на тоа како се чувствувате добро и задоволно. Предизвикува назални инфекции Синусите се обложени со ситни влакненца кои се наоѓаат и во белите дробови, а чија задача е да ја спречат заштитната слуз да стигне до белите дробови. Кога чадот од цигарите ќе стигне до носот, влакненцата се вкочануваат и слузта почнува да се таложи во синусите, многу повеќе од нормалното. Ова го зголемува ризикот од воспаление и инфекција, а затнатиот нос лесно може да предизвика главоболки. Се создава притисок во ушите Чадот од тутунот влегува и во ушите, спречувајќи ги природно да се чистат. Ова предизвикува акумулација на течност во средното уво, што може да предизвика болка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-mu-pravi-edna-cigara-na-vasheto-telo/feed/ 0
Пожар на Пулмологија откако пациент на кислородна поддршка запалил цигара, спречена експлозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/#respond Sun, 26 Dec 2021 20:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=613486

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. -Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија, информираат од Министерството. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/feed/ 0
Несогорливите производи од тутун и електронските цигари може да се користат во затворени простории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesogorlivite-proizvodi-od-tutun-i-elektronskite-cigari-moze-da-se-koristat-vo-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesogorlivite-proizvodi-od-tutun-i-elektronskite-cigari-moze-da-se-koristat-vo-zatvoreni-prostorii/#respond Wed, 22 Dec 2021 06:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=611438

Владата на вчерашната седница го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, соопшти Министерството за здравство. Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. -Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“, се наведува во соопштението од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesogorlivite-proizvodi-od-tutun-i-elektronskite-cigari-moze-da-se-koristat-vo-zatvoreni-prostorii/feed/ 0
Бројот пушачи ширум светот се намалува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/#respond Thu, 18 Nov 2021 11:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=596953

Бројот на пушачи ширум светот постојано се намалува, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари. Во 2020 година, околу 1,3 милијарди луѓе во светот конзумирале тутун, што е намалување во однос на оние 1,32 милијарди две години претходно, објави СЗО во новиот извештај. Се очекува тој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година, иако светската популација расте. Извештајот покажа дека во 2000 година, речиси една третина од светското население над 15 години користело тутунски производи, но се очекува дека до 2025. Тој број ќе изнесува една петтина. Посебно е намален бројот на корисници на тутун кај младите. Уделот на пушачите во популацијата на возраст од 15 до 24 години во 2000 година во светот беше 20,8 отсто (секој петти пуши), а сега е 14,2 отсто (секој седми). Иако бројките се намалуваат, во извештајот се посочува дека 36,7 отсто од сите мажи и 7,8 отсто од жените во светот сè уште користат тутунски производи, годинава. Уште позагрижувачки е фактот што 38 милиони тинејџери на возраст од 13 до 15 години пушат. Ова сочинува 10 насто од сите лица во таа возрасна група, при што момчињата пушат многу почесто од девојчињата. Се проценува дека пушењето убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, најмногу поради директна употреба на тутун, но и поради изложеност на пасивно пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brojot-pushachi-shirum-svetot-se-namaluva/feed/ 0
Истражување: Се зголемува бројот на пушачи во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/#respond Fri, 28 May 2021 10:48:58 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516030

Според најновата студија, во светот се регистрирани 1,1 милијарда пушачи, што е највисока бројка досега. Студија објавена во научното списание „Лансет“ покажа дека само во 2019 година осум милиони луѓе починале од пушење, како и дека се зголемува бројот на пушачи меѓу младите во светот, пишува Гардијан. Авторите на студијата сметаат дека владите треба да се фокусираат на намалување на пушењето кај младите, бидејќи 89 проценти од новите пушачи стануваат зависни од 25-годишна возраст. – Младите луѓе се особено подложни на зависност, а епидемијата на пушење ќе продолжи и во наредните години, освен ако земјите драстично не го намалат бројот на нови пушачи, изјави шефицата на истражувачкиот тим Мариса Реицма од Институтот за здравствена метрика и проценка. Според студијата спроведена во 204 земји, пушењето е поврзано со 1,7 милиони смртни случаи од коронарна болест, 1,6 милиони смртни случаи од хронично опструктивно белодробно воспаление, 1,3 милиони од рак на белите дробови и речиси милион смртни случаи од мозочен удар. Претходните истражувања покажаа дека половина од долгорочните пушачи ќе починат од причини директно поврзани со пушењето и дека просечниот животен век на пушачите е за 10 години пократок од оние кои никогаш не пушеле. Иако 182 земји ја потпишаа Конвенцијата за контрола на тутунот во 2005 година, спроведувањето на политиките за намалување на пушењето варира од земја до земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-zgolemuva-brojot-na-pushachi-vo-svetot/feed/ 0