цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 08:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/#respond Fri, 13 Oct 2023 08:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888406

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. -Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари. Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, информираат од Царина. Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава. Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/feed/ 0
ОД УТРЕ НЕ ПОСКАПУВААТ САМО ЦИГАРИТЕ: Нова поскапа цена и за витамините за трудниците и додатоците во исхраната за доенчињата и децата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ne-poskapuvaat-samo-tsigarite-nova-poskapa-tsena-i-za-vitaminite-za-trudnitsite-i-dodatotsite-vo-ishranata-za-doenchinata-i-detsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ne-poskapuvaat-samo-tsigarite-nova-poskapa-tsena-i-za-vitaminite-za-trudnitsite-i-dodatotsite-vo-ishranata-za-doenchinata-i-detsata/#respond Thu, 12 Oct 2023 08:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=887977

А со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година, објавува телевизија Телма. Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок. Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца. По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ne-poskapuvaat-samo-tsigarite-nova-poskapa-tsena-i-za-vitaminite-za-trudnitsite-i-dodatotsite-vo-ishranata-za-doenchinata-i-detsata/feed/ 0
Нема крај на поскапувањата: Од петок повисоки цени на цигарите, пурите и цигарилосите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-poskapuvanata-od-petok-povisoki-tseni-na-tsigarite-purite-i-tsigarilosite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-poskapuvanata-od-petok-povisoki-tseni-na-tsigarite-purite-i-tsigarilosite/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=887383

Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година. Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина. Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.” Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите и истата гласи: (1) Акцизата на пури од член 79 од овој закон изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена. (2) Акцизата на цигарилоси од член 79 од овој закон изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена. Со овој предлог според увозниците и продавачите на мало, се дестимулира работењето, на цена на досега не направените промени за увоз на пури и се стимулира шверцот на физичките лица, кои не престано носат тутунски производи од други држави кои имаат далеку помали давачки од нашите. Во разговор со дел од нив, ова претставува досега невидено оптоварување, и единствени се во изјавите дека со ова само дополнително ќе се стимулира црниот пазар, кој за жал не придонесува ништо добро за државата, која има обврска да ги штити увозниците од нелојалната конкуренција и шверц Исто така, она што е важно да се потенцира е дека досега оваа власт, а и ниту една претходно, никогаш при носење на законите, не го слушнала гласот на увозниците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат и одлуките се носат зад затворени врати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-poskapuvanata-od-petok-povisoki-tseni-na-tsigarite-purite-i-tsigarilosite/feed/ 0
ФОТО: Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и тутун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=877917

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија. При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/feed/ 0
Димот од цигарите е штетен за вашите домашни миленици: Вие пушите, а тие се гушат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dimot-od-tsigarite-e-shteten-za-vashite-domashni-milenitsi-vie-pushtite-a-tie-se-gushat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dimot-od-tsigarite-e-shteten-za-vashite-domashni-milenitsi-vie-pushtite-a-tie-se-gushat/#respond Wed, 26 Jul 2023 19:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=860392

Дали некогаш сте помислиле дека пушењето е штетно и за вашите миленици? Поради оваа лоша навика и тие се пасивни пушачи чие здравје трпи последици. Низа научни истражувања потврдија дека димот од цигарите негативно влијае на крвта и органите кај мачките и го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви болести и проблеми со белите дробови. Американската агенција за храна и лекови објави детален прирачник за сопствениците на миленици заснован на последните истражувања. „Исто како и децата, мачките и кучињата најголемиот дел од времето го поминуваат на подот каде се концетрира остатокот од димот, а потоа лесно стигнува на крзното. Тогаш милениците ги вдишуваат штетните материи или ги внесуваат во организмот кога го лижат своето крзно“ - се наведува во истражувањето. Според ветеринарите, кога сопствениците дознаваат дека им го нарушуваат здравјето на своите миленици, најчесто одлучуваат да се откажат од цигарите. Со оваа одлука си помагаат себеси, но и на милениците. За почеток, ветеринарите советуваат да престанете да пушите внатре во домот и да избегнувате да ги галите своите миленици без да ги измиете рацете откако ќе ја изгаснете цигарата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dimot-od-tsigarite-e-shteten-za-vashite-domashni-milenitsi-vie-pushtite-a-tie-se-gushat/feed/ 0
Германија планира да воведе забрана за пушење во автомобили со деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-vovede-zabrana-za-pushene-vo-avtomobili-so-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-vovede-zabrana-za-pushene-vo-avtomobili-so-detsa/#respond Fri, 07 Jul 2023 09:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=853962

Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство. Забраната, за која федералните провинции долго време се залагаат, е утврдена во нацрт-законот за измена на Законот за заштита на непушачите. Предлог-законот, доставен до министерот за здравство Карл Лаутербах, сè уште треба да се договори со другите министерства пред да биде претставен во Парламентот. Со него се предвидува забраната за пушење, која веќе е воведена во јавниот превоз, да се применува и „во затворени возила во присуство на малолетници или бремени жени“. Во 2019 година, некои германски покраини веќе презедоа слични мерки, со казни до 3.000 евра во случај на прекршување. Лаутербах сака да ги прошири сегашните забрани за пушење и да ги вклучи е-цигарите и производите од канабис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-planira-da-vovede-zabrana-za-pushene-vo-avtomobili-so-detsa/feed/ 0
Приведен гевгеличанец, се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gevgelichanets-se-obidel-nelegalno-da-vnese-pogolema-kolichina-tsigari-bez-dokumentatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gevgelichanets-se-obidel-nelegalno-da-vnese-pogolema-kolichina-tsigari-bez-dokumentatsija/#respond Tue, 23 May 2023 16:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=837996

Денеска (23.05.2023) на Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило "опел вектра" со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300.000 денари. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gevgelichanets-se-obidel-nelegalno-da-vnese-pogolema-kolichina-tsigari-bez-dokumentatsija/feed/ 0
Во Тетово запленета голема количина тутун и цигари без акцизни маркички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/#respond Fri, 05 May 2023 13:00:02 +0000 https://kurir.mk/?p=830966

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски цигари. - Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на акциза во износ од 600 илјади денари, се наведува во соопштението од Царинската управа. Оттаму посочуваат дека во заедничката акција, спроведена со цел откривање на производи без платена акциза, при контрола на неколку локации во Тетово, кај две правни и девет физички лица беа пронајдени сецкан тутун за пушење, тутун за наргиле, цигари и електронски цигари без акцизни маркички. -Стоката е привремено одземена, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/feed/ 0
Приведен струмичанец, украл 663 кутии цигари од маркет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-strumichanets-ukral-663-kutii-tsigari-od-market/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-strumichanets-ukral-663-kutii-tsigari-od-market/#respond Sat, 22 Apr 2023 14:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=826444

Полициски службеници од СВР Струмица денеска го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица. При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот. Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-strumichanets-ukral-663-kutii-tsigari-od-market/feed/ 0
ЦИГАРИТЕ ПОСКАПЕА ЗА ЦЕЛИ 10 ДЕНАРИ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsigarite-poskapea-za-tseli-10-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsigarite-poskapea-za-tseli-10-denari/#respond Fri, 24 Mar 2023 12:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=815977

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза, пишува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе. Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока, пишува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично. Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак. Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsigarite-poskapea-za-tseli-10-denari/feed/ 0