ЦИК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 09:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЦИК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦИК на Косово: Состојбата е мирна, сите гласачки места за изборите во четирите општини на северот се отворени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-kosovo-sostojbata-e-mirna-site-glasachki-mesta-za-izborite-vo-chetirite-opshtini-na-severot-se-otvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-kosovo-sostojbata-e-mirna-site-glasachki-mesta-za-izborite-vo-chetirite-opshtini-na-severot-se-otvoreni/#respond Sun, 23 Apr 2023 09:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=826580

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска соопшти дека сите планирани гласачки центри за изборите за градоначалници на општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и за советници во општинските собранија во Лепосавиќ и Звечан. ЦИК на првата прес-конференција соопшти дека моменталната состојба е мирна и дека се се одвива според планот, додека мал број граѓани, особено во подрачјата населени со Албанци, изутрината излегоа да го остварат своето избирачко право. Гласањето се одвива во шест постојани избирачки центри и 13 алтернативни во контејнери. Косовската полиција исто така е блиску до овие центри, особено до алтернативните и внимателно ја следи ситуацијата. Според податоците на ЦИК, на изборите за градоначалници на општините на северот на Косово право на глас имаат 45.095 гласачи, а во општините Лепосавиќ и Звечан каде се гласа за советници право на глас имаат 20.314 гласачи. Изборите ги следат 357 набљудувачи, од кои претставници на 31 организација, кои ќе ги следат и процедурите по затворањето на избирачките места. Акредитираните набљудувачи претставуваат политички субјекти, медиуми, невладини организации и странски претставништва лоцирани во Косово. Има 75 набљудувачи од политички субјекти, 109 од невладини организации, а двајца набљудувачи ги претставуваат амбасадите. За следење на изборите беа акредитирани и 170 претставници на домашни и меѓународни медиуми. Избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-kosovo-sostojbata-e-mirna-site-glasachki-mesta-za-izborite-vo-chetirite-opshtini-na-severot-se-otvoreni/feed/ 0
ЦИК на Албанија распредели средства за политичките партии за 2023 година, Бериша остана со празни раце https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/#respond Wed, 12 Apr 2023 12:51:43 +0000 https://kurir.mk/?p=823232

Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели средства на партиите за 2023 година, врз основа на бројот на пратеници во Собранието по изборите во 2021 година. Социјалистичката партија е политичката сила која добива најголем фонд, односно 151.494.783 лека. Потоа следува Демократската партија со фонд од 106.661.181 лека, додека третото место го зазема Партијата на правдата, интеграцијата и единството со 9.753.567. Партијата на слободата, поранешно Движење за Социјалистичка интеграција, за партиски активности за годинава добива 15.577.215 лека. Сали Бериша не добива средства иако има неколку пратеници во својата група. Поради длабоката поделеност меѓу демократите во овој случај парите одат на сметката, со која, како и печатот и логото ги користат приврзаниците на Енкелеј Алибеај, кого судот го призна за лидер на партијата. Од друга страна на Сали Бериша и приврзаниците иако во групата има и дел од пратениците, останува без средства. Ним им останува партискиот објект во кого насилно влегоа и го запоседнаа. Во петок ќе биде распределен уште еден буџет од 100 милиони лека, конкретно за изборната кампања за мајските локални избори. И од овој фонд Бериша нема да добие дел, бидејќи не е регистриран за изборите а неговите кандидати настапуваат под логото на Партијата на слободата во изборната коалиција „Заедно победуваме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/feed/ 0
ЦИК: Излезноста до 15 часот на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-izleznosta-do-15-chasot-na-izborite-vo-bugarija-iznesuva-27-27-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-izleznosta-do-15-chasot-na-izborite-vo-bugarija-iznesuva-27-27-otsto/#respond Sun, 02 Apr 2023 14:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=819124

Заклучно со 15 часот излезноста на гласачите на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто, а најмал одзив на гласачите има во Сливен - 21,99 отсто, додека највисок е Софија - 34,59 отсто, изјави на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева.

БТА потсетува дека до 11 часот излезноста на гласачите во Бугарија беше 8,97 отсто.

За споредба со претходните парламентарни избори од 2 октомври 2022 година, излезноста во 15 часот беше 25,58 отсто.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-izleznosta-do-15-chasot-na-izborite-vo-bugarija-iznesuva-27-27-otsto/feed/ 0
Вучиќ повторно бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/#respond Sun, 03 Nov 2019 12:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=259545

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер не се занимавале со толку важно прашање. Вучиќ на својот Твитер профил, потсети дека се поминати три недели од случајот со „труењето“ на членовите на ЦИК на Косово и повтори дека додека бил жив, нема да се откаже од трагањето за одговорот на ова важно прашање. -Поминаа повеќе од три недели откако Албанците тврдеа дека имало масовно труење на етничка основа во ЦИК во Приштина. Те молам, драга Мајо, конечно да ни кажете дали станува збор за антракс, новичок или за средство за чистење на мебел. П.С. Додека сум жив, нема да се откажам од потрагата за одговорот на ова важно прашање. Жал ми е што оваа важна работа, во која, наводно, учествувале Срби, очигледно не се разгледува ниту од ЕУ, ниту од Метју Палмер. Јас ќе се занимавам со ова. Однапред благодарен, напиша Вучиќ. Тој пред неколку дена испрати писмо до Маја Коцијанчич, во кое инсистира на тоа ЕУ да одговори по повод случајот за наводното труење на членовите на косовската ЦИК од албанска етничка припадност. Коцијанчич одговори дека резултатите од истрагата се чекаат и дека мисијата за набудување на изборите на ЕУ во Косово внимателно го следи случајот. Инаку денеска од Кабинетот на срспкиот претседател најавија дека тој утре ќе има средба со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/feed/ 0